Значи колку сум Анти социјално човече тоа чудо едно, многу се мразам. Не ми се излегува од дома, ме нервира да идам на кафе со другарки што трачарат цело време, ме бараат ми пишуваат ги одбивам, не ми се излегува они се лутат. Не ми се збори со никој не ми се шета со никој, освен со љубениот. Секогаш сум била ваква, значи да за имам желба да излезам со некоја другарка треба 99% да и верувам и да знае за сите мои проблеми а не да глумам како животот ми е совршен. Има ли некој друг шо е ваков?
Ако ти е убаво нема зошто да се мразиш. Јас сум таква дури може и бетер , имам една најдобра другарка и дечко ми со други одбивам да искачам и никогаш не ми ни било интересно,се нервирам порано што се измачував на сила да искачам си викам зошто побогу сум си се тормозела себе си , сега нека се лути кој сака не прифаќам ни на кафе трачарења ниту пак досадни собиранки. Нека не ти е гајле дали ти се налутил е или не прави си како ти одговара .
Од патетични луѓе денес ќе изберам јавно да ги хејтам овие шо сами си купуваат поклони и после јавно експонираат демек им ги купил некој. З-а-г-р-е-о-т-а. Сеа коа го напишав ова ми текна на едно девојче шо го знаев пред некоја година и искочивме, и коа ѝ се јави една другарка лажеше дека е искочена на дејт со некојси Антонио, а не со мене. Загреота х 2. И овие шо имаат потреба да носат марки само за да се осеќаат на повисоко ниво од другите, коа уствари немаат грам осет, мозок, око за естетитка и се само еден бесплатен билборд за срање фешн марката шо ја носат. И тоа наочарите за сонце им се ко некои шлемови шо работници би ги користеле за заварување. Море мрш.
Лето, летни вечери, толку многу ги сакам, не ни можам да додржам цел божји ден 23 часот, баш кога се стемнува кај нас... не се дочекува да седнеш на тераса, така се е тивко и убаво, свежо, тук там ќе слушнам по некој крик од некое врапче, иако насабајле се најгласни и најубави на свет. Толку многу сакам приквечерината да ги седам сама, тотално сама со себе си да се пресметам до каде сум, ми годат исто така и слушалките на уши што многу ретко можам да си ги дозволам да ги ставам. Па од еднаш мечтаам.... мечтаам за животот. Толку многу знае да ме врати во енергија една песна, некој звук, мала прошетка на свежо и зелено, едно испиено еспресо или погледот, допирот на маж ми, детето.... Кога сакам, имам воља да се поткренам не ми требат брда и планини ми треба само еден мал гест, една мала прегратка и светење на очи.
Досега многу подобро сум поминувала со на прв поглед, аргантни и дигнати, ама кога ми притребала услуга, без приговор први истрчале, отколку со ''први'' пријателки, што секогаш ми рекле ако затреба нешто тука сме, ама кога затребале само грбот сум им го видела.
Саботна традиција со маж ми, корона пиво, тераса, добра тивка музика, по некој фстак и муабет, муабет со стари спомени пред 10 години Се додека не му се пеиклучив а ме тераше не знаев колку е убаво чуството, од после тешката дремка ми се чини најубава ми е со скромен алхохол у мене. Ќе пробам пак во сабота.
Денес искочив да си купам нешто после (отприлика) месец дена седење дома откако букна пак вирусов и што да видам. Од најмало до најстаро излезени надвор, маски непознат поим, за групирање мислиш забрането е 2ца да се групираат па мора минимум 5. Не можев да се разминам, да се разминам, со луѓе во парк, никогаш во животов немам видено ваква гужва. И така, пак ми се потврди тоа дека џабе се скапав дома 4 месеци кога сите надвор уживаат во животот. Со лесно нека ни е.
Единствената позитивна работа од политичкиве кампањи ми се видеата од Вмро. Не можам да престанам да се смеам Креативност на нивоУ.
Упм бре. У п м. Ќе вложиш миљарда напори и ќе испиеш 4 апчиња да заспиеш само за два саата покасно да се разбудиш од вриштењето на улични мачки. Морав шише да фрлам од прозор у двор да се разбегаат. И не ми се дешава прв пат срањево, неколку пати се имам разбудено точно у толку саат. Па ајде гуглање, па ми искачаат вакви глупости: Море каков spiritual awakening мрш таму бре сакам само да се наспијам како нормален чоек!!!
Сакам да прашам*, што правите кога некој ви спомнува нешто кое стварно ве тера да размислите но не се доискажува као не е ништо битно, и тоа ве одржува будни и после неколку часа? Не можам да правам ништо буквално само на тоа мислам..
Кој рече дека Холандија е студена и дождлива и никаква... 28° надвор, 28° внатре...среќа пред 2 години купивме клима, јер не е баш така ладно... Првото лето се сеќавам, еден ден 15° во јули, имав само летна облека, си купував тренерка сред јули оти мрзнев ,сега на 15 сум без јакна увек. А дачерки на 15 со летни фустанчиња се
Во време на изборна кампања: Само обеќаше и обеќаше и пак на крајот ништо, ја го два мандати поминаа...
Тогашшшшш, по неколку дена мртва сериозна, ке побарам разговор отворен. Скроз озбилно. Мада зависи од другата особа. Тоа баш звучи пасивно- агресивно што го направила...ме живцира и мене така.. ама ќе " огуглаш" со време и нема да те боли патка..
Јас се водам според тоа не спомнувај ако не планираш да кажеш. Едно од нештата кои најмногу ги мразам..помина
Се газам од смеа ахахха. Не знам дали ви е гледана новата сезона од „Луд збунет нормален" Чомбе Фуфе и Изет во една просторија и Изет му вика на Чомбе ти си попаметен од Фуфе и сега ќе ти го докажам тоа. Изет: Фуфе ајде оди види дали сум на улицата. Фуфе: веднаш чичко Изет. Фуфе се враќа после неколку минути: Видов не си тамо. Чомбе: Леле колку си глуп па можеше само да погледнеш преку прозор.