1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    32.556
    Пол:
    Женски
    Можеби би било поубаво, којзнае, но дали тогаш би биле свесни за тоа? Свесноста е она што нè дели нас луѓето од останатите животински видови.
    Извини што те цитирав, но ме замисли искрено :D
     
    На Rama и Ste Fani Ja им се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.847
    Допаѓања:
    15.721
    Пол:
    Женски
    Која будала тргнува на пат во 3 ноќеска???
    И тоа каде?
    За Охрид ...
    Боже, дели памет.
     
    На FallenAngell, Rama, minne992 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    Основата на една цивилизација да функционира како шо треба е ОДГОВОРНОСТА.

    Треба да бидеме не само за нас, туку и за тие околу нас одговорни и во секоја смисла и поглед.

    :bow:
     
    На FallenAngell, Cherry blossom89, Peperutce1115 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Македонците 'се хранат' од навредување и исмевање на секој и се' што не е тие.
    Толку да се немало за што да се разговара, па да морало постојано некого да се оговара.

    Најдете си продуктивни занимации.
     
    На FallenAngell, Feminka192, Cherry blossom89 и 16 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Најподло нешто е да оговараш од страна и да ги тераш другите да бидат тоа што си ти.
    Глума,лицемерие....
    Ко да немаш право на живот, мора другите да ти го диктираат.
    Им смета се, што јадеш,што пиеш, носиш, комуницираш...
    Амаа... огледалото за себе го зарабовиле во фиока.
    Еден поглед би сменил се.
     
    На FallenAngell, Rama, Herrera и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    „Кога ќе станете наутро, помислете на тоа колкава привилегија е да се биде жив, да се мисли, да се ужива, да се сака.“ – Маркус Аурелиус :u: :l: ... :punch: :talk: ...
     
    На FallenAngell, sweet-cherry, Cherry blossom89 и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.588
    Допаѓања:
    79.109
    Пол:
    Женски
    Тема: Совети од машка страна за сите женски. Еден куп коментари (совети) од женски, тук таму некое машко. :D
    Тема: Совети од женска страна за сите машки. Штама. :D
     
    На FallenAngell, Regina.Phalange, Peperutce1115 и 18 други им се допаѓа ова.
  8. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Во темата ,,Слики од вашите миленичиња", ставам лајк на сликите уште пред да скролнам нагоре за да ги видам. :D Без сомнеж, сите се преубави, најпозитивна тема. :inlove:
     
    На FallenAngell, sweet-cherry, Cherry blossom89 и 25 други им се допаѓа ова.
  9. DojaCat

    DojaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Наместо да пробувате да ги промените луѓето во вашиот живот, потрошете го тоа време на работење на себе. Научете повеќе да се почитувате, ставете си лимити и граници, работете на вашата самодоверба.
    Не можете сите луѓе кои ќе ги запознаете и кои не ве почитуваат, да ги учите дека сте вредни за љубов и почит и да ги молите да останат во вашиот живот. Доколку имате поставено лимити и доколку знаете колку вредите, тогаш ќе знаете дека не сите луѓе ќе ве сакаат и почитуваат и тоа е сосема во ред, се додека не дозволите да се во вашето секојдневие. Нема ни да ви биде важно. Ќе научите дека љубовта и насилството не се сестри близначки. Ќе научите дека поубаво е да шетате сами отколку со луѓе кои ви фрлаат камења на секој чекор. Ќе научите дека не можете да го контролирате однесувањето на другите, но можете да ја контролирате вашата реакција.
    Бејби степс. Комплициран процес кој не може да се случи преку ноќ. Искоренување на сегашните проблеми и self doubts, најчесто враќајќи се во детството. Контролирање на работата на потсвеста. Никогаш не е доцна да се почне.
     
    На FallenAngell, Cherry blossom89, Peperutce1115 и 14 други им се допаѓа ова.
  10. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Дождот обично ми предизвикува меланхолија, но овојпат не е така.
    Не ми се верува дека ова ќе го кажам, но едвај ја чекам есента. Се надевам дека ќе биде поубава од ова лето...
     
    На FallenAngell, sweet-cherry, Cherry blossom89 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. teaiva

    teaiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    524
    Што убаво разлади,конечно се дише.
    п.с.што му требаше да грми.
     
    На Cherry blossom89, Rama, minne992 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Ги викаш на гости.мерак ти е да ти дојдат,прво нешто одма почнуваат,абе а колку пари ти е Масава,а Кујната,а Шанкот,абе а колку пари ти е Компјутерот,а ова колку пари,абе ке ве убие таа пуста љубомора,ке ве убие тоа зошто,друг да има а ти да немаш,проста маса бевме и секогаш ке ни остане таков Менталитетот.
     
    На FallenAngell, eliesaab, Feminka192 и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Може на Марс да се качи и тоа што си носи во душа и ќе го однесе и ќе го врати. Џабе сиот напредок што ќе го види и што ќе се помери од место, ако не сака да напредува, да научи, да се развива. Во последно време често размислувам колку е жално на крајот од животот да сфатиш дека ништо не си постигнал на духовен план, си јадел, с*рел, си склепал деца и толку, ништо, ама буквално ништо не си оставил за да те паметат прво најблиските, а потоа другите. Или уште полошо потајно те зборат само за лошо и ти се чудат на паметот со зборовите- еј колку можеше а види како завршува. Страшно, кожата ми се ежи кога мислам за ова плус со оваа некоја дождовна меланхолија се осеќам како во друга димензија. Страшно. жално, ужасно.
     
