Кажете ми поголемо задоволство од феноменален саботен ручек, залиен со чаша бело вино. Притоа, знаеш дека после немаш никакви обврски па можеш да си дозволиш сиеста I'll wait
Убаво напишала членката погоре како и за што го пишав ова. Со која намера и нема никаква љубомора тука.
А со кое право си земаш за школска со која што сигурно збориш еднаш годишно да кажуваш дали требало или не требало да го купи телефонот? Дома да не си им па знаеш какви им се односите и како живеат?
Јас сепак мислам дека и завидуваш затоа што мајка ти тебе никогаш не би ти купила само не сакаш да си признаеш. Мислам дека не е во ред да завидуваш и плус еве од кај знаеш дека тие не се пари од таткото на девојчето? Те имам читано по повеќе теми и знам дека твојте ни за факултет не ти имаат платено и сакам да кажам дека не е така секаде и дека постојат родители кој им плаќаат факултети ,одмори,телефони и разни други работи за својте деца. Така да не гледам ништо погрешно во тоа што маќеата и купила на девојчето телефон ако има и може зошто да не.
И да завидува и тоа е за луѓе, еве тука сме повеќето кои имаме време да и обрнеме внимание на пишаното и да и посочиме дека нема право да се меша во односот на школската со ќерката. Низ меѓусебно разменување на информации, растеме и созревеме и се надевам ако добро се разбереме се менуваме во подобра насока.
Спојлер: линк од твитот со цели скринови https://twitter.com/Davorche2/status/1278709168879423488 Не можам да се дозгадам од ситуацијава од вчера и пристапот на вакви сељачки трошачи на воздух кон истата, посебно зашто имиња памтам неверојатно и ми текна дека пред негде 3-4 години истиов дотичен фотограф ми се убаци на фб одма со прашање „дали си сингл“ и прилично директни лигави муабети. За среќа го избришав и ме батали после, никако не велам дека е тоа вознемирување на ниво на искуствата на девојкиве (и тоа малолетни) со злоупотреба на професионални ангажмани со сексуално несоодветно однесување, ама сепак... Ко прво, дури и во самото однесување у пораки на социјални мрежи, самиов принтскрин од разговор што на сопствено стори го ставил за да се руга со девојче кое сака фотосесија на побезбедно место со "guess the age" анкета, е доволно непрофесионален, алармантен и одвратен. Ама нели, од сето тоа наведено само за последователните лајкови да се фатиме дека преувеличуваат девојчињата. Ко второ, муабетот „шТо баРаАт деВојчИња со 30 гоДиШен чиЧе дА сЕ срЕќАвааТ“ насекаде... Не се работи дури ни за афери и заљубеност (иако и во такви случаи исклучиво возрасната личност ја носи вината), туку за факинг професионален ангажман. Фотографи работат и со деца и со бебиња, побогу. Ужасна слика е колку вообичаено прва реакција на луѓето за случаи со сексуално вознемирување е обвинување на жртвата на разни начини, нема граници и нема крај на гадостиве со victim blaming менталитетот. Со каква сè женомразачка багра девојки и жени делат домови и работни места, страшно...
Да се надоврзам на муабетов. Пред некој ден ме исконтактираа на инстаграм да споделам и јас за целава ситуација, и ми раскажаа што и како било со дечково фотограф. Има многу жртви, ми пиша и девојка која откако споделив и јас и текнало дека дечково пред 9 години, кога она имала 16 ја терал да ја слика, и ја викал и поканувал постојано, ми вели среќа бев од друг град, замисли на тие години да се излажев и отидев. Значи цел тој период го има истово понашање, со манијачење девојчиња, следење, присилување да ги слика голи и што уште не. И сега кога се осмеливме јавно да споделиме за да има свесност што се случува вакви неандерталци од машки се осмелуваат да кажат дека ние женските сме криви? Не ми се верува дека дечково упорно пробува да нормализира и оправда сексуално вознемирување. И коментарите под неговиот пост ми се згадија. Имаше дури изгледа не биле девојчињава тепани ко мали Инаку беше контактирано и здружението Медуза за случајот, навистина се надевам дека девојките кои ги имале лошиве искуства ќе покренат тужба.
Како тоа што мојте мене не ми плаќаат за факултет е твој аргумент да кажеш дека јас и љубоморам на некоја што 100 денари нема заработено во животот те молам да ми објасниш? Ако зборувам за некој значи го знам. И не, не и љубоморам ако кажам дека не би земала поклон од маќеата само за мајка ми да не се чувствува незгодно бидејќи не може она да си дозволи да ми го купи тоа. Јас би била љубоморна кога она тоа ќе го купи со нејзини заработени пари а јас не сум го купила затоа што сум била мрзлива и не сум работела а не вака.
Па аргумент ми е пошто гледам дека ти е чудно што и купиле а тебе на пример ни факултет не ти плаќаат , еве да не се повторувам ама постојат родители кои плаќаат факултети,зимувања ,летувања,телефони ,лаптопи на децата и тоа не е ништо погрешно. Јас стварно не гледам ништо лошо и не можам да сфатам што е лошо во тоа што маќеата и купила телефон , па ако мајка и не може да си дозволи да и купи телефон маќеата не е ништо крива.
ОК,не си љубоморна.Но,зошто вака реагираш? Ти да си таа девојка и да чуеш ваква реакција,арно ли ќе ти биде? Зошто да ѝ е непријатно на девојката? Не сме сите исти. Можеби маќеата сама посакала да ѝ купи мобилен,можеби мајката знае за тоа. Како и да е,нивна ствар е тоа.
Треба да си емоционално интелегентен не може за секое нешто да се прашуваш како ќе чуствува другиот... мајката би требало да биде среќна ако нејзиното дете е среќно а не да се чуствува мизерно... тоа е твое сфаќање и само покажува како ти би се чуствувала во таква ситуација.
Што дебатираш жити се знаеш ли? Мајка ми на мојот полубрат му купувала свашта и покрај тоа што тој има мајка. Стварно не знаете што дебатирате и носеви ви се у туѓи двори ко видео надзор да сте. Бог да чува од примитивен народ.
Ако малце прочита убаво што имам напишано ќе сфатиш... убаво кажав и јас дека членката не треба да се меша во тоа и дека нема врска ако маќеата тоа го купила... ама очигледно не читаш како што треба. И не сум јас таа која се меша, друг го има овој проблем Направив реплај само на твојот одговор бидејќи е за иста тема
Океј е девојки. Темата е "Сакам да кажам..." Не прашав за совет, не прашав за ваше мислење па да ми реплицирате. Сум сакала да пишам и пишав и што сега па темата и за тоа е. Сакам да кажам....... Овде не се бара совет мислење и памет солење колку што знам. Особено не дискусија на тоа што некој пишал.