Фала на тој што му текна да ја премести праксата за покасно. Задолжителна е, ама барем имам пауза од испитна и денови измеѓу да се смират бројките малку
Кога се дозволило и прифатило жените да можат да носат панталони, зошто да не можат и мажите да носат суќња, килтови whatever? Се бориме за рамноправност и еднаквост, а се покоруваме на правила и норми кои очигледно се покажува дека треба да се изменат со оглед на промените низ кои поминуваме и од кои сме се' уште дел.
Затоа што е неморално и невкусно. Никој не мора и не треба да иде закопчан до врат.Но не е во ред да иде со гради и полов орган на виделина во деловна средина и пред деца. @DAngel Не е.
Да не се урочам ама, досега на секој колоквиум/испит на кој имам отидено сум го положила. Ако не отидам или ако кажам дека не сум спремна, не значи само дека немам научено. Барем кај мене, нешто подлабоко "лежи". Само не може да сфати секој. Мрзлива сум била..
Денес изгорев и сум црвено како ракче, а мислев сум добро заштитена, е така ми е кога се заборавив ловење витамин Д Ај ќе ми спадне црвенилово, ама впечатокот од денешниов најубаво поминат ден уште долго ќе ме држи
Дал' ни е менталитетот таков само да се жалиме или во такво опкружување сум само ја? Од едицијата реторички прашања.
Ако не ти текнува како да си го заебиш денот, враќај се по жешкото во 16-часот. И тоа за помалку од пет минути дома бев. Топлотен бран ме маана, нз накај терам. Легнав во ладно, вода
Секако мислам дека до толку гол не би одел никој. Но секако малку голотија како подлабоко деколте или краток фустан не е на одмет.
Читав убави теми во делот "Свадби"... Заљубени птички, среќни двојки, љубов на сите страни.. И од ден во ден се посигурна сум дека мене тоа нема да ми се случи.. Или сум јас човек без чувства или никој досега не ме допрел до срж.. И не сакам..подалеку од мене..
Колку само љубов има во неискажаните зборови и пропуштените прегратки, колку љубов останала да лебди во воздухот, колку воздишки останале не испуштени.
СДК кога некој ќе рече дека оние кои критикуваат си ги лечат фрустрациите, веднаш ти е јасно дека : -или е критикуван ,или - сака нешто да каже па се плаши да не го критикуваат
СДК , до кога македонецот ќе се потсмева на социјалните мрежи и форуми и глупости ? Последно на фејсбук групите мажи си бараат жена , а нашиве на секој можен начин ги исмејуваат, ги вреѓаат како да не се во ред со главата. Има ли крај тоа понижување ? Се ситите ли со тие гадни зборови кон луѓе кои решиле на таков начин да побараат сродна душа? Ахх бре македонче, полно си со омраза, не дај боже некој да е среќен, одма се расфрлате со змијски отров. Не уште 100, ма уште 1000 години нема да го биде македонецот. Штета, скроз сум разочарана од македонците, секоја чест на ретки исклучоци. Ако знаеш да помогнеш макар со совет, можеш и на културен начин да го кажеш, ама не бе, зошто македончето да помогне , кога може да го извреѓа некој, да му расипи расположение, за кавги прв е. Пу јаз'к п.с. Пред да напише некој , аман ма од тебе, пак си нешто накурчена, јајш лајна на форум - па преку куров ми, од каде знаете низ што поминуваaт тие личности, може едвај собрале храброст да пишат и одма коментарите кој од кој , ц ц ц
Затоа јас викам не секој треба да е родител. Ама тука на форумов одма ме нападнаа , може си се пронајдоа што знам. Ако не е способен да му обезбеди на детето неопходни нешта и да го школува тогаш не треба ни да има дете . Такви родители ме вадат од кожа ,не ни треба да се наречат тие родители . Стварно не можам да разберам ,не е работата само напрај деца па нека се снаоѓаат. Жално и тажно , кога ќе видам какви себични родители постојат ми иде да земам на моите нозете да им ги бацам , од друга страна ми е криво што баш вакви "животни приказни" ме освестуваат дека треба многу повеќе да ги ценам. Ама стварно не можам да разберам и не сфатливо ми е како може да постојат такви луѓе и тие да се одлучат за дете а немаат за нив доволно . Читам во темата за факултети има родители кој и денар немаат платено за факултетот на нивните деца па тие како знаат и умеат си се снаоѓаат . Жално. Кога завршувавме средно мој соученик не се запиша на факултет мораше да работи келнер цела година затоа што мајка му одлучила она да се запише и немала пари да плаќа два факултета..
Сезониве ги делам на „жешко, не се дише, ќе испоумреме“ и „камен ладно, измрзнавме до коска“. Сега сме на првово и жими сѐ, секое лето, од почеток до крај истиот муабет е, едвај чекале есен/зима. Е после, им сметал студот и врнежите. И пак слушаш сличен муабет речиси 3 месеци. Луѓе... врти-сучи, никако не ни се погаѓа.
Кога некоја мисли дека е совршена инстаграм блогерка, а цело време постира слика со прљави бели патики. Испери ги и продолжи да се сликаш. Не можеме сите да бидеме 'инста девојки'. Биди реална. Не глуми. Патиките те издаваат која си.