    На Feminka192, Herrera, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  14. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    32.556
    Пол:
    Женски
    Само на форумов може да се сретнат толку дијаметрално различни ставови. Во една тема се зборува за self-love, body positivity, се осудуваат навреди, а во друга тема сосема е нормално да се навредува некој член. Жално навистина :|
     
    На FallenAngell, Regina.Phalange, eliesaab и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.046
    Пред некој непотребно да се пронајде во постот, не се однесува кон никого на форумот, тука сепак е место за таква намена - да се препираме и дискутираме. Си го вадам само капакот на денот од себе.


    Не можам да разберам возрасни луѓе кои се способни да држат лутина, безобразие и да даваат незрело однесување. Спремни за препирање постојано. Постојано во се гледаат некаква неправда кон нив и некој нешто намерно им прави.
    Зошто имаме јазик? За да комуницираме и да се најдеме на пола пат.
    Ако со некого немам заеднички јазик, не се разбирам, барам решение и го сослушувам, а не го мразам до бесконечноста. Можам да изгубам почит, но не можам да му го негирам постоењето.
    Ако нешто не е по ваше, сослушајте ја другата страна, можда навистина не може така како што сте наумиле? Ако не сте спремни на компромис и сакате нешто со сила, не се разликувате никако од силувачите. Исти сте.

    Не сакам луѓе препирачи, луѓе кои не сакаат да сослушаат, луѓе кои не прифаќаат сугестрија, ни па се способни да разберат. Како да ви кажам, да, има расипани луѓе, ама некогаш навистина од другата страна не ти прави нешто за инает, не ти прави од злоба, не ти прави од расипаност.

    Луѓе кои не проценуваат добро кога и кого, каде треба да стават некого пред свршен чин, ме уморуваат.
    Или моето или ниедно... Па и затворени за опции. Како живеете? Дали сте способни да земете предвид размислување поинакво од вашето? Дали сте способни да смените мислење ако ги чуете аргументите, а не вашето субјективно чувство? Ако сите ви велат едно, а вие сте сам против сите, да може да се случи да грешат од едноумие, но некогаш запрашајте се - да не сум јас во заблуда? Да не сум јас фрустриран? Да не сум јас токсичниот? Да не грешам?
    Сите понекогаш сме токсични, лоши, во заблуда и фрустрирани. Ако полесно го надминувате егото во ваквите ситуации, полесно ќе надминувате се.

    Не можам, едноставно не можам да разберам луѓе кои се способни да се караат и препираат, отворено да обвинуваат некого на прва и при тоа да го сведочам истото. Ми се повраќа.
    Излезете од фиксацијата дека нешто е ГАЗЕЊЕ во вас. Најчесто луѓето не мислат така... не дека нема, но најчесто... не размислуваат така особено ако немаат никаква врска со вас. Постојат газачи, но тоа е веќе кога лично веќе сте инволвирани.

    Ми ѕвони уште во главата реченицата - не ме интересираат вашите работни проблеми, јас имам приватен проблем. А како мене ме интересира тогаш твојот приватен проблем за кој душата ја дадов и направив се во моја можност, буквално се и повеќе од тоа што треба.

    Почнав да калибрирам незрелост и да ми се уклучува ред алерт секогаш (не генерализирам, но пазам) кога ќе чујам од возрасен - не дозволувам да газат по мене, не ме интересира твоето мислење, кој е овој или оној мене така да ми збори, не дозволувам секој да ми се обрати и слични изрази кои би ви паднало на памет. Речиси секогаш да знаете имате работа со незрел и фрустриран човек. Зрел човек нема потреба тоа да го каже (иако со чест на исклучоци сите ги користиме тие изрази кога ќе ни прекипи, не е генерализација, се случува во секојдневието, ама ако упорно има некој таков гард и постојано се повторува, онда... тоа е тоа).
     
    На calliope, FallenAngell, crimson и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека има луѓе кои се шегуваат со несреќата во Бејрут. Црн хумор било.... (facepalm)
    Не ме интересира дали е црн, бел или шарен едноставно за некои работи треба да се има граница.
    Со ваква голема несреќа не треба да се шегуваме, напротив треба да научиме нешто од неа за утре да не се случи и кај нас вакво нешто.
     
    На Cherry blossom89, Ste Fani Ja, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.397
    Пол:
    Женски
    Извини што те цитирам, ама морам да те дополнам.
    Кога ќе дојдат гости ако имаш нешто ново те прашуваат колку пари е, ти завидуваат и прашуваат од каде си ги нашол парите.
    Ако немаш ништо ново те сожалуваат сиромашен си бил.
    Секогаш ќе дојдат модни експерти за да ти кажат што да си купиш.:drunk:
    Една од трите причини зошто не сакам гости е баш ова.Само моите дома не го сфаќаат тоа и ми канат гости.
     
    На Cherry blossom89, Rama, teaiva и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Колку само не ми се оди на
    I hear you...
    И врв на безобразие: ау од кај бе пари за се ова!
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.906
    А, јас кога идам на гости и кога и кажам честито и кога се прават наудрени. Не сакаат едно фала да кажат.
    Има и домаќини безобразни.
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Може да искоментирам јас за некултурни домаќини?:rofl:
    Не некултурни, не знам како да ги наречам.
    Ми се има случено да си отидам од гости од кај некој и тој/таа да приметел некоја флека на мебелот/чаршафот/тепихот што веројатно стоела подолго време и ти се јавува и те обвинува упорно дека ти си исфлекал. Ти се правдаш не си истурил ништо, он упорно ти збори зашто никогаш он не прљал, мора да си ти. Буквално се испокарав со една личност за ова за на крај да испадне дека флеката си стоела таму со месеци, ама она не ја приметила до тогаш. Абе сигурно:^)
     
    На Autumn_, Regina.Phalange, Cherry blossom89 и 3 други им се допаѓа ова.