СДК денес повторно станав тетка . Си добив уште една внукичка . Нека биде жива и здрава и голема да порасне . Повелете , послужете се .
Ситуација... Возам јас 42-годишна уморна жена,со запаление на мускулите,потоната во пот што од топлово што од валунзиве,и оп пред мене млад полицаец 30-на год.Да застанам или не,прашање е сега.Ај нека биди што ќе биде,добар ден,секако јас возвраќам ,госпоѓо дали знаете дека улицава е едносмерна?Како едносмерна велам кога до минатата недела беше двосмерна (знам зашто навистина добро се сеќавам дека едвај се разминувавме).Е има и знак,од четвртокот е едносмерна .Патем не е важно што знакот е покриен со крошната од дрвото.Е сега ме обли и студена пот,си реков ај веќе не седнувам да возам.Полицајчево ме гледа како жално трепкам...и ме пушти со опомена и ветување да не ми се случи ова пак. Ветувам како не,се ќе ветам само ти не пишувај казна.... И мора да почнам да читам локални вести за тоа која улица е едносмерна која двосмерна. Капак маж ми дома се витка од смеење и ми вика што си му ветила ти на него па те пуштил. Трепкањето некогаш е поисплатливо од 1000 зборови.
Мислам дека сум единствената која и во лето кога е најжешко се бања со исто толку жешка вода. Уникат .
Добро бе, до кога ќе напнуваат со оние „лајк и во инбох“ статуси? Ништо трагично да објавуваше некој до 14/15 години, али ова 18 години такви статуси. Финтата е симпатијата да ти лајке па да му признаеш дека го свиѓаш, инаку на друг начин не може.
ми треба среќа за утре. и тоа многу.ах само да помине утрешниот ден најдобро па да си одам кај моите и да си ги гушнам.
Пред 7 години на овој свет дојде прекрасно суштество, кое oд тогаш го нарекувам СЕСТРА. Среќен роденден ангелче мое.
Господ Бог на овој прекрасен и голем ден којшто веќе измина ми даде помош, стимул и насока, кои не верував (се`уште не сум целосно уверена) дека сум достојна да ги добијам. Моето прашање го насочи кон вистинскиот човек и го добив најисправниот одговор и постапив најисправно што можев во дадената ситуација. Си го повлекувам зборот за искреноста од претходниот мој СДК- пост. Некогаш не можеме веднаш да видиме колку всушност се исплати.
Нека помине побрзо времево... Иако од страна животот ми изгледа како хаос, јас мислам дека се е во ред. Имајте убав ден исполнет со насмевки
Конечно добив конкретен одговор на прашање што го поставував 2 години Сега само да бидам стрплива Убаво викаат старите Господ е голем
СДК Комшијава (стар ерген ) решил да си купи компјутер...И ме прашуваше некои основни работи.Најсмешен ми беша за Скајпот,ми вика јас раговарав со чичко ми од Австралија и наеднаш он ми се презева А тоа дека кога ќе се одјавиш од Скајп секогаш така прави Битно муабет си направиле Викам ако комши и ти малку да се "социјализираш"
Веќа еда недела сум во странство.Вчаре пошто имав малку слободно време отворив интернет и ко за беља да видам во МК што се случува...и видов...се каам што уопште и отворив...АХ МОЈА МАКЕДОНИЈО!
Кој ќе оди утре на интервју во Холидеј ин? Гес уат, јавете се на вашите локални коловоџи (сериозно не знам како се викаат) од владеачката партија за да ве стават на список за да бидете земени предвид. Маубетов слушнат во државна институција чекајќи ред. Ало,да? За утре? Ова за Холидејин америчката?Да, да син ми. Епа ај стави го на список, чекај да прашам од брат ми девојчето па ќе ти ѕвонам и неа да ја пишеш. Уште колку места имаш? Аааа добро, ајде уште неа, па бркај си други. Се јави од подмладок на сите? Да? Доброооо... А рабптно време? Ееееј глупости, па не се во Америкаааа... а плата? Епа да, како во администрација, чекај да запишам, колкууу? 18 000 со придонеси, 29 000 бруто. Доброооо, доброоо, се слушаме... Македонијо, кво вадис?
Никогаш не можам да ги разберам оние луѓе што отвараат статии од нешто што не им се допаѓа и оние што само мрчат кој што напишал и каква слика постирал на Фејсбук. Има опција на избирање што сакаш да читаш и кој да го додадеш. Така да, кој е изговорот? Замарањето е своеволно.
СДК сакам да го оженам вујко ми па да станам постара братучетка,и нака има едно бебенце таму,а не вака,па да имам вујничка Може ќе се доживее чувството еден ден,ама се додека не се случи ќе го клукаммм И така јас немам некои братучеди/братучетки на моја возраст или малку поголеми Освен синот на братучетка ми 22,23 год има ,ама добро друштво е Ама на кој му е гајле за моите желби