Денес си направив убаво фризурче ама јас и локни тоа ти е кога во солена пица ставаш крем - не иде. А баш убаво ми стојат локни. Океј,идам да си легнам.
Јас од вчера додека скролам низ Spotify (ко noob што досеа си ја немаше хакнато ) меѓу нови и нови сѐ по хипстерски предложени артисти и бендови :
Сакам да кажам дека вечерта кога се бројат гласовите ми е омилена вечер. Сите се среќни. Сите слават. Врви вчера редица коли ес де ес дур си паткав по Драгоро. Си викам ок, ес де ес победи. Врви уште една редица коли со ес де ес знаме. Ок значи сигурно победи. По 15 минути врви друга колона и се дерат за вемеро. Одма после то ес де ес. После пак вемеро. Милина да гледаш. Сите среќни. Претходни избори за време на броење гласови пак прејако. Бев на кино, излегвам и лево слават во еднио штаб, и десно во другиот. Не знам, ме прај среќна дека еден ден кога сите се среќни е.
Eве и околу избори типична македонска слика. Едни кажуваат што се' оплескал Заев, други кажуваат што се' оплескале ВМРО, трети ругаат по Албанци. И истиот муабет цело време - името, јазикот, историјата, името, јазикот, историјата. Ниедни не бранам. Се изјаснив дека сите ми се исти срања. Ама...се заборавија изгледа и Тамара и Нешковски, Младенов, дечките кај Смилковско што длабока и болна трага оставија и за оние што не ги познававме. Ама ние пак ќе се караме за името и јазикот. Зашто политиката и сите гомна во кои пливаат и тие и народот тоа прават - да си патриот или националист ако воопшто сме тоа до еден одвратен степен што дали ќе ти пишува Македонец или Северен Македонец на пасошот и кој ќе седи на фотелја да ти е побитно од тоа да си го гледаш живо и здраво најмилото. Сфаќаме, ни Нешковски, ни Тамара не ви влијаеа на име и јазик, па ајде ништо страшно. Не сакам да ги спомнувам, ама тие деца со прерано згаснат живот беа гадната слика за другиве, ако името е за првиве.
Ова е сè што треба да знаете за претходната влада и зошто не заслужуваат ни глас ни ништо. Жално е за сите "патриоти" кои се жалат за името и ги бараат нив. Си мислат дека со нив ќе беше поинаку. Луѓе кои поминале преку убиства на млади лица без око да им трепне, нема вас да ве прашаат за своите одлуки во државата. Едит: Подобрување може да има, ама со некоја сосема трета партија. Ама со овој народ, тешко да се дојде до таа опција.
Од терапија, денес си цртав додека слушав класична музика, сосема исклучена од светот. Квалитетно поминато време во нешто што обожавам да го правам сама.
Луѓево кога стануваат родители треба автоматски да ја губат себичноста во нив, ама изгледа баш тогаш во нив се раѓа тоа чувство. Да створиш нов живот само за да се гордееш на неговите успеси, за тој да живее живот каков што ти си посакувал (а не каков што тој си замислува), за да го оформиш ова ново човече точно така како што на тебе ти одговара, да го задоиш со твои мислења и погледи кон светот и да го научиш дека сѐ друго е погрешно, па тоа е нешто најсебично е нешто најлошо што можеш да му го направиш на некого. Жал ми е за сите нас што имаме вакви родители.
Јас тебе воопшто не те сакам. Јас тебе те обожавАААм До небото и назад Порано многу погрешно мислење имав за тебе и сега се прашувам како е тоа возможно?
"Немој никако да вечераш, послушај ме и ќе бидеш убава" Океј значи ако вечерам сум грда? Спојлер Се' можеш да ми земеш ама вечерчето не го давам!!!!
Me: Сакам дечко со тетоважи низ раце и нозе. *пише ми дечко цел истетовиран со слики од икони и македонското знаме* Also me:
Боса низ "бавчичката" од 4000 квадрати. Море од зеленило и ... плодови. Благодарна. Создадена од нас. Тенот од неа ми е годинава. Среќа кренав глава, ќе врне, а тамам го поврзав системот да пуштам живот капка по капка. Ах, го заборавив и бајковитиот момент, вилиното коњче упорно ми застануваше на рамо, но се разочара веројатно - не пуштив вода, веројатно одјава до каналчињата за вадење во близина. Другарките околу мене другаруваат... се повеќе, а помалку ги лутам... не ги лутам впрочем. Сега им подавам и гола рака...а тие мирни и вредни. Утре на агенда да им одам по "гости" да видам дали се арни. И стој на глава, цела минута. Јас дишам луѓе... дишам... жива сум. Како некогаш. Викна комшијата и се спуштив, ми мавна со раката и се насмеа баш гласно, ме барала мојата 5 годишна другарка со која пст, не знаете, ама сирени сме. Па го фатив послесниот воз на Пантелејмон да го погалам Белчо пред да затворат. Да ми кажуваше некој дека ќе го допрам земниот свет на она горе, и дека ќе ја видам пошироката смисла на духовноста... Спокојот на монасите и кроткоста. Низ облаците се отвори сонце. Живот како процес... и се во него. Благодарна... И покрај местенките од секојдневието... И настан на денот, дека подобро ми оди со мажи е што сегашниот и бившите се почитуваат. Ќе прават проект заедно. Па јас сум направила топ тим уште пред да замислам кој ми бил позивот у животов. И сите до еден се прекрасни луѓе. Освен еден, по секој основ и забеганост, кој упорно сака да се наметне, но да не кварам со покварености на кои тука не им е местото.
Сдк ми се спие треба рано да станам. Легнувам у 11 и еве уште си седам 2 саат е.Само мене ми се дешава ова.
Се возам во кола со клима директно пуштена во менe. Ептен жешко ми беше и дува ли дува климата у фаца. Дечко ми 1000 пати ми викаше немој директно во тебе да ти дува, а јас му викам уживај де, не е страшно. Тој по некое време пак ми вика исклучи ја за момент, штетно е така, а јас пак инат терам. Не ни помислив на последиците и едно симнување од кола носот ми се затна. Буквално истата секунда. Толку брзо никогаш ме нема фатено, ама си ќутам пред него. Ај си мислам ништо не е. Ништо не е Џолано? Викаш ништо не е, а? Се разделивме, си влегувам дома и... Ми се појави оток во врат (воспалена жила), трески, слаба температура, носот скрос ми се затна, синусите воспалени, а и гласот ми се зеде. Ми препишаа антибиотици, витамини, курци, палци, за во нос ставање срања и да следам температура. Ме бара тој после некој саат на камера и буквално ваква бев... Буквално утрото си бев здрава и жива, а вечерта бев...страшна... Ова беше пред некое време и сега сум скоро скроз оздравена. Битно немам корона. Отсега клима не сакам со очи да видам. А, да...и отсега слушање мажот што ќе рече. Тој кога ќе викне и ќе чукне со раката на маса мора да се слуша, инаку еве со долгата коса ако размислуваш до кај ќе стигнеш