Некои велат чувај се од непријатели. Некои велат чувај се од пријатели. Јас велам чувај се од неписмени.
Сакам да кажам дека..конечно сум среќна. Штотуку ги поминав најубавите 5 дена во мојот живот. Јас и тој сами. И само небото ни беше граница!
Сите лични и слични, а? Да си имаше се уште нашава држава, море, па да може да си тркне човек кога сака, бесплатно, вака само по слики ќе се виѓава
Колкава е радоста во срцето кога гледаш искреност во нечии очи. Помислуваш во себе, дали си го заслужил тоа и со што?! Бараш во себе одговор, ама одговор нема. Едноставно душата грее со неискажлива светлина. Бесценето...
Вчера бев мрза прва класа, од посебна раса. Ми каса е су каса. ЈООООО, МЕЕЕЕЕН! У фрижидер имаше само некои тегли којзнае од кога и една сијаличка што нон-стоп свети. А бе да не ја урочам, али... Прегоруваат ли некогаш сијаличкиве у фрижидер? Пошто мојава е ненормална. Никогаш нема рикнато. Да можеше да збори, ваква ќе беше. Еве... Елена да не се викам. Сеа ме заинтригира, ќе го отворам фрижидерот, нема до утре да го затворам, БАШ да видам дали ќе рикне. И до кај застанав? Многу се нервирам коа овака ќе почнам за едно да кажувам, ќе навлезам у трето и ќе ја изгубам поентата. Среќа што тука барем можам да прочитам. Еве до кај застанав: Да, мрза бев вчера. Толку проклето ме мрзеше да мрднам од кревет, а камо ли до продавица? Сачувај Боже. Камења ќе почнеа да паѓаат. И знаете шо чаре најдов? Во плахар за некоја среќа имаше ТРИ опаковки бисквити. Муахаха. ФАК ЈУ МАРФИ - KAРМА, кој и да си. ФАК ЈУ ВЕРИ ВЕРИ МАААААЧ. Не мора да идам до продавница. И цел ден бутав бисквити намачкани со мармалад, кокос и цимет. Арно шеќер не ме бапна. Сеа ќе ми треба месец дена за да се дезинфицирам од толку благо. Ама затоа денеееес. Да знаете само каков ручек сум им напраила. Ауф, глава боли. После татко ми го гледам, пиво ми носи. Го обожавам човеков! После направив и десерт. Аууу. Се фалам, бе! Ми можеш нешто? Е па ќути си тогаш. До душа палецов лом го напраив... како се исеков. И да! Му кажав чао на фејсбукон. пФ, баш ме заболе одоздола па надоле. Ми потребал. Само многу глупо ми е бе, што на неколку души не им честитав брдеј. Mи иде да им пишам Хепи Брдеј, да чекам да ми лајкнат, па па да си го избришам. Бај Д Уеј! Шваби, ТАКО ЈЕЕЕ! Гази ги Бразил, бе. Ти заповедам! Штета што ми снема пиво. Нема врска. Брао бе, не ги сакам Бразилциве. Тако је Швапци! Нема пази, само ГАЗИ!
Пред 5-6 години требало некој да земе лопата и да ме врешти по глава за секој статус напишан на фб и отворена апликација на у стилот -На која буква ќе ти се вика дечко ти? Па дан случајно ми дојдел памет. Се срамам од самата себе за секоја глупост, направена и напишана.
