Не сум во најмладите дечки, ама младоста и тоа што ни е во главата, никој не може да ни го земе... никој...Може да почне, но не и да заврши. Еден ден, и ние ќе остареме, ама да бидеме мудри од постарите примери, како не треба да правиме и како не треба да бидеме. И како да го прифатиме своето време...
Среќа. Сите ја сакаме, трагаме по неа, ја очекуваме. ...кога ќе дојде, ни станува јасно дека е само миг - една стотинка од секунда
Денес возбудени за резултат од изборите, опседнати со избори и потресени се чинам само неспособните. Мора да е тешко со гз под кирија. Способните/неоптрделените некако... раат бе?! Се мислиме дали на излет да одиме или шопинг... Па било убаво... Сета злоба, човечки талог, себичност искача на површина. И не, не се работи за мене да ми чади оџакот, фамилијата си ја гледам, гајле ми е за другите, туку за базична човечност. Кога личните пориви те водат зад плаштот и лагата за заедничкиот добробит - да му сд слоши на човек. И злоба и завист... Затоа е лесно бидувањето среќен кога мислиш со свој ум. Како е да си цел живот под ропство? Фб денес не отварам. Шо убаво, река доле, небо горе... Тој што те сака ко човек, до тебе... тоа резултатот од избори не го дава. За обете страни мислам.
Што ми се интересни постариве, на избори кога идат, машките секогаш облечени свечено, со поштовање со све, под рака фатени со дамата истотака свечено облечена и идат да гласаат. Баш убаво ми изгледа.
Така се одморив овие 5 6 дена на селце и ги наполнив батериите, мислам од ново се родив и да можам "ќе си летнам" Ми требаше овој одмор, и малку "мозок на пасење" Оживувам во природа, планини, сонце , цвеќиња , чистиот воздух, водата, значи раај Кученцето и мачето бест френдс деновиве Се враќам со нова енергија во моето хаосно Скопјенце Моренце ми фалиш ама и со езерцето ќе се задоволам за годинава "чекај ме" за брзо
Решив да послушам рецептот, ми се утнаа мафините. И да ви пиши преполни ги калапите во рецептот така требало, а сите знајме дека не треба, одете си по то шо знајте оти 200 грама боровинки за куроздравје си фрлив. Сега се изнервирав и ќе си легнам. #storyofmylife
За прв пат не ме занима кој ќе победи на изборите, откако лани ( или претлани) не се сеќавам кога имашр точно избори, кога бев присилена со уцена ако не дојде да гласа ќе ја стопираме и ќе и ја одземеме колата бидејќи маж ми не бил тука со мене во придружба да ја возам (колата на бг документи)а јас со полномоштво и триста ти законски докази дека имам право да ја возам. По тоа следеше ако не излезе ќе бидете вие отпуштени на тие им рекле што ме беа ставиле за сигурен гласач на списоците за работно место..... се жртвував само за нив. Но сега ќе им се ситам ако добие другата партија.
Какви родители му се мешаат во животот на син им 30 годишен? Како си даваат за право? Колку објаснување, џабе. Дрво ќе разбере, овие не. Толку да немаш доверба, да не дозволуваш да пркне. Цел живот во стеги. Жал ми е. Жал ми е што сум и јас идиотка, што правам да не му е убаво. Само тој си знае како му било да расте со нив. Може да се убива од работа со татко му, ама сам не. Греота бил, уморен бил. А со татко му кога работи? Се убива од работа со него, сам си ги работи полесните работи. Ама на кого да му објасниш, а да не се налути? Толку луѓе злобни немам видено. Мир нема од нив. Чисто се сомневам дека на друго место ќе имаме мир. Тоа зло не може да се сопре. Мора да се вади, зошто ќе цркнат ако не го извадат. На нивно дете, жално. А тој па мисли дека се секираат. И да се секираат, хипокрити се. Имаат двојни аршини. За татко му да му го поти гзот по 12 саати е ок, сам 2 саати не е. Да, ама кај е контролата така? Сам човек како се осмелува да направи нешто? Епа вие не сте ок. Срам и арам да ви биде. Отровни.
Денес првпат имав право на глас, и го искористив. Ако нешто треба да променам во мојата генерација е индиферентноста и незаинтересираноста за нивното опкружување. Време е да престане да биде кул фразана ,,не ме занима политика". Фала богу ниедна од опциите не ми се допаѓа и фактот што треба да бирам да гласам меѓу еден друг или трет средовечен маж што не ја застапува ни блиску мојата идеологија ми е благо кажано непријатен. Ама сепак гласав. И вие треба да гласате. Зашто и вие и неписмените неандерталци во фејсбук постови имате еднаква сила на збор во државата, а ако не излезете ним им давате повеќе моќ. Јас, for one, нема да седам дома додека бумери ми ја одлучуваат иднината. И секако, ако не сте гласале немате право да се жалите за тоа што ви пречи во државава. Политичката индиферентност е привилегија на тие што подоцна не планираат да се жалат. You can't have your cake and eat it too.
Дали ако победат тие што си ги гласала исто така немаш право да се буниш затоа што сама си ги избрала?
Не сакам да мрчам... ама... зошто не поднесувам Македонски литературни групи?! Заради...многу причини. Како на пример оваа - ставила слика од колекција од Сидни Шелдон книги и вика се надевам нема да искочи уште некоја, конечно ги "собрав", а друга и вика, две ти фалат, па констатираат дека едната е најнова и за тоа ја нема уште кај нас. Сидни е починат веќе 13 години... и тоа е се што треба за да донесеме заклучок. Не сум арогантна, само сум реална дека ако си читаш не значи дека си паметен, ниту пак значи дека читаш добро...Не се чита од колекционерски побуди и за натпревар...но...добро.
Прво- ме насмеа. Второ- се плашам дека не е до поднебјето, до времето е. Година 2020, ера на сезнање и социјални мрежи СДК на времето бар на метро се купуваа книги, со тврд повез, да ги личи во регал.
Дека најновата уште не стигнала. Оти се растажи? Во светот кајшто живееш не е ера на Кардашијанс и не е Кање Вест со претседателски амбиции? Не ќе го смениме светот. Дали сум арогантна ако ми е Кање смешен?
СДК точно знам за кој пост збориш и јас ги читав коментарите. Бруки, ама па си кажа дека и сите не и се прочитани, дека онака собира колекција. Може мислеле нешто што никогаш не било објавено, а го напишал?
Според многумина (тука па за све нешто ќе ти најдат за такво) - си. Според мене, апсолутно не, пресмешен е!!!
Аха, мислеле... не знаат дека е починат, не па да знаат за необјавени дела. Но и да е тоа, не е пак смешно?! Урнебесно станува.