Да беше Италија, Шпанија, Америка , одма ќе се сменеа профили на фејсбук со текст #prayforUSA #prayforITALY #prayforFrance Е не дај боже да се деси било каква ексползија во друга земја , еве на вестите кружи за Бејрут и чудна работа бе, ги нема никој да стават знамиња, никој не пишува никакво сочувство. Брееееј колку без осет народ се нашиве .....тоа посебно го потенцирам кај македонецот оти први се нашиве да сменат знамиња, као демек у знак на жалење. (исклучок од ова ми се бившите колешки стјуардеси кои споделуваа статуси со жалење за загинатите во Бејрут) А останатите, ма не бе, нека цркнат овие од Бејрут, тие не се луѓе, не заболе на сите Стојко, е ако де. , имало експлозија, исто како да заврнало дожд, тотално без никакво сочувство и седнав да видам си велам може на форумот фемина ќе спомне некој нешто, одлично , на сите ги заболе. Пак ќе речам,,,,, се осеќа кога си имаш омилени држави, кога си имаш омилен лик и само за таа и таа личност макар форумска ќе ти е жал, а за другите , ама баш ве брига, нека умрат сите по ред, исто ви се фаќа. И по 2837403400330 пат повторно и повторно ќе јадам гомна за Македонецот, толку катил народ нема да се роди. Пак ќе речам, да беше друга државичка одма се молите, жалопојќи ау мау , ама сега овие не се битни, одма игнорирате како се да си тече, како да нема загинати, ехеее, ајде музика да пуштиме, оп са са Мрш !!!! п.с. Ми ја нема @Gosh - не си ти мразачка на луѓе, туку оние кои глумат и глумат и ќе си умрат глумици. ауУУ ама сум накурчена, ма све у пичку матер
Катастрофата во Бејрут не е прва од ваков вид. Не знам колку треба да си глуп за да тупнеш магацин полн со експлозиви во населено место, притоа да нема никаква контрола таму долго време. Било барано да се премести магацинот некаде подалеку од урбаниот дел на градот, никој не направил ништо, Уште не е разјаснето што точно стои зад ова и кој ќе сноси одговорност, засега толку кажаа. Имаше и снимка од зграда многу блиску до магацинот. Друга снимка од кола и во моментот на експлозијата се активираат воздушните перничиња. И да не си доволно блиску за да те зафати директно експлозијата, шок-бранот може буквално да ти ги распрсне органите. Нека им е лекција на сите. Хемиски фабрики и такви за експлозиви и магацини со опасни супстанци не се лоцираат сред населба. Кој сака да работи таму, нека работи. Нека се поштедат останатите. Се збори дека и во Охис со години се чуваат огромни количини на вакви опасни супстанци, а прашање на време е дали ќе бидне некоја катастрофа. Со хемија нема играње. Нека почиваат во мир жртвите
Се согласувам со твојот пост, меѓутоа сакам да додадам на овој дел. Некогаш е поубаво да молчиш отколку да постираш на Фејсбук „Сите се потресовте за Бејрут, но да ве потсетам дека ние во ОХИС имаме темпирана бомба за која никој не се грижи“. Нула емпатија. Секогаш знаеме да си го бутнеме носот онаму каде што не ни е место. Срамота до бескрај. Либан се соочуваше со ред други катастрофални работи уште пред да се случи оваа експлозија. Се поради корумпирана влада. Народот таму е изморен. Животите на луѓето не треба да служат како „лекција“ на никого.
Toa што имало немири во никој случај не треба да им служи како тешење на тие што биле неодговорни. Демек и онака умирале луѓе, што има ние да се секираме за една експлозија Ова можело да се превенира ако некој паметен го преместел магацинот. Тоа се барало, не се случило.
Погрешно ми го интерпретираше постот. Во никој случај не треба да служи како тешење тоа што и претходно умирале луѓе. Надлежните се криви. Корумпираност до бескрај. Но, заради ваквото однесување на надлежните не треба невини луѓе да служат како лекција.
Културното однесување e доблест на една личност. Колку и да е човек паметен, колку и да е убав,колку и да е образован, доколку не знае да се однесува тогаш се друго паѓа во вода...
Абе ке речеш нов стан,мерак ти е да ги викнеш,да видат кај си,што си,е тек тогаш им го гледаш вистинското лице,одма од каде пари,колку пари,зашто вака,зашто така.Абе на луѓето крајот неможеш да им го најдеш,секакви ги има.А кога тонев во депресии,бедови,проблеми домашни,е тогаш сите беа зафатени.
То разбирам, не можеш да предвидиш што се' некој може да изблебета. Ама сега веќе виде... Затоа уште еднаш нема да ги викаш.
'Nisam jela ni kobasice ni slaninu niti pusila cigarete, ni pila alkohol.Tuga je ta koja je najkancerogenija, nje sam pak imala u galonima..' Реченица која често ми одѕвонува во глава кога ќе ми текне колку самите си ставаме терет на душата за се' што треба и не треба. Почивај во мир Исидора Бјелица.
Премногу прекрасни ликови под ракописното перо ја напуштија земјата. Ќе им пишуваат молитви на Господовите рајски книги,ќе испеат божја песна. Чиста ко злато и проѕирна ко солза,летај високо во свет каде нема болка и проблеми. Свет создаден само за среќа. Rest in Peace Isidora Bjelica.
