Убаво е кога имаш некој што ќе те сослуша и советува кога најмногу ти треба ... таквите луѓе секогаш треба да се ценат
Баш би сакала да имам некој покрај себе кој секогаш ќе знае да ги избери вистинските зборови во вистинскиот момент, што ќе каже нешто паметно и ќе ме поправи кога грешам, како да ме посоветува и да ми даде насока ако скршнам од патот. Ми фали таква личност во животот.. сакам некому да се испразнам, да ме сослуша и разбере, да ми помогне а без притоа да ме осудува. Сакам... ама нема.. Зарем многу барам?
Ако нешто во животов најмногу ме исполнува и радува, тоа е патувањето. Не зборувам за патувања кон некои далечни дестинации за кои треба организирање и планирање и пари и време слободно, мислам...не дека таквите не ги сакам. Туку ме радува и обично викендче во било кој град во Македонија, во било каков смештај, кафе во кафич во кој можеби никогаш повторно нема да влезам, чуден и интересен дијалект, нечив плоштад и шеталиште, дискотека или клуб кај што речиси секој со секој се знае и само се поздравуваат. Тоа ме радува. Два или три дена во еден месец можат да внесат многу свежина. Ги обожавам викендите надвор од Скопје.
Буби мој човек си ти.исто и јас повеке сакам да сум надвор од Скопје,било каде во Мк,а знаеш ли зашто? Затоа што луѓето се некако посмирени,покомуникативни,поопуштени се и повесели,еве да ти кажам кога бев во Штип толку убаво се чувствував несакав да си одам,исто така и во Велес,а за дијалектите да не ти зборам ги обожавам,еве чекам да се запролети и ке си правам турнеја низ Мк.
Кога некој ти дојде на гости и ти го донесе љубимецот,очекувам во најмала рака да се грижи за него.Остави што нивното куче ми ја вознемири мачката туку и го запечати тепихот на неколку места.Па луѓе божји не сум должна да ги чистам фекалиите,да рибам и дезинфицирам,а тие да ме гледаат во стил,па ете се случува не е страшно.Е страшно е особено што мачката никогаш не направила таков проблем и не сакам да знам воопшто како изгледа тоа. И темпирањето за посета на мајката во време кога доаѓа пензијата,е многу провидно.И секако одземањето на истата,со оправдување дека им треба подарок.И што треба сега јас,цел месец да и мислам што ќе јаде мајка ти,од наши пари да и ја платам струјата и ако затреба не дај боже на лекар јас да водам ред. Од вакви работи ми доаѓа да си ја удрам главата од ѕид.Па мајка ти зема пензија од 6000 денари,и онака секој месец ја доплаќаме. Можеби требаше постов да го ставам во тема за свекрви и золви.Ама многу ме погодува неосетливоста на луѓето.
Уште еден од оние денови, кога стануваш рано а не знаеш зошто стануваш, кога брзаш а не знаеш за каде, кога одиш а чекорите се враќаат назад. Едноставно како се да правиш без цел. Потребна ми е регенерација, не само на косата туку на цело тело и душа. А нешто ме болат рамењата, ме пржат очите..није ми добро Сакам промени, сакам далечни земји, егзотични предели далеку од градскиот асфалт и гужви, да одморам како што треба. Сакам зима ама сега во моментов посакувам лето и песочни плажи. Имајте убав ден и носете плави лагуни во мислите.
Аман бре модератори и администратори, како и да се викате, ставете малце контрола на тоа што се влегува на форумов, па стварно нема смисла веќе. Отвараш Фемина и имаш тема Секс со Лукијан Иванович, ма дај те молам. Изгубивме куп фантастични феминки, што имаа бре мислења парекселанс, од кои можеш нешто да научиш, само заради нередот на форумов. Извинете, ама јас ако не си ја сработам работата на работа ќе ме сќинат сместа, овде вие се понашате како форумов да ви е нужно зло. Не знам стварно што да речам. Ми се гади веќе од такви ликови и мислења. Да не зборам за тролови по темине Семејство, една иста не работи веќе две години, се појавува праи драма и кида, ама никој не може да ја осети. Јас не се разбирам многу многу во техника, ама сигурно може да се провери дали некој упорно креира проили од еден исти ИП, а сигурно таква штеточина која е на светов само за да иритира не е до толку паметен па од сто компјутери да се става само за да не нервира нас овде. Мислам што правиме, го губиме форумов, порано сум посочувала другарки да се приклучат да видат некој совет, да најдам решение, сега срам ми е бре да им кажам еве ви на Фемина можете да побарате, што ќе видат, едно до друго мислење напишани прво на дијалект, потоа без ниедна точка и запирка, големата буква е замислена именка... Јас сум на форумов 2ипол години, за овие 2ипол години многу ретко сум пишувала на латиница, во последно време откако се вклучувам од телефон пишувам на латиница и тоа ептен ако ми е нешто итно, и се јадам себеси ако направам некоја утка или поради тоа што мислењето ми е на латиница, а овде секоја втора си пишува на латиница, па тоа несредени мислења... порано бре опоменувавте за тоа, и за мислење под мислење напишано, сега не сум видела со месеци опомената феминка дека пишува на латиница. Ме иритира бре, ме иритира и точка.
