Значи, да повториме уште еднаш едно златно правило: Кога имаш некоја обврска и треба да станеш рано сабајле или пак едноставно претходниот ден си решил да ти почне денот порано, невр мајнд, важно кога имаш намера да станеш рано - е тогаш си најуморен насабајле, стискаш snooze на алармот и ти требаат едно 15тина минути седење и буљење во ѕид додека да добиеш желба да почнеш со секојдневните активност. Притоа, во секој момент си спремен да заспиеш со отворени очи, па во најлош случај може и со затворени, онака да си се избрукаш некаде. Арно ама, кога во лето ќе легнеш во 3 саатот ноќеска, специјално ќе спуштиш ролетни, ќе исклучиш мобилен за секој случај и после сите тие салтанати ќе си ветиш дека ќе спиеш минимум до пладне, е тогаш универзумот ќе скрои заговор да те разбуди. И кога ќе ти се погоди таков ден, доволно ти е да слушнеш и шепкање или одење на прсти за да ококориш после 3 пара очи во време кога можеш комотно да излезеш и изгрејсонце да сликаш. Плус, после тоа се подразбира, не можеш пак да заспиеш во текот на денот и како резултат цел ден се врткаш како да си лумпувала цела ноќ и како шлаг на тортата - пак на крај седиш до никое време. Е така, мислам дека дефинитивно треба ова негде во Марфиеви закони да се запише, молим лепо!
Летото само по себе носи и голема монотоност и досада, но ако сам се потрудиш да не биде такво и нема да биде. Секојдневни излегувања со другарки од старо друштво, со дечко, со другарки од ново друштво, со по некоја школска низ Македонија, со братучеди подзаборавени и тоа како ми го пополнуваат секој летен ден на некој различен начин. Многу сум среќна. Некни кога си ги видов многуте петки очите ко на мало детенце кога ке си ја види омилената играчка после долго време купена ми светкаа. Б ми замина на одмор, ке бидиме разделени некое време, во мене имам така некоја негативна енергија денес и вчера, ама ке се среди се за некои 20тина дена. Повторно си почнав здрав живот, и благодарение на летните горештини се сушам полека, полека и повторно задоволна од себе ке се соблечам на плажа. Да, ова лето повторно 8 дена, женско друштво, музика, забави, плажа..другарките и со по некое момче, ама јас мирна. Тоа е тоа, имајте убав ден, уживајте во летото.
Здраво, јас сум Waka-waka и лажам само кога ме будат од спиење,а не сакам да станам. Луѓе,лажам професионално,смислувам лаги дека ме боли нешто,ми се врти,дека веројатно е одложена обврската која треба да ја завршам(нормално,не од мене ) и такви глупости. Срамота е веќе. Веројатно во минатиот живот сум била патолошки лажго,па потсвесно тие карактеристики избиваат од мене во тие моменти. Друго сакав да ви кажам дека многу ми е жал што еден момент изгубив верба дека навистина постојат луѓе што работат напорно и самостојно за да постигнат нешто сами. Дозволив неколку дамки масло да ми ја уништат целата слика за улицата по која се движам. А,не се сите такви,верувајте не се. Има луѓе вредни пчелки, што си ја гледаат својата работа, си го тераат замисленото. Само не прават врева колку овие другите и затоа се понезабележливи. Имајте убав ден и гледајте фудбал вечер
Не е баш сакам да кажам,ама ајде. Зошто не се посветува никакво внимание на новите членови? И дали секој нов член мислите дека е трол или нешто слично?
Не знам зошто,ама секое лето ми станува се подосадно :/ Ама сама сум си виновна за тоа,кога не се трудам да го направам поинтересно...Другаркиве пак,кога ќе ми текне нешто интересно да направиме најчесто ме одбиваат,од дома не им се излегува,те спијат ,те ова те она и ни пропадна летото.Сакам динамично и авантуристичко лето,да направам нешто по кое ќе го паметам летово,ама ништо од работата. Ама ај,се тешам дека има уште време,па се надевам дека ќе се случи нешто интересно летово.Инаку,денес за прв пат(барем така мислам,колку што ме служи меморијава) некој близок ми рече дека се гордее со мене ,се чувствував одлично,а баш вчера размислував за тоа како никој досега не ми рекол дека се гордее со мене,се си мислам дека не сум доволно добра во ништо за да рече некој дека е горд на мене...Како и да е,бидете среќни,уживајте во секој момент од летото,направете го интересно,не како мене вака да денгубите по цел дома
Јас и ништо да не правам мене нема да ми е досадно. Не ги сваќам овие околу мене досадно па досадно. Па уживајте во летото, цела зима нели лето чекавте. The art of doing nothing .
