Добар човек негативните чувства не ги изразува преку потценување друг човек. Имам чувство дека од толку што се гнили битијава, намерно се залагаат да им го уништат денот некому, ко да им е цел во денот што треба да ја постигнат. Тоа е она што го мислев со напишаното, жал ми е што немаат во околина луѓе што ќе им укаже дека се токсични и ќе им помогне да се соочат со проблемот што ги јаде однатре. Затоа што си го уништуваат сами себе животот.
Три пати годишно дремнувам. Кај после тоа сум секако како воз да ме згазил, уште кога лошо ќе ме разбудат ич ама ич не ми е поќеф. Сакам да кажам, време ми е да се селам.
Убаво си има закон дека користење на деца и малолетници за политички цели, макар и една обична слика или свое дете е строго забрането.
Дај бе веќе размислувајте со тоа главите пред да пишете нешто, не е само лупни нешто. И да дошле маски може ќе носеле. Ајде да речеме дошле, како ќе пијат кафе тие луѓе, преку маски?
Љубомората да ти била опасна работа, додека да станеш свесен за неа веќе те изела и ти ја наполнила душата со злоба.
Кога некој ве инспирира, ви се допаѓа - кажете му. Не бидете егоистични и завидливи. Некого ќе налравите среќен и ќе направите уште повеќе да сјае. Не сакам луѓе кои не сакаат да даваат признанија на други зошто мислат дека ќе ја намалат својата вредност. Впрочем, тоа се тие возрасни деца со многу тага и завист во себе. И его... големо его... Што и да мислите за себе, другите ја гледаат вистината или копијата.
Не е до воспитувањето на детето, до крвта е. Јас ќе речам, гените се виновни дали детето ќе е високо и слабо, и дали ќе има афинитет за математика или јазици. Ама дали ќе погали или удри, тоа даме унд херен зависи од тоа што гледа. Ако не гледа насилство дома, од каде ќе знае така да реагира? Ако него не го тепаат, од каде ќе му текне да тепа?
https://www.facebook.com/1479838868987439/posts/2340127766291874/ Вие шо пишувате "педери" немате ни две мозочни клетки. Грев ми е и за воздухот што го дишете.
Денов е за гледање на Патот до Авонли, јадење на доцни цреши и рани лубеници, ја чекаш мајка ти да се врати од пат, што би рекла баба ми покојна "у мала душа" веќе од желба да ја видиш. Но сепак спокојно. Татко ти се враќа од работа и да те утеши ти носи хепи мил од Мекдоналдс. Вечер, се разбира - жмурка и сендвич со маргарин, сирење и домат. Ах времиња...
Спокојот на летно попладне и жеже-пече од надвор, преубаво зајдисонце во дневната која е целата како балкон, лавандичките цветаат и шират мирис, добра книга, жешко кафе, а ладна вода. Но потокот во мене никогаш не мирува, се надевам дека еден ден ќе стане пространо мирно море, со по некоја бура...до тогаш ќе жуборам. Денот потонува, но се надевам не и ние. Денес ставивме една голема точка, крај на едно мачно и неизвесно поглавје. За се што следи...
Убаво било кога ќе свртиш грб на некој што те повредил свесно па тој ќе сфати дека згрешил и ќе ги направи сите напори да дојде до тебе. Да знаев дека ќе биде така, одамна ќе сум го сторила тоа. Одам да читам книга. Поздрав.
За прв пат денес сведочев на оваков настан. Три кучиња, со низок раст, мали, се вртеа околу нас цело време и си играа... Одеднаш, зема едната кучка и се качи на другата од позади и имаа (симулираше) секс. Прво не ми се веруваше со очи што гледам, ама потоа го повторија актов уште неколку пати, онака убаво си се испердашија. Мераклиски. Си викам, јас да не сум слеп, ај да одиме да провериме, дали стварно се женски, и да, стварно беа женски. Да биде уште по трагикомично... Тоа кутре со нив, машко, малку поголемко, не беше ама ИЧ заинтересирано за секс, повеќе беше за несмасно трчање по тревникот како лудо. Па така додека трчаше, имаше еден неуспешен обид да го прескокне синџирот и 2 пати направи колут напред на бекатонските плочки додека не плесна на нив колку што е долг и широк. Се згазивме од смеење сите. Беше сцена како од fail видеана на Јутјуб. Кучкиве, па од друга страна, се погледнаа само и како да си рекоа: "еве зошто не му даваме него", и си продолжија со гејските активности.