Сакам да кажам денеска денот прекрасен ми е. Наспана се разбудив, посреќна, поведра, вака не сум се почуствувала оддамна. Денеска сум полна со живот, сакам вака да ми е секој ден! Размислувам да направам некои промени кај мене. Да отстранам некои токсични луѓе, да сменам имиџ, да си ги поправам некои лоши навики,.... Секој ден ми е нова лекција.
Моментот кога го слушаш младиот мајстор од комшии како си слуша некои песничиња и си свирка и потпевнува.
СДΚ луѓе има но, нема човеκ. Пρијателство не постои. Сеκој е со тебе κога има κоρист. Κаρма. Се се вρаќа се се плаќа. Хоби? Милениче, κнига, телевизија, момче... Κомпјутеρ е мојот избоρ! Избеρете и вие.
Пакувај препакувај, пакувај препакувај. Авиони, возови, автомобили и ајт еве не дома. Ритам уште не можам да фатам, освен за готвење. Заборавив колку се топли, спарни и лепливи скопскиве лета од погрешни причини Пола година помина, си направив едно лично review. Па како смо се надали, добро смо се удали. И со корона и со сè јас немам на што многу да се жалам. Печиме си питиња, разгалуваме си мачиња. Скопје, ти давам неколку месеци фора. Јас со точак те шпартам, не те загадувам, ајде и ти импресионирај ме.
Убаво е кога ќе прочиташ вакви вести https://www.fakulteti.mk/mobile/new...-i-atanas-georgiev-da-stanat-nejzini-chlenovi
Ова мало островче е прекрасно амааа има многу комарци. Ме исцицаа бе! Слатка им е мојава крв. Еднаш дм го плесна и се распрска крв, викам каква боја е? - Темноцрвена, вели. - Моја е. Добро утро.
Значи, ако ви расипало машинчето за Нес или па живеете у Странција и ви треба 20 години да си го изматите со тоа мочаното од Икеа ко на смртна постела шо е... Или па сте Американец и матите у ванга со маталка 20 минути, па прво туркате млеко у чаша, па одозгора со лажица си турате од кафето, еве ви како се прави матен Нес на сиротињски начин. У мала, празна наравно тегличка си тураш кафе и шеќер по желба. И после тураш малку грч ладна вода, од фрижидер најбоље, и мешаш со лажичка. Спојлер: Слико После затвараш теглата, и мучкаш пола минута, или додека не ти се бендиса пената. Истураш у чаша, тураш мраз ако сакаш, и си ставаш ладна вода или млеко, странично и полека. Може и цефка да си туриш..може и шлаг, количината зависи од кој ден си у Пмс, и така... Спојлер: Слико Фмп.
Не ми се јасни луѓето заедно живеат ама во автобус мора 4 столчиња да зафатат иако за останатите нема место. Прашањето е држите растојание или се ширете на две столчиња?
Пред некој ден жена закочи ред зошто сакала да плати со купувам домашно картичката, ама не и беше валидна. Зошто не и била? Продамницата беше германска!
Старки остануваат најкул патики засекогаш! Луѓето кои ги носат ми се далеку поатрактивни од оние што носат други модели.
Членки на ТианДе, дали имате памет?! Досадни сте на секоја објава и прашање да се појавувате. Луѓе со сериозни здравствени проблеми ги навлекувате да се лечат со Алунит и влошки некои си...Кога нудите, спремни ли сте да одговарате за последиците? Жена со херпес внатре во окото, она и нуди алунит, докажан бил. Како докажан? Има студија некоја, статистика?!
Требаше да биде смешно, во тој контекст ми е напишано, затоа и се изнасмеав Ништо, никој го нема рецептот на тортата брзи кон залез Денес сум во расположение со музиче од овој тип Бидејќи со @Ketchup другарот ги следиме новите филмови од 2020 година , па друже да ти предложам да го гледаш филмот The fuck it list , вчера го стопирав кај 30-та минута оти најдов слична песна на таа погоре со таков ритам. ( тоа е сцената каде девојката со палка удира врз колата , ги крши стаклата, и додека удира по колата тече песната ) Лепотица, 26 годишната британка Freya , па зошто до сега не сум ја открила песната ? Ауууу колку заразен ритам, па тој делот од 2:25 минути каде пее ....:And you're reading all of me , and you're reading all of me Браво, заслужено се склопи музичето во филмот Одиме на риплеј, уште еднаш и уште еднаш , се заразив со песната Волумен максимум и летаме во друг свет
Ја видов школската со макеата сега во Т Мобиле и купуваше телефон новата мајка. Мене би ми било срам така да направам да ја однесам маќеата нов телефон да ми купи па уште и радосна како дете пред лижавче да му дадеш.
Може имаат убав однос? Не секоја маќеа во живо е ко маќеата на Снежана од Снежана и 7те џуџиња. И нормално, ова е реален свет, така треба и да биде. Ако е маќеа не значи дека треба да се мразат и да не зборат.
Мене би ми било незгодно да ја однесам маќеата да ми купи телефон од 34000 во готово го плати пред мене, а мајка ми нема толку пари таков телефон да ми купи. Не дека не сакам таков телефон туку дека си ја ценам мајка ми и колку има да ми дозволи толку доволно ми е.
А тоа ти беше муабетов демек утре девојчево кога ќе се пофали пред мајка и каков подарок добила од маќеава, мајка и да не се осети незгодно дека не е толку финансиски моќна и таа да ја дарува ќерка и слично Ама види вака тоа е тукашниов менталитет, реално гледано односот помеѓу девојчето и дали мајка и, дали маќеата и која колку и што ќе ја дарува ќерката треба да е ничија работа. Не треба ни мајката ни маќеата да се борат и тркаат за вниманието и почитта на девојчето преку подароци. Подароците треба да се од срце дадени. И не е битно дали во готово платила, на картичка или рати. Љубвта со пари не се купува, а добро е кога се градат добри односи и блискост во ситуација на ќерка-маќеа, затоа што има случаи во кои не мобилен, не што и да е, чуда да се поклонат пак очи не сакаат да си видат.