Како сте девојки? Се криете ли од топлото? Го знаете ли чувството кога сте испуштиле ептен добро парче облека од бутикот поради премногу мислење? Е мене токму тоа ми се случи денес, сега се нервирам Синоќа пробав еден долг фустан, од оние за секој ден, а долго време барав таков, ама бидејќи ми беше подолг отколку што треба, не го земав веднаш, си реков ај утре пак ќе дојдам. Само што се вратив дома, се предомислив ама оти мрзата беше поголема, не се вратив по него. Сега одам да го купам и - аш! Го нема, се продал! Малер сум голем во животов, уште еднаш се потврди тоа. А колку само беше убав
Зошто ме нервира поимот: МУ родив дете? Само негово ли е детево? Исто како појадок да сум му направила што само тој го јаде... МУ направив појадок. Spoiler Повторувајќи едно зборче многупати станува глупо. МУ.
Тој што отишол на одмор и тргнал таму да користи технологија, да седи на плажа и да е вклучен на Фејсбук, или па дури и на форум да виси, не заслужува да отиде на одмор и не знае што значи одење на одмор!
Пресреќна сум девојки, пресреќна. Си дојдов денеска дома и брат ми целиот окезен од шеска до шеска ми вика, имам изненадување за тебе. Како шо го видов така среќен си реков овај пак ми има донесено некое маче, бидејќи истиот беше и со претходното кое си го обожавам, си реков жена му нашол на мачоров мој, доста ерген одеше и тој. Целата така скисната пошто цел ден ми помина угоре удолу по жешково, седнав и викам ајде, зборувај. Е сега за едно бев во право, стануваше збор за жена, ама не за мачоров, за него. Решил да ја запроси женска му со која долго време се заедно. Не можете да замислите колку бев среќна, скапав рипање околу него, го скапав гушкање. Ептен ми е кеф, не можам да кажам дека не го очекував ова, ама пак, премногу ме израдува. Најмногу се израдував шо прво мене ми кажа и мене ми се обрати за помош. Е сега не знам како ќе издржам да не и кажам нејзе, оти си живејме и башка, имаме договорено кафе за утре, а утре ќе се случува уште нешто, ќе одиме по прстен, јас да сум му помогнела, оти сум се разбирала и да сум го избрала најубавиот. Ептен сум возбудена уште од сега, ептен. Не ми се верува дека еве, брат ми, со кој цел живот сме заедно и го обожавам, му дојде времето за женачка, некако многу брзо ми помина времево. Еве сега само шо ги израдувавме и мајка ми и татко ми и ќе си седниме дома со винце, мајка ми и јас ќе направиме свечена вечера и ќе си прославиме, само ние, фамилијарно. Јас уште од сега почнав да го планирам запросувањево, таман на одмор со нас ќе доаѓаат, на плажа, оганче, романтика, дечко ми, гитара, убави зборови, вино, а брат ми кутриот само ме слуша и кима со главата, секако окезан. Така ви велам девојки, ептен ме израдува брат ми, ептен сум сречна, знам дека во спотов сто пати пишав, ама сум. Го обожавам и со среќа нека му е
Заробеници сме му на времето. На она што не донело и ќе не однесе. На она што отчукува во нашите часовници и од нас ги пере годините. Времето што отчукува во синхронизација со нашите срца, кои ако малку забегаат од оваа организација, готови сме, за миг ќе не снема, а светот и без нас ќе продолжи...
