Средуваш документи, сметки и знаеш дека си дома. Збунета си пола од работите што значат иако не на македонски и уште повеќе знаеш дека си дома. Се реадаптираме. За останување сме. Треба некои работи да се наредат, да се привикнеме на дружби во новата динамика. Ама убаво е. Прекрасно е Скопје, совршен ми е Карпош. И со корона и со избори и со сè.
Обично каде и да седнам овде си добивам услуга на ниво. Може денов беше исклучок или од вчера ми се зарекна така и сега ќе тера Кога ќе налетам на нашинец и на оној сељачки вокабулар ми се гади. А она не е важно од каде потекнуваш не важи за нас. Да седнам во македонски места овде ми се десило многу пати и задоволна да бидам од услуга и пристап. За цени не зборувам бидејќи не гледам нарачувам што сакам. А со дм одамна го меркавме местово, денес тргнавме по поклон а завршивме во ресторан. Како влегуваш внатре ти си чини дека е пештера (порано било музеј) со мирис на влага преку еден тунел кој води до рецепција,кујна и на крај тераса. Е јас културно прашав дали може да пиеме пијачка на тараса и типот ми рече да може повелете ама кога не разбра дека сме македонци односот се смени. “Тука порано не примавме гости за пијачка,само ние од персоналот си седевме на тараса,сега е такво времето треба да се задоволиме со ситно.” Јас: “А масава може да ја поместиме,сонце фаќа а и топло е.” Дм: “Седни кај сакаш”. Нашинецот кој работи како келнер: “Ај не се мислете многу,маси не поместувам” Јас: ““ Седнуваме,јас го гледам менито пусто срце ми плачеше за нескафе ладно ама ми се скрши филм и мерак и се до степен да им пишам ривју на нивната фан страна. Да не зборувам за хигиената, исфлекани перници,неизметено. Однадвор навидум привлечен ресторан ама внатре Време е да нарачаме: Дм: “ За мене едно пиво” Јас: “ За мене нескафе ладно со мраз” *Идемеее најјако драмата почнува Келнерот: “Јас тоа кафе нема шанса да ти го изведувам сега,а и немаме на Малта нескафе,земи друго” * Чекај дали тоа ние се познаваме од некаде па си правиме најпријателски муабет Јас: “Добро,ладно макијато ќе ве молам”. Келнерот: “Океј сега” После некое време се враќа типов со кафе кое можам и сама да го направам дома, млеко и кафе изматено со лажичка, мраз и две цевки. Мераци Се гледаме со дм и сфативме дека толку од услугата на ниво и третманот дека сме Македонци не е на исто рамниште со Британците кои влегоа по нас. По некое време стануваме да платиме, го прашувам дали имаат книга за поплаки на што наеднаш почна да се вади и извинува и по сметката сфатив дека сум платила за капучино кое не го добив. Еј м*јкуму Па браво бе, секоја чест Моја нога таму не стапнува повеќе,поарно музеј да си останеше.
Која мизерија.. мразам вештачка гостопримливост. Кога работев како келнерка лани, менаџерите не ми дозволуваа навечер на празни маси да сместувам луѓе што не делуваат како да се познати. Во глобала, ми дозволуваа само ако се облечени богато, ако им се познати или ако се странци. И така еднаш им дадов маса на странци а пар од тука сместив на шанк со извинување дека масата е резервирана. Парот направи голема сметка со оглед на тоа дека беа двајца и ми дадоа убав бакшиш. Странците нарачаа по една пијачка и седеа така цела вечер. Кога ме праша менаџерот за прометот од таа маса и кога му кажав, збесна.
Диетата мора да биде таква, за да не бидеш гладна. Значи да јадеш мали порции често и да не јадеш нездрава храна (чипси, чоколада, благо итн.) И кога сакаш да грицкаш, грицкаj нешто здраво (морков, јаблко, малку ореви, или пиј чај).
Летно зајдисонце, топлина и благ мирис се шират во воздухот. Сама сум со своите мисли. Тонам во фантазија. Мало бегство од реалноста. Секогаш си го дозволувам и никогаш не сум зажалила. Среќата е во обичните нешта. Несомнено, така е...
