СДΚ κолκу и да се пρавам паметна, не можам со неκои... еве, појдувајќи од постов, зошто го пишувам?! Не саκам ρобови на спствените фρустρации. Не саκам. Саκам позитивни луѓе а и нив не ги саκам. Не саκам луѓе. Бρаво!!!
Само во Македонија може да има толку глупави и егоцентрични луѓе кои се убедени дека некој конспирира за насила да ги пикне во болница каде што ќе зафаќаат кревет, ќе трошат ресурси и ќе мачат здравствени работници, сè со цел да бидат убиени на крај. Не сте центар на универзумот како што си замислувате.
Си го пакував миксерот што го купив ептен скапо, за куќа во која што сакав да поминам долг период од животот... Си седев на подот и му зборував на миксерот... извини миксерче, сакав да имаме поубави денови.. сакав да правиш колачиња на ова семејство... сакав да имаш почесно место на работната плотна.. сакав да поминеме многу убави и среќни денови заедно... И ќе поминеме некогаш.. кога ќе си најдам место што ќе го наречам ДОМ.. Ме гледа другарка ми и ми вика - потажно нешто во животот не сум слушнала Се помислив... до кој степен сум стигнала.. И си рикнав да плачам.. Хормони...ќе го препишам ова на хормоните.. Да не си жена..
Завршив пријателство од година ипол, и една од причините беше бидејќи не верува во витамини. Да, не верува во витамини, сѐ било scam од Big Pharma за пари, имало само еден витамин што го продавале како повеќе.
Сакам да станувам порано за да си се сончам на тераса, а не секој ден да се успивам и да станувам во најжешкото
Oд моќи што секогаш сум сакала да ги имам, а нема никогаш, често омилена ми е помислата да можам да си ја отштрафам главава, да ја ставам на страна и да уживам во мирот.
Преку гла ми е од факултетов. Го мразам и сакам шо побрзо да го оттарасам. Ме остари за дваесет години и поќе.
Исто. Поготово за испитна, како зомби станувам, да не зборам за стресот пред секое полагање, животот си го скратив, нервно ќе се оболам си мислам. Едино љубовта кон тоа што го учам не ми дава да баталам се и нервози и стрес и факс, па да земам и да си уживам у животов иначе знам шо ќе направев... Ајде ти поблиску си до целта, уште малку издржи, можеш. Ја уште 5г минимум има да се стресирам, па здравје после дипломска ќе се упатам да си лечам болести што ќе ми се појават како резултат на цел овој стрес. Ако знае некој how to survive UKIM без последици по здравје нека сподели. Напомена: не се нервирај и не се замарај ич не помага ко совет.
Ова ми е прва сесија без испити и да ти кажам ги барам во времево со вирусов топ ќе ми беше, вака треба да смислувам занимации за цел ден
Капак на се' ми е што поминав прелошо на предмет шо го спремав долго време. Семејство, дечко, другарки, време и најбитно сонот ги прокоцкав за џабе и многу се разочарав. Јас па и таква сум по природа, многу малку фали да се демотивирам. Еве сега спремам друг испит за петок, ама џабе, концентрација и волја за учење во минус. Ја изгубив ведрината, знаев многу весел и забавен човек да бидам. Ради факултетот се осеќам ко сите бродови да ми потонале. И цело лето во учење ќе ми помини, еве го јули дојде а јас најмалку уште две недели треба да спијам над книга. Август нова сесија, мераци. И мене љубовта спрема факсот ми дава ветер во грб, ама и од неа ни трага ни глас периодов. Се ќе биде во ред, ако не оваа сесија, наредните сигурно.
Еве ако ти е за утеха и јас вчера исто, пак паднав испит шо го спремам со месеци. Цела испитна него му ја посветив пак и џабе. И мене ми е криво што пак цело лето на него ќе го фрлам, што душа ми извади таа катедра. Буквално цел социјален живот за неа го жртвувам, се запоставив друго ради него. Кратко ми траеше разочарувањето, утре па полагам нешто друго и викам ајде нека ми е тој за август само, другиве ако ги положам ќе биде полесно, само него ќе го спремам и некако се расположив за брзо... Иако ако не го положам предметов ќе изгубам цела година ама нејќам да мислам на тој начин, си викам имам уште една шанса, не е ништо готово.. Мора некако сама да се утешам нели... Потполно сум иста како тебе. Цело време сум тажна и разочарана поради факултетот. Дури и кога правам нешто друго не можам да сум среќна ко порано. И самодоверба некако ми разруши. Ама со тек на време малку од малку учам да не ми влијае толку, ако паднам, ќе станам... Само кога ли ќе станам е тоа не знам. We are all in this together. Ама ќе помине. После сесијава едно мини одморче да разбистриме глава, заслужено.