Летово станав филмоманијак. Богами летово решена сум да го поминам гледајќи филмови и читајќи книги.Сега се мислам која книга да ми биде следна. Нејсе друго сакав да кажам. Барав една слика за да ја ставам да ми биде позадина на лаптопов.И одеднаш пронајдов куп албуми со слики.Од разни одмори,прослави прекрасни спомени.. .Ме потсетија на неизбежната среќа која ја имавме.Велат дека не знаеме што имаме додека не го изгубиме.Јас пак мислам дека секој знае што има,но неочекува дека ќе го изгуби.Е токму тоа се случи со мене. Се што можам е да се присеќавам и да уживам во оваа ладовинка.И да се молам за подобро утре. Бидете ми поздравени
Хахаха кога се сетам само на некои мои зборови одамна а тоа беа -Како ке го препознаеш оној правиот ? -Како ке знаеш дека баш тој е тој ??? Епа после тооооолку време можам да иажам дека ДА ! Правиот веднаш се препознава дека тој е тој... По 1001 пат веке се уверив дека тој е тој.... Тој е тој вистинскиот за мене и јас сум таа за него... Ај лав ју бејбе енд ај веитинг јуар ринг.... Ке кажам ДАА ! не сумњај во тоа
Можеби некои нешта нема да имаат втора шанса. Но, можеби и понекогаш ќе се случат тогаш кога најмалку веруваш. Се надевам на второто. Толку многу се надевав дека ќе се видиме со неа. И не само со неа, сакам и со останатите три другарки. Многу драги и посебни другарки. Којзнае, можеби повторно ќе бидеме некаде на исто место, старата и добра петорка
Го врзааале едно момеее. Па не баш моме, ама така е песната И тука се пожалив синоќа како од ништо ме боли стапалото. Е тоа ништо, кога и да се подудри човек од нешто и оф оф, му помине како на кутре и веќе не се ни сеќава каде се има рокнато, додека не се разбуди во 2 сабајле , со метар квадратен отечено и бара дроги по фиоки. Дрогите сум ги испила друг пат Како така со ладно топло, се јуначам до сабајле и клинкам до амбулантата да им се пофалам. Неее невесто, не си ти за тука, мораш на рендген во болница. Ај пак до дома, ја загледав рачката од џогерот да клинкам со неа како бастун, ама се решив за такси до болницата. Пет саати чекав на ред да дојдам. Оп, мала кршеница. Па, од каде ми е? Да сум мислела, мора да имам скокано на неа најмалку. Парти си правев и скокав низ кујна на џамп араунд . Од кај знам, може од чекање пет саати не само грб туку и нога скршив кривејќи се на стол Уште не знам кај се имам рокнато. Ако некој има некој именден деновиве ќе ви дојдам не на патерица туку на две Додека се навраќам на претходните постови, еве го и твоето. Да те прашам, какво внимание мислиш? Никако никој не мисли нов член е обавезно трол, се додека не трола нели. Сите членови и постари и понови имале прв ден на форумот. Не си долго на форумот, ама впушти се во дискусии кои ти се од интерес со свој став, со мисла дека теми што јадевте денес, или што носевте, што ви се јаде, никој нема да забележи кој пишува, тоа не ти го оформува ликот/никот, додека во теми каде има што да кажеш за некој да те чуе, ќе добиеш внимание, на кое мислам дека го очекуваш. Друго внимание не знам какво би било.
Голема шолја темно какао, темна соба и еден куп мисли кои ми создаваат исто така темно расположение. Седам пред екранов и чекам инспирација, чекам нешто да ми ги оттргне мислите од него, но не оди. Колку е подалеку од мене, толку е поприсутен во мене. Сакам светлина, сакам нов почеток, нова јас. ЈАС која нема да се плаши да се соочи со животот. Сакам повторно да ја сретнам онаа која без страв ќе помине низ пеколот и на крајот повторно ќе има сила, тивка насмевка на лицето и ќе рече, животот е убав! Онаа која пред се нема да се плаши да се соочи со себе, со своите маани и недостатоци и притоа да ги промени. Онаа која блиските ја гледаат со почит, бидејќи пред се таа се почитуваше себеси...
Како се поминува една ноќ во летниот период? Многу едноставно. Чаша сок, пуканки и секако, добра книга.
Колку ми е мило кога некој друг е среќен, успешен, весел, се осеќам како и мене ме радува тоа сакам кога се такви луѓето, откачени, барем им е убаво на душата, убаво се чувствуваат, а тоа е најважно, се останато во животот е како со споредна улога.Животот знае да биде тмурен и многу незгоден, но човек не треба да ги заборава убавите работи, кои можеби и му биле поклонети, само заради чувството на несебичност, нешта кои едноставно го исполнуваат човека и му укажуваат дека желбата за омраза и сл., е сосем непотребна, особено што животот многу лесно може да му стави сопки на човекот, за да се сети токму на нив.Страшно е ако заборави и упорно, благо речено гази преку луѓе, само за да ги оствари своите цели, без разлика на тоа што би можел некој друг да чувствува...Еден е животот, не вреди човек да си го троши времето наплатувајки сметки за се нешто...
Упорно ми викаат сите дека имам среќа, ама ја не верувам, сум се запнала малер сум, баксуз сум... И завчера на шала со тато напишавме ливче спортска, да сме во шема хаха и мислев јас не ми го уплатил ливчето, а баш пишав Германија да тепа и добра пара ќе земев и сабајле тато ми кажува ај со среќа нека е 8.000 доби на спортска, цела јас зачудена му викам абре од сабајле вакви шали не се прават и вика не стварно еве види ливчето еве ти ги и парите, ти го пиша ливчето, твои се. Сега планирам да ги почастам нешто сите, а со останатиот дел да си купам нешто за мене и секако нешто на страна ќе тргнам, многу ми е ќеф вака кога лично свои пари си имам, мала сум за заработување, ама сепак... Епа чим моите дома ќе ги почастам, ред е и вас на фемина да ве почастам и вие сте ми ко фамилија. Најдобриот шампањ за вас!