Нај често се што замислам тоа и исполнам. Некој би рекол дека тоа е само среќа но јас не велам така. Јас мислам дека кога некој човек нешто силно посакува, искрено се бори за тоа, се труди за нешто и тоа и си го добие... Мислам дека верувањето во нешто е и исполнувањето на тоа нешто. Можеби и успевав затоа што најпрво и најмногу од се јас верував во себе , верував во своите посакувања , бев свесна за своите грешки , за своите лоши навики и маани и затоа и имав добар резултат на посакуваното... Можеби и никогаш не сум посакувала невозможни нешта , па она малку што ке го посакам и го добивав... Луѓето се самите виновниви за неостварените соништа бидејки секогаш посакуваат нешто превише или нешто невозможно и на крајот кога тоа не го остварат се разочаруваат , затоа секогаш сум сакала малку повеке од реалноста... Но колку помалку посакував толку и бев посреќна. Посакував оноколку колку што мислев дека можам , никогаш не се оптеретував , не си поставував превисоки грании и барикади и затоа секогаш имав уште една плус успешна мисија во мојот живот. Следнава работа што сакам да ми се случи ја оставам во рацете на Господ, сепак тој беше нај заслужниот за сите мои успеси. Господе ти благодарам за сите работи убави што ми се случија. Јас незнам да кукам по лошите работи , бидејки животот е краток да се жалам и да тагувам. Јас се радувам и се веселам на убавините ... Затоа овој пат те замолувам за една моја желба... Нај голем дел можеби и јас ке бидам заслужна ако таа се исполни но сепак многу ке бидам среќна ако тоа се случи... Посакувајте мали работи за да имате голема среќа.... лека ноќ
Им се чудам на луѓево, читам пишуваат дали земјотресите, поплавите, се знак за исчезнување на планетава, имало војни...па добро толку ли не се гледаат што прават? Земјава ја разораа, што за нафта, што копање, се тепаат низ светов кај ќе стасаат, за пари очи си вадат, се живо им смета, дури и животните им сметаат, па и нив ги реметат и сега одеднаш како библиски знаци, па не знам што а кај се пред тоа, да се запрашаат што прават.Треба ли некакви знаци да им се појават, нели им е повеќе од доволно за да сконтаат дека е доста од некои нешта? Само пустото неодоливо им е тоа чувство да се мешаат онаму каде не треба, да се бидело над сите и да си играат играчки како сакаат со земјава. Така било и ќе биде, ама треба човек да си има граници во однесувањето, до каде треба да оди, а не после од дека вака, е од дека де? Туку и што се чудам... Ме боли главава...
СДК дека сега знам шо значи да сакаш некој. Да е некој радост во животот твој.... Како е можно јас која сум стварно психички истрошена од мала и со трауми и нарушувања да можам толку некој да сакам Ако постоиш Господе ФАЛА ТИ! Или шо и да е одговорно за мојата среќа, за мојата љубов, за моментот кога го сретнав и моментот кога знаев дека ќе биде мој... Фала!
цц еве го 1 сатот ноќеска и мене сон не ме фаќа .. секоја ноќ си стојам до 2-3 на лаптоп и на утро спијам до 12 ако ме чепне некој сабајле боксови мавам од сон ме вади.. се чудам брат ми како остана жив а сега жива досада сите игри ги претерав
После долгата прошетка, ми застуди дечко ми ја даде неговата дуксерка.Потоа седевме кај мене во кола.Се зафркававме. Ме замоли да останам со него цела ноќ. Сакал да чуствува спокоство цела ноќ.Му пишав порака на мојте дека ќе бидам кај него. Кај него за моја среќа неговите родители си беа легнати. На ливче му напиша дека е со мене кај него в соба и го кладе на магнет во фрижидер. Потоа се гушкавме. Не водвме љубов оти неговите беа тука Но, слатко беше. Утрово ме изненади премногу. Мајка му спреми омлет а татко му ни даде сладолед Многу се добри спрема мене, срцки
Ај за тоа, па и истото за телевизија, пример, некој не сакал некого да гледа и го гледа упорно, па што го гледа? Премногу е едноставно, кога некој не сака да гледа или чита нешто, нека не гледа и нека не чита, небаре луѓево некој со сила ги тера „ аман мораш “ Тоа е мор, како ќе си најдат занимација иначе
..Јас сум од оној тип на луѓе кои сакаат се да се заврши брзо и веднаш да има резултати. Е, нема батко Ѓорѓија! Сум се развежбала, чиниш во теретана си влегол. Ќе направам 50 чучњеви и трчаааај пред огледало да видиш како „ми се испакнале мускулите“. Повеќе ќе ослабам од тоа што трчам пред огледало него ли со вежбиве. Ај, ќе биде некогаш. Добро е барем што сакам да го затегнам телото само, фала Богу не се борам во вишок килограми, добро де 1-2 килца да се ослабе не ќе да е на одмет. Ама, мајку му стара наполитанкине ми се смешкаат од кујна, сладоледот од фрижидер, питата што се пече, грицките.. Не е фер! Неправда, па ова е неправда, вежбаш ти, јадам јас, сите велат дека јадам, о јадам, јадам, ама не слабеам.. Е, Мун, нема да слабееш ако јадеш. Не, не, нема играчки, има да се вежба!