Во какво време живееме Повеќе од 24 саати 60% од градот нема вода. Сред пандемија. Вриев од нервоза и вчера и денеска очекував да дојде ама ништо. Ова не се услови за живот.. Па ова не е нормално, од завчера се немам искупано, а имам и обврски низ град не можам од дома да излезам. Среќа на работа не одам. Кај да одам да се искупам?! Вода ајде, ќе купам, ама садови како ќе измијам, раце како ќе мијам, тело, коса... без вода во денешно време не се живее. Важно сметката секој месец ни ја трупаат на врата. А толку се дрски, ни на телефон не се јавуваат. Сакам да прашам дали и денеска цел ден нема да има вода. Да знам да одложувам обврски. Ама не. Никогаш до сега во животов не ми се случило два дена вода да немам дома. Живци ми корне.
Фемина постои одамна и многу нови членови кога некој се рчкаат се као „втф луѓе?“ ама дали знајте зошто? Фемина има предолга историја на драма. Затоа со @Ketchup планираме да прајме tea spill канал и да кажиме се, јавно! За сите да видат недеканепишинафемина ама ај. Не секој има време да ровари низ минатото! Дали вреди да пишиш на Фемина за време на контракции? ВИДИ СЕГА ( NOT CLICKBAIT) Дали јас сум Кара Миа? Специјално издание со сите банирани корисници! Приказната на мањак од Фемина кој постојано се враќа зошто не можи да ја најди својата Клеопатра. ОГЛАС Ни треба некој кој ќе ни едитира видеата, веќе имаме вработено inside source кој ќе не потсеќа на драмите оти ние сме само презентери и сме по малку забораени. Поздрав inside source те чувам тајна за да не те корумпират! Спојлер За оперираните од хумор, ова е мајтап.
Доаѓаат со болка,им ја санираш болката ,па ти велат ај види и овде , ај сега и тука, а цехот се зголемува,за на крај да ти кажат ...А ти сеа може да не почекаш еден месец? Ок луѓе сме ке почекам..и така минуваат месеци и месеци ..во меѓувреме сменуваат број, претрчувааат пред тебе ако имаат работа у близина,а никако да им текне дека се должни,или се праат на тошо...толку ли се луѓево без срам и совест .Си му напраил услуга у моментот ,а после кој те шиша. А ке ти се јават у 5 сабајле и у 11 навечер у недела да дојдеш да ги спасиш од болка.....СОВЕСТ???За твои пари да се препотуваш и срамиш како да ги побараш,и таман си собрал храброст ,коа телефонскит број не постои .( блазе си им што можат да спијат мирно) П.С.Кај муслиманите има верба дека на оној свет не се иде со долгови,имаше човек кој доживеа инфаркт ,и дур беше во болница ја прати жена му да плати сегде каде што должеа,во слушај да не си оди на оној свет со долг,а сиромашки луѓе . Фала богу си преживеа човекот...на чесните души и бог им помага.
Пишувам тука затоа што сметам дека е една од најчитаните теми. Штотуку разбрав за еден дебил дека учествува во борби со кучиња односно неговите ги носи. Какви се казните во Македонија за тоа? Колку сум јас заштитена во целава работа? Имам жестока дискусија дома затоа што сакам да го пријавам меѓутоа домашниве се научени на наведната глава сабја не ја сече и дека ако го пријавам истиот ќе прател луѓе и не знам таму што, па затоа се интересирам. Има ли тука активисти за правата на животните? Што може да се направи? Го видов кучето жалосно е да се гледа. Претходно истиов овој монструм ми утепа мачка со пушка во мојот двор од забава.. Многу сум вознемирена, целата се тресам...
Бејрут ова што се случи е катастрофа, резултат на апсолутно неплански складирање на експлозивни материи, лактање и фокус на лапање на пари место тие пари да ги оправдаат и да го санираат тоа пред да е предоцна. И кај нас којзнае што се заташка тогаш со Охис што истекоа тоа враговите, кој ќе ти каже. Мислам дека @fana ја читав тогаш дека тоа гомното што кажуваа дека се истури не ни мириса така, туку веројатно нешто многу, многу поопасно беше. Све се заташка тоа, а зошто се случи? Пошто цеквите којзнае колку биле стари, нормално кога нешто е дотраено дека ќе откаже во било кој момент. Тоа што ѓубриња гориме од кај све не, што у зима сме најзагаден град у светот, во Дрисла нема што не гори, ама кога не се ВМРО/СДСМ организирани протести сите сме слепи и глуви. Епа сеа тоа е. Се здрвив кога прочитав. Од мала ја памтам Исидора, кога мајка ми ја гледаше на телевизија, па уште од тогаш ми падна во очи со својата ексцентричност. Жена меѓу волци, ексцентрична, своја и уникатна, отворена за својата болест и со многу, многу совети кон жените и младите. Штета, премлада, 52 години. Има некои луѓе како Робин Вилијамс, Честер од Линкин Парк, па и Исидора ме здрвуваат со нивните лични трагедии. Нека почива во мир.