1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Станав во 6. Ја одвикнуваме од цуцла и не е пријатно.
    Тантруми и трескања. Емотивна конфликтност.

    Животов, пудинг. Вечер имам настап на Скопско лето, пред строго контролиран протокол и публика. Не ми се верува што доживуваме. А сепак ете ќе се случи. Имавме две проби, синергијата е запазена и моќна.

    На работа почнав да носам храна за неколкуте колеги. Ми недостига да хранам луѓе. Ми недостига да правам целно нешто со порака. Затната сум и вечер морам да отворам два три вентила.

    Сѐ е поинаку. Јас сум поинаква.
     
    На blackpanter, WarriorAngel, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Истооо :rofl::rofl::rofl:
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Во нашава Држава се бориме со Корона, се бориме со политика.

    СДК...кој е по силен непријател??

    Ќе се гине и од едно и од друго!

    Од болеста бар брза е смртта.
    Од политикава е долга и бавна...
     
    На blackpanter, tinka-mace, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Од денес ги оставам цигарите! Виш ми лак, ќе ми треба... :sweat:
    Иначе седам и си мислам, периодот што помина, нели со полициски часој, со многу седење дома и тако даље, можи за многумина беше тежок, ама мене лично сета таа пауза од се, убо ми дојде, ми се редуцира стресот од секојдневниот живот и некако сфатив кај терам, ајде така да кажам :f:
     
    На blackpanter, Cherry blossom89, Aqualina и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    А си видела гулаби како се тепаат, јадат трошки од леб, гугуткаат, страсно се лапаат, потоа 3-4 секунди секс да имаат и на крај да одлетаат на различни страни како ништо да не било.
    Тоа јас го гледам на мојата тераса секој ден изминативе 15 години.
     
    На Biljarkata, Cherry blossom89, LittleChili и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    2.000
    Пол:
    Женски
    :inlove: IMG_20200716_163838.jpg чувството кога дада ме држи за рака :l: ...сдк ..преубави моменти ,би сакала да не сме далеку ;(
     
    На Cherry blossom89, Aqualina, tinka-mace и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.430
    Пол:
    Женски
    СДК дека очекувам добра причина на вести, бидејќи хеликоптеров кружи саат ипол. Од сон ме извади:doh:
     
    На blackpanter, hermosa, Nightwish11 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.434
    Допаѓања:
    165.373
    Пол:
    Женски
    Два дена со ред си пуштам релаксирачко музиче во позадина, и почнувам да си читам и пишам имам уште викенд слободен за поактивно да го прам ова и ... почнувам да си „вајбам“ на музиката и заборавам се друго. „Вајбам“ ми е најлош збор ама сфаќам зошто една другарка го користи. Вистина сфаќам. Али не е се во вајбо шодаречам.

    Арно не пуштив мислењето, свртив да видам шо песна ми се бендиса:
    upload_2020-7-17_12-27-38.png

    Ок.
     
    На Lella, Nightwish11, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  9. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Да верувам ли во изреката Што е мое ќе си дојде?
    Или да се обидам да го зграпчам тоа што мислам дека ми следува, па по цена повторно да бидам повредена?
     
    На Veta, H.VAGA, Nightwish11 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Верувај во "што е мое ќе си дојде".
    Свесна си дека можеш да се повредиш. Немој..
     
    На blackpanter, prominent и LejlaD им се допаѓа ова.
  11. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.778
    Допаѓања:
    9.929
    Пол:
    Женски
    Можеби баш тоа што можеш да го зграпчиш ти е намерно на дофат затоа што е за тебе... :) Go for it :l:
     
    На Ahoy, H.VAGA, Nightwish11 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. DojaCat

    DojaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да биде твое, стани и земи го!
    Не можеш да чекаш да дојде нешто што си замислила дека е твое, а да не правиш ништо за да го добиеш. Никој не може да ги заврши твоите работи, да ги исполни твоите цели, освен ти.
    Можеш да седиш вака без врска и да чекаш, бидејќи си на „сигурно“ дека нема да бидеш повредена и да реализираш 100 сценарија во глава или пак да станеш и да се потрудиш тоа што го посакуваш да го добиеш. Не за џабе поставуваш вакво прашање. Ти значи. Без разлика колку се спремаш за најлошото, не можеш да го одбегнеш бидејќи во некои ситуации е inevitable. Не треба да те спречуваат ваквите мисли, така никогаш нема да дојдеш до убавото ниту пак ќе го искусиш. Не се плашете од тоа да бидете повредени. Знам дека е тешко доколку сте биле повредени многу пати но вака ако се чувате од болка и од животни искуства кои баш треба да ги пребродите во животот, бегате и од убавото. Не му дозволувате да дојде бидејќи пробувате да си го заштитите срцето.
    Некои работи се за вас, некои не се. Не можете да знаете додека не се потрудите прво да дојдете до нив. Проми, гоу фор ит:hug:
     
    На *Amethyst*, tinka-mace, Nightwish11 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Поради пусти пари и гордост, децата си ги изгубивте. Еден ден можеби ќе се освестите и ќе ви е криво за тоа што денес го направивте, ама времето и зборовите и болката не се враќаат.
     
    На Aqualina, злоба, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  14. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    @edna_malecka
    @*Amethyst*
    @DojaCat

    И сепак, решив да се обидам, по цена да бидам повредена. Свесна сум дека ништо не е сигурно во животов, ама па нема да биде интересно без малку ризик и неизвесност.
    Инутицијата ми кажува дека ќе биде добро.
    Немам што да изгубам во ситуацијава, а долго време одложував, не сакам да губам ни ден повеќе. Времето не се враќа...
    Ви благодарам за советите:l::l::l:
     
    На LejlaD, LittlePinky, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  15. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Што и да си одлучила.
    Ние секогаш сме тука за тебе и те сакаме најмногу :l::hug:
     
    На LejlaD, *Amethyst*, Nightwish11 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Уживам кога немам обврски и кога вистински можам да здивнам.
    Штета што сѐ што е убаво кратко трае.
     
    На LejlaD, Cherry blossom89, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  17. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    3.761
    Пол:
    Женски
    Кажи како и јас да ти се придружам?
     
  18. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Па не ни требаат!!!
    Иначе јас ги пушам (пушев :D) на нервна база хаха, имав различни периоди, некогаш кутија и пол на ден, некогаш само три четири цигари... Можам и без ич!
     
    На LejlaD, LittlePinky, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    3.761
    Пол:
    Женски
    Е па супер, мене ме штипе мозок. Иначе да, не ни требаат ич. Ај ќе пробам.
     
    На Fluffy^-^ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Дома. Арна. Едвај чека да се пресели и се сеќава меѓу другото зашто се селеше.

    Многу бе негативна енергија во воздухов. Ама многу. Налет се што се случува, ама ако не можеш ни кафето (од Африките носено ама кој тоа да го цени) на раат на мало удобно терасиче да си го испиеш и да се израдуваш дека ти се може, џабе се друго.

    И мозокот и јајниците денес не се на место. Сега еден аперол ќе ги оправи.
     
    На LejlaD, Biljarkata, Nightwish11 и 2 други им се допаѓа ова.