https://sitel.com.mk/dvajcata-nasilnici-koi-pretepaa-devojka-vo-shtip-pushteni-na-sloboda Да живее Македонија.
Имам полагање утре и научив се, се надевам дека ќе го положам зошто до сега многу ужасна ми беше сесија.
После 100 години конечно еден ден да можам да го поминам без книга во раце, а од утре пак иста приказна Нека заврши веќе еднаш оваа испитна сесија.
Зошто на форумот се чувствува негативна енергија? Сите се препукуваат едни меѓу други, сите сакаме попаметни да се направиме од другите. Кога се зачленив пред три години, сите делеа совети и си помагаа меѓу себе. И многу квалитетни членови престанаа да пишуваат. Само јас имам ваков заклучок? Не дека го фалам ќошето, ама позитива сме на форумот.
Пред 2-3 години ми беа последни денови од средно, последни будалаштини како малолетник, со други зборови моменти кои ќе останат во сеќавање како интересен дел од мојот живот. Е тогаш имаше една девојка со која имавме двајца исти бивши и кога и да се видевме таа упорно ме зјапаше, а јас се занесував малку. Таа девојка сега стана сопруга и мајка.Нека и е живо и здраво бебчето. Муабетот ми беше следен уживајте и ценете го секој момент бидејќи времето многу брзо лета и нема назад. Посебно кога ќе видиш колку брзо се менуваат работите од тинејџерските години.
Петиција сите што кога ќе спомнеш дека сакаш естетски хируршки зафат почнуваат да мелат “аМа тОа Не Ја ПоПрАвА дУшАтА”, “џАбЕ уБаВиНа АкО сИ тАжЕн” и остали патетики од овој вид да им се ограничи правото на слободен говор. Као, у реду е, сфаќаме. Ама тоа шо некој сака филер на уста или нови гради или измазнето лице итн. не значи дека има празна душа или е глуп или злобен. Па и да е, шо дека? Не бе не, овие шо се уфрлаат со советчиња и мислења неповикани се о т р о в.
Попрво на Харвард ќе ме примат квантна физика да изучавам или у Наса да работам, него ли мочан двособен стан да најдам у Немачкава... Уште облини да ми побараат да пишам у формуларине и доказ за неосудување од прабаба ми, и ќе имам шанса барем да го испратам барањето! Не дај боже да ме викне некој на интервју, може ќе треба мојов газот да го заболе малце. А па за да ми дадат стан, не знам шо ќе побараат, може бубрег у тестамент, или жирант да им бидам...
Зошто на пекол топло време луѓе идат со фармерки? Да е по кодекс и да се мора, ајде, ама фармерки не се морални секако. Зошто викаат "другарка "кога се работи за некоја со која сте иделе на курс , во 7мо одд и сте пиеле еднаш кафе? Има други зборчиња за тоа, пријателка, познаничка, пријателка на пријателката...Тоа не е другарство.
Сѐ, баш сѐ сум очекувала од луѓето, освен да бидам предадена од сопствената мајка... Ама, изгледа точно било тоа дека ќе ти забоде нож во грб баш најблискиот.