2020 пиздатиматерина полоша не моеше да бидеш? Мрш. На персонален, академски, секаков план све у пропаст.
Петок е, времето е за мерак, да се пицниш и цела вечер да не се прибериш дома. Лето... А јас, глупачка, три вечери со ред дремам дома. Пази, учам за испит шо знам дека ќе го паднам пошто немам концентрација веќе, пукнав. Ти*ам факултетот, бел ден не видов два месеци ради него.
сдк сите знаат дека многу добро се носам со секое шајзе што ми се дешава во животот. но тоа не значи дека треба да си земат за право да ми ке*аат на глава. сем ако им се губи. сем ако им се иде у неповрат.
На ФБ видов пост кај што жена апелира за помош откако нејзина пријателка со семејството поради семејно насилство ни во полиција ни во социјални служби не ги фермале затоа што не било физичко насилството и немале модрици. Жената немала финансии за да се оддели од мажот со децата а и била слаба со здравјето. После постот, од кабинетот на Мила Царовска јао исконтактирале жената. Супер што и Венко и Мила се заангажирале, ама зошто мора да стигне до нив? Зошто преку Фејсбук, а не преку самите служби кај што се бара помош? Сакам да кажам, нема ништо нормално веќе во државава.
Најжалниот пример на балканскиот патриотизам , Голема Србија ,Македонија ,Албанија , Тунгузија пи*ке материне, на чија сметка ? Крв се пролева на невин народ за нечиви болни амбиции , психопати се величеле и се величат , политика за доручек ручек и вечера. За жал сеуште се величат новокомпонирани психопати зад маската на политичари за доброто на земјата од балканскиот регион , очи си вади народ за некои си партиски полтрони да си го полнат џебот , воени профитери и нивни семејства се величат ко да се модерните Просветители на 20 и 21 век , им го полнат џебот со купени карти за преполни концертни сали. Во тој период сум се родила и јас , сум била радост на моите , првиот збор , забче , насмевка , сум била зеницата на окото на моите родители.... Јас сум ја имала таа среќа да не доживеам нешто стравично .... Нечива мајка го оплакувала своето дете , нечива мајка го бранела своето дете на било кој начин можела во тој момент , со своето тело да го одржи живо .... Сите тие жени и девојчиња биле силувани непрекинато во текот на целата таа војна за голема држава, 20,000 жени и ДЕВОЈЧИЊА силувани непрекинато ... Геноцид .... ти доаѓа во твојот дом да те убие зошто не си православен србин , чистокрвен Ариевец и што и да си веќе ... Пред се си човек .... Како дете од 4 години убиено пред очите на својот татко е непријател на скапаната држава ? Како ? Со што ? До кога ќе величиме психопати ? Болни политичари што го перат разумот на народот ?До кога ќе им го полниме џебот , а деца ќе и умираат млади бидејќи немало средства да се покрие лекувањето ? До кога балканот ќе има овци за стижење ? Не е битна националноста , ниту религијата .... Битно е да си човек ... нешто на што мора да се работи за следните генерации да не ги направат истите грешки , да бидат мудри , способни да изградат свет кој ќе биде убаво место за живеење во мир .... да нема почва пролеана со крв ....
Центарот за социјални работи е институција што треба апла да се испровери, на ниво на држава, во секој град. Нека стават лица што минале низ нешто слично, а не онакви што не си ја гледаат работата. Со право ќе си го плукам ЦСР до крајот на животот.
Цел ден некои глупи митинзи низ населба, главата ми ја пукнаа више. Не се свесни колку се досадни со политикава. Парите што ги трошеа за реклами, митинзи, маици, пенкала, тефтери и што ти не со логоа од партии можеше да се донираат за нешто попаметно или да се инвестираат во попаметни нешта. Овие па што се палат по митинзи и трчаат и ракоплескаат на секој збор, тие па тие... Прост народ, силна држава...
Циклусот ми касни најверојатно од стрес или некој друг фактор бидејќи бременост не е сигурно и имам една апликација на телефон симнато за да си знам кога отприлика треба да имам менструација и цел ден ми стигаат известувања еден ден ти касни, направи си тест за бременост. Утре ќе почне со два дена ти касни направи си тест за бременост.