И пак после нека прашуваат зошто плукаме по сѐ што е македонско, зошто велиме дека го имаме она најмизерното неандерталско балканско во нас. Не сте дно. Преблаг збор е тоа за вас.
Фрли малку наваму, I could use some happiness. Долг период не сум океј. Дај кажете ја тајната како се постигнува тоа сеедното. Многу се замарам со луѓе.
Леле катастрофа беее!! Дали е за мајтап да се смееш на нечиј полов напад?? А смешно ли ќе им биде да е нивен близок жртва? Ќе се смеат ли баба им некој ако ја нападне?? Толку да се немало емпатија и разбирање, е карактеристика на социопати Едит: И не треба да им се цензурирани имињата и презимињата на ваквите, пошто се потенцијални насилници. Плус, не им е заштитена приватноста, пошто на јавен пост коментирале.
Вакви заслужуваат смртна казна, и за тој што го извршил делото и за идиотите со "пресмешните" коментари.
Сигурно имал психички проблеми дечкото ама тие треба соодветно да си се сместат во установи пред да дојде до ова и нема никакво оправдување тука.
Жално за бабичката Во последно време се позачестено е психичко и сексуално малтретирање на постари лица, ограбувања од кои некои случаи завршија и со убиства на постарите лица. Оправдание понекогаш беше дека напаѓачите биле под дејство на психотропни супстанции или еве нараодов како во погорниот пример ќе рече сигурно имале психички проблеми. А што правиме кога не е секогаш така? Кога поединци од општеството во кое сите сме во заедница и баш треба да им помагаме на овие постари лица се дрзнуваат да им наштетат и одат дури до лишување од живот. Како ли се осеќаат тие постари лица во ова наше општество? И зборувам глобално, не е само кај нас вака. И зошто вакви појави и како ако не успееме трајно да ги отстраниме барем да им ја намалиме фреквенцијата на појава? Многу мисли кои ме загрижуваат се повеќе со ваквите немили настани. Замислете како и е на таа баба која наместо достоинствено да ги поминува последните дни од животот, доживува ваква страшна и неочекувана, грозоморна случка. Ужас, не можам ни да замислам.
Тој што е сексуален предатор кој се возбудува на возрасни жени. Не е тоа дијагноза, карактерна црта и преференција се... во случајов, криминални дејствија.
Кој нормален силува било кого? Немаше да биде ништо по нормално ако стануваше збор за 18 годишна девојка.
Зошто им ги кријат имињата? Зошто? Не е ова нелегално прислушкување или ставање слика од некој што тајно е сликан без консент. Ова е јавно објавено, на јавен медиум, за да можат сите да го читаат. Никогаш не им ги кријам имињата, сите нека ги знаат. Ќе нагази некоја девојка на некој ваков сељак што силување му е смешно, нема да го знае, ќе се заебе максимално. Гомна смрдени, се смеат на дебил што начекал жена во поодминати години, која веројатно има еден тон физички препреки и не ни може отпор да даде за да се изживува над неа. Па на таа возраст каде телото едвај се држи може да ја усмрти бре. Не сакам ни да замислам кој хорор е тоа да го преживееш на таа возраст, некој мрсулко, некој психопат животот да ти го упропасти место да си ужива во староста. Гроб да нема и тој и сите овие на кои ова им е пресмешно. Никад девојче да не пипнете, мрш, стоки психопатиски.
Сексуалната привлечност кон стари лица се нарекува Геронтофилија и истата е официјално класифицирана како парафилија. Додека геронтофилијата може да биде манифестирана со доброволна согласност од старите лица, со цел односот да биде правно и законски дозволен, сосема е поинаква реалноста за т.н. sex offenders чии жртви се старите лица. Со други зборови, истите не мора задолжително да бидат геронтофили за да силуваат или да се обидат да силуваат стари лица, туку може да имале и други мотивации, на пример, веројатноста дека старите лица потешко ќе можат да се одбранат од нападот, поради садистички тенденции, гнев кон стари лица како категорија на луѓе итн. Овие наведени мотивации не можат да бидат идентификувани како изолирани тенденции кои би ги поседувал еден геронтофил, меѓутоа понекогаш се случува истите да бидат во комбинација со геронтофилски тенденции, секако зависно од случајот. Типичен пример за ова е серискиот убиец Kenneth Erskine чии жртви биле стари лица, а дел од нив биле силувани и ограбени.
И оралениот секс е парафилија. Не сите кои се привлечени од возрасни лица, се насилници и сексуални предатори. Се додека е со согласност на две возрасни лица, е во ред, Проблем, односно криминал станува, кога е под присила и/или закана.