Сакаш да влезеш во мојот живот? -Вратата ти е отворена. Сакаш да излезеш од мојот живот?- Вратата ти е отворена. Имам само едно барање...не стој на прагот... го кочиш собраќајот
Точно, особено болдираното. Што да речеме за останатите феминки кога несредени мислења сретнувам и кај модератор, без врска запирки ставано, на дијалект пишувано, без никаква смисла. Не зборувам дека сите треба да бидеме писатели ама треба да се има некој осет во пишувањето. Мислам дека повеќе време се поминува на чет отколку во модерирање. Можеби некој ќе се пронајде тука и се надевам дека ќе почне да го средува форумот а не само да брише без врска, бидејќи нечии искрени мислења не се проблем на форумот туку тоа што нема никаква организација и ред. Исто и јас имам сретнато мислења од исти член/ка едно под друго, офтопици, намерно тролање во стилот-можам ли да затруднам преку фармерки итн...а уште не средени. Стојат теми со месеци, теми без врска отворени, и кога некој ќе се пошегува на сметка на тој што ја отворил, дури тогаш им текнува да ја бришат темата или да ја пикнат во канта. Форумов губи од квалитет ама па и што ми е гајле всушност, има кој да мисли за тоа, нели?
Мразам кога некоја ќе каже „нема машки“. Машки има, кажи дека од дома не си излегла цел живот не дека нема машки. Љубовта треба да излезеш и да ја пронајдеш, а не да чекаш дома да дојде на врата да ти тропни. (или тоа за среќата беше) Имам многу такви другарки што од дома ептен ретко да излезат, а сакаат дечко, сакаат да бидат сакани. Добро, фејсбук е крив за тоа. Ама преку фејсбук нема да најдеш машко со добри манири. Излези, седни на кафе, оди вечер во некоја дискотека па ќе видеш колку ќе запознаеш. Еве пример јас на ден се заљубувам и одљубувам по десет пати, минимум. Туку многу го завлеков постот, само сакав да кажам дека се здебелив едно кило.
Нема поубаво чуство кога стара бабичка или дедо искрено ќе те благословат Ти само ќе им помогнеш околу придржување на кесата или ќе им помогнеш да поминат по скали а они : Господ среќа да ти дава, жива и здрава да бидеш, да си најдеш некое убаво момче Е баш од таков момент ми се исполни денот,кога ќе слушнам некој така кога ќе ми каже колку задоволно си се смешкам од убавина од среќа Имајте и вие убав ден ... помагајте на секој колку што можете ,ќе се чуствувате многу по убаво верувајте
Интересни ми се луѓето кои си го искажуваат ставот дека мразат материјалисти, а на нив самите секој втор збор им се пари, мотори,коли, таблети, колку им е скап најновиот парфем и слично. Епа сега, кАкодавИкажам, парите не постојат само за вас бре.
Денес сонце,топло,многу убав ден а јас цел ден треба во школо да го преседам -.- Имајте вие убав ден и искористете го максимално! Ве гушкам! <3
Добар ден драги мои женски, денот ми почна рано сабајле со испит, и нова десетка на моето индексно конто. Надвор сонце, ведри и насмеани лица и јас со цвикерите прва па ми се може бе.. колку само го сакам времево кога е вакво сончево топло, си дојдов дома сварив кафенце отворив прозорецот и уживам во прекрасниот ден Ги израдував моите, мајка ми по телефон ми се дереше од среќа,ах душичка моја си е она. На вас ви праќам виртуелна гушка и имајте прекрасен ден исполнет со среќа, насмевки и љубов
Ах, до кога со тие задкулисни игри на работното место... Одглуми жртва пред другите, како ти (и САМО ти си работела за викенд), намести ги другите како они ништо не работеле, како ти си заслужна за се' и како другите само ти ја отежнувале работата и фали се со туѓите заслуги, кокошко една Се' се враќа, се' се плаќа
„Сите сме по малку чудни. И животот е по малку чуден. И кога ќе пронајдеме некој кој е чуден но, сепак компатибилен со нас, нашите сили се здружуваат во едно... и тоа е љубов, чудна, но искрена“. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=EOVJK3m1yZM
Го видов.Срцето како со мелем ми е замажено(но не заздравено...),ми се исполни душичкава.Го видов...со затворени очи ама го видов.Стоеше пред мене со неговите зелено-сини очи и ме гледаше.Мафтајќи ми со раката,и смеејќи се.Го гледав право в очи,и неможев да му се изначудам.И камо во тој момент да можев да исконтролирам нешто.Камо да можев да си направам да му кажам нешто,т.е. не нешто,всушност се.Но камо...Ке чекам ова да се случи во реалноста.Не само во длабоките тајни сништа.И тогаш навистина ке морам се да му кажам.Верувам дека господ ке ме охрабри.А можеби и тоа е сон само овојпат на будно.Ама ајде убаво е да се верува.Верувањето и Надежда всушност се тие кои не одржуваат во животот.Верувам и се надевам.