Многу мразам извртени мислења на форумот. Мислења каде што не се разбира што сака да се каже. Абе дај таму кратко и реално.
Не ги разбирам оние луѓе што сами си се канат на гости за саат време. Прво, дали таму кај шо ќојш се слободни? Второ, дали сакаат? Трето, некој треба да пазари ако немаат дома ништо за гости. Па сестра ми, им се чуди како да ги одбие? Па со мало дете е бе алоо. Одите во време на пандемија второ. Трето кај ви е мозокот што сакате да го земете в раце бебето? Општо, не сакам самопоканети гости, не дај Боже ненајавени.
Сакам да кажам дека дур си читкам на интернет и си пишам нов текст, во еден документ најдов информација дека во Америка, 1/3 од луѓето, 1/3, веруваат дека глобалното затоплување е лага. Чичко Гугл вели дека моменталната популација на Америка е 330,959,930. Зато ќе изумриме. Се намовнав ко прочитав.
Едно нешто што повеќе ме чуди од фактот дека се прават прелоши филмови како 365 дена е фактот што луѓе ги гледаат и се воодушевени.
Две години се туфкав дали да купам вештачки трепки, и дента коа поебав 5 евра за нив, не можев никако да ги залепам. И нели наравно, ги остив на маса, и веднаш си отворив да си јадам баничка ( да не речам три банички) со спанаќ на масата, и трепките ми се залепиле за ќесето, и си ги фрлив у ѓубре. И после нели наравно си го фрлив и ѓубрето, и после два дена укапирав шо напраив. Ај барем успеав до дома да ги донесам.
Сакам да кажам дека сум вознемирена; а највеќе се вознемирувам од луѓе што за се велат "да, да... и така е"!
Редно е да се помирам дека никогаш нема да имам среќа кога станува збор за кожа. Ќе немаш бубуличка, ќе имаш огромен јачмен под око.
Ми се превртуваат црева од примитивни машки. Си бев на планинарење на Водно денес демек за да прекинам да се осеќам срање (не функционираше), втор пат годинава носејќи нешто тесно, хеланки за вежбање доле и широка маица горе. На проаѓање на автобуска откако проаѓам слушам крици и коментари од сељачана собрана. Ми се згади буквално и ми идеше нокт у очи да им збрцам али ок продужив. На Водно кога искочив на асфалтираната патека ја соблеков маицата да ми се исуши пошто секако под неа имав спортски градник и не предвидев дека толку ќе се испотам. Седнав да се исушам малце и бам наидува група машки пак, и по некоја случајност беа преуморни па мораа да седнат до мене. Пак зјапање у мене. Се осетив и уште се осеќам гнасно ради тоа. Мислам дека ова е проблем и не знам решение. Еве стварно не ми текнува. Да се воведат казни? Едукација од мали нозе? Да се учат родителите во задолжителни школо за родителство како да си ги воспитуваат децата? Не знам али знам дека не сум единствена што се осеќа одвратно и загрозено во ситуацииве. И после еј зашо не носиш ништо освен широки алишта преку кои не се гледа трага од твоето тело. Епа зашо де.