1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    55.278
    Пол:
    Женски
    Требало да му речиш одма да бара некоја поженствена, што бара со машкуданка на кафе. :)

    Јас сум од тие што фустан облекуваат еднаш годишно за некоја посебна пригода ко свадба или крштевка ако има таа година. :D Ич немам навика да носам фустани ко за секој ден, си го сакам мојот кежуал стил со фармерки, маичка и патики. Нека не сум женствена според некои, гајле ми е. :D
     
    На nevermet18, eliesaab, Nausicaa и 11 други им се допаѓа ова.
  2. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Да се расцепам на две ако не, ем другите задоволни, ем ја среќна и терај работа. |(
     
    На bicycle, ЕденЧлен и Tea678 им се допаѓа ова.
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.350
    Пол:
    Женски
    Сношти со дечко ми бевме во еден ресторан во Скопје за Мексиканска храна на мое инсистирање сакав да пробам нешто поинакво, и цела ноќ после тоа повраќав.
    Не е дека не беше вкусно ама мене не ми годеше многу излеа а можно е и да било нешто расипано.
    Хаос значи
     
  4. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    3.583
    Пол:
    Женски
    Ова сигурно во Амигос. Другарка беше таму и следниот ден не и беше добро па на лекар отиде.
     
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.849
    Допаѓања:
    15.738
    Пол:
    Женски
    Господи прости ми, ама толку ли се брзавте, та одма туп венчавка в црква.
    Туп, в сала, немало да ги знаат, само најблиските ќе биле 20 луѓе.....
     
    Последна измена: 8 јули 2020
    На злоба и candy.cane им се допаѓа ова.
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.350
    Пол:
    Женски
    Епа ако стомакот расте...
    А комшиите ќе зборат.
    Така нашиот народ си мисли и затоа и се брзаат повеќето, се е до тој наш менталитет балкански што ќе речат комшиите да не не озборуваат.
     
    На Принцезичка1, edna_malecka, злоба и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Киснам стапала во купка од франџипани цвет и пијам просеко. Детето е легнато.
     
    На 1209, mal.ecka, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.020
    Допаѓања:
    41.365
    Пол:
    Женски
    Свежа е ноќта, убаво е на балкон, мир и тишина, убав спокој. :)
    Си правам и мал тост, ќе гледам и серија.
    Родителите се добро, јас и брат ми уште подобро.
    Нема поубаво.
    Ништо друго не сакам. :angel:
     
    На gjoker4e, 1209, sweet-cherry и 18 други им се допаѓа ова.
  9. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Порано често навечер одев во блиска пекара по тазе печен, топол, крцкав леб.
    Ми фали тој мирис, кој се ширеше по цела улица, од далеку знаевме дека лебот е испечен.
    Па која среќа беше на враќање, смеејќи се по улица, кажувајќи глупости кои тогаш ни беа интересни, пола леб несвесно ќе го изедевме.
    Фалат тие мигови. :angel:
     
    На 1209, sweet-cherry, FallenAngell и 17 други им се допаѓа ова.
  10. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    7.983
    Пол:
    Женски
    Само јас можам во лето да настинам..:doh:
     
    На Regina.Phalange, FallenAngell, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    2.000
    Пол:
    Женски
    Сдк само јас сум малер :worried: си го исеков прстот ми ставија 2 конци :worried:
     
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Понекогаш, изгледа дека е подобро човек да живее во илузија.
    И онака фантазијата е често подобра од реалноста.
     
    На Rama, poenta, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Неам ништо вредно за кажување, само да залепам еден старо Скопје appreciation post. Take me tf back :( 0634F9ED-59A9-49B2-9FA8-A05D4D4116D5.jpeg 9B225BA8-4426-4A56-882D-A76244625673.jpeg F39EA4B5-1599-4F0B-AD18-2DF43CCB9FE2.jpeg 103EB819-22B8-4005-9813-3CC5227A4225.jpeg
     
    На Regina.Phalange, Bratot, FallenAngell и 24 други им се допаѓа ова.
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.849
    Допаѓања:
    15.738
    Пол:
    Женски
    Сум преспала цели 2 саати.
    Од 18 до 22.
    Сеа си пуштив Галија лајв и решавам осумнасочници.
    Сум купила 88.
    Мислев дека има и крстозбори, коа отворив :D
    П. С. почнува да ми се јаде :|
    ГУД НАЈТ ТУ ОЛ.
    :*
     
  15. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Само седам и не мислам на ништо. Јас без мисли да бидам :drunk:
    Хм, баш чудно за мене без мозокот да ми работи 200 на саат. Баш ми се допаѓа вака многу :angel:
     
    На gjoker4e, FallenAngell, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  16. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    https://thenewzupdate.com/касиеркат...gWCwxKbmhZWjbsU7C4XN9Z-0eI-0MT3EmxpZx1MbrXMU4
    Се осекам досадно ама морам да искоментирам за ова:sweat::tmi:
    Прво понашањето на касиерката е ужас над ужасите. Јас да сум или ќе ги ставев некаде на страна ако сакаше бабата да се врати или пак ќе ги вратев на рафт. Во зависност што ќе кажеше таа. Ако некој нема средства нема:!: Никој не е присилен да купи нешто освен ако не е нешто што е да кажеме изрежено како чајна пример. Тоа мора да се купи ама ќе се направи договор. Не знам што се умислува касиерката. Ама не ја оправдувам ни девојката. Касиерката не е должна да ги пушта така сите кои немаат пари и да ги сожалува. Ќе треба секогаш да додава од свој џеб. На крај краева платата не ни е огромна.:lol:
     
    На Rama, SnowWhite8, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Нема збор со кој ни приближно можам да доловам колку ја ПОЕБАВ оваа сесија.
    Можев да си уживам барем месец дена до следната ама не, јас сеа уште повеќе си натрупав за учење.
    Никад нема да ми дојде памет во глава.
     
    На Regina.Phalange, Принцезичка1, blackpanter и 2 други им се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.952
    Пол:
    Женски
    Ситуација од предмалку. Се движам по улица, ми приоѓа група на луѓе (кој со маската под нос, кој на едно уво, кој под брада и слично), ме застанува за кратко и ми дава флаер од некоја од третиве партии. Во животов никогаш не сум одбила кога некој ми дава флаер, или одма да го фрлам, туку го носам до најблиската канта и таму го фрлам. Знам колку е мачно да го работиш тоа и од почит секогаш земам.

    И го прашувам тој едниот за која партија е ова? Ми кажува. Добро му викам, еве јас ако сум се разочарала од ВМРО или СДСМ зошто би требало да гласам за оваа партија? Ме гледа небаре сум му побарала да ми реши како се пресметува големината на црна дупка. Му викам што нуди оваа партија и зошто јас како млад човек би се одлучила да гласам за вас?

    Дреме тој, дремат сите, па едниот вика па најбоља опција е. Мхм, океј.

    Све во државава што е неписмено, што не знае 1 просто проширена реченица да сврзе се упика со политика за да може малку да просперира. Све. Еден да имаше саглам политичар во државава, на коњ ќе бевме. Еден.

    Тешко нас, немам што друго да речам.
     
    На sweet-cherry, Regina.Phalange, Bratot и 36 други им се допаѓа ова.
  19. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    На пауза од работа имав прилика да разговарам со една жена. Рани четириесетти, многу фина, мила, насмеана жена. Рече дека има три ќерки, најстарата е моја генерација.

    Се омажила на 16, ако добро разбрав. Рече дека во нејзино време, не дозволувале да учат. Изговор: нема да бидеш доктор или учител еден ден, зошто да учиш толку и да се мачиш.
    Живее во конзервативна средина, конзервативно семејство каде главен збор имаат свекорот и свекрвата. На кого попрво да угоди.

    Свесна е колку голема последица има прекинатиот образование врз нејзиниот живот сега.
    Со гордост зборуваше за ќерките, особено постарата, што неодамна заврши и факултет и има волја и желба да крши стереотипи и наметнати норми само за да има поквалитетен живот во иднина.

    Свекрва ѝ не сакала девојчево да оди во друг град да учи. Каде ќе оди само едно девојче да учи, што ќе речат луѓето, што сѐ може да се случи...
    Доаѓа девојчето дома, има ограничено време за излегување. Сѐ се враќа на старо, слободата ја нема.

    Оваа тивка, повлечена жена собрала храброст да се спротивстави на постарата генерација што има позатворени сфаќања и ставови, само за да спречи животот на сопствените деца да се движи во насока како нејзиниот.
    ,,Не сакам еден ден да зависат од мажот и неговите родители, гледам мене како ми беше. Не ми е мака што рано ги родив и рано се омажив бидејќи во ниту еден момент не ме посрамотија."

    Не можам да замислам да живеам во страв и секоја моја постапка да биде под туѓа контрола. Додуша, и самите тие велат дека и верата така им наложува. Ама пак, нема да заборавам со каква гордост зборуваше за нив и како со треперлив глас ми зборуваше, нејзиниот страв го тргнала настрана и одела спротивно на нивните нормите само за да им овозможи нешто поинакво, поубаво на ќерките.

    Најлошото нешто што може некој да му го направи на своето дете е да не му овозможи квалитетно образование. Во исто време чувствував и жал и среќа. Ама мило ми е што постапила вака.
     
    На 1209, sweet-cherry, Regina.Phalange и 25 други им се допаѓа ова.
  20. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.020
    Допаѓања:
    41.365
    Пол:
    Женски
    Мачорот се разбуди со желба за галење, морав да оставам се за да го лулам во раце ко бебе некое, јбг приоритети, сега најаден, напиен и изгален отиде да војува со брат му. :rofl:
     
    На Regina.Phalange, MeowMeow, *Amethyst* и 13 други им се допаѓа ова.