Морам да признаам, како мала, класично детиште, прв пат кога ја видов, си реков - Боже, колку е грозна женава. Кога зборуваше отворено за сексот и како се сексала со мажот и на машината за алишта додека вртела центрифугата...си викав, какво е ова чудо. Со текот на времето, колку почесто ја гледав и слушав, се повеќе и повеќе се навлекував на неа, во се' некако ми беше посебна. И во стилот, и во изразот, во мислата, начинот на кој го живееше животот... Мислам дека нема веќе таква личност на Балканската јавна сцена. Уникатна во секоја смисла, баш како од некој друг свет. Многу, многу ја почитував и со радост и ги гледав интервјуата.
Не знам дали е соодветна темава ама ајде. Наредната недела ми е роденден и сакам да одам во некој кафич да го почастам друштвото коктели, значи 4 души ќе бидеме што е таман. Сакам во некој кафич кај што има добра странска музика хитови странски. Кажете ми предлог за таков кафич. Јас се мислам за бродот на среќата или коктел бар. Да е лабаво местото некако. Предлог друг? Фала однапред!
СДК кога еднаш ќе го изустиме зборот тој веќе не се враќа назад во нашите усти, за секунда можеме некому да му го подобриме расположението, а на некому да му го уништиме, се е во тие мали секунди, мали а толку значајни...ама кој да сфати....Живот, ете
Почивај во мир Исидора Бјелица Najpoznatiji citati iz knjiga koje je napisala: „Uvek misliš da se preljuba, kao i smrt, dešava nekom drugom. A onda jednog jutra shvatiš da je došao red i na tebe.“ „Postoji samo jedna prava tragedija u životu žene – činjenica da je njena najveća ljubav njena prošlost, a njen muž neumitno njena budućnost.“ „Verovala sam da smo dve pronađene polovine, sa njim sam mogla da trpim sve, i besparicu, i bedu, i bolest, i policijsko proganjanje… Prvi put sam shvatila šta znači kada nekog voliš potpuno, do kraja, bez zadrške, predumišljaja…“ „Nama ženama potrebna je lepota da bi nas muškarci voleli, a glupost da bismo mi njih volele.“ „Prvi znak starosti je kada ne mozes vise da kontrolises svoje misli, poslednji kad ne mozes da kontrolises svoju mokracu“. „Nisam jela ni kobasice ni slaninu, niti pusila cigarete, ni pila alkohol. Tuga je ta koja je najkancerogenija, nje sam pak imala u galonima…“ Pročitaj više na: https://www.biografija.org/knjizevnost/isidora-bjelica-pajkic/
Срцето кажува да, разумот негодува. Пак сум на истиот крстопат. Не сакам пак да се изгорам од истиот оган. Знам дека е бесполезно да се борам против чувствата, не знам до кога ќе се правам ладнокрвна. Морам сама да си помогнам, никој друг не може...
Луѓе озбилно мислат дека можат да си ги пуштат децата на училиште и дека истите ќе издржат со часови на училиште да почитуваат протокол со дистанца и маски, како да не виделе никогаш во животот дете, ниту пак биле деца. И после ќе речат не можеш да збориш ништо ако самата немаш деца...
Баш така ќе биде. Дури и на часови ете да носат маска на одмор би се групирале и логично ќе ги извадат маските за да јадат. Не се само децата во основно исто така и тинејџерите не би носеле маски за да испаднат мангупи. Физичко присуство на настава би донело до зголемена бројка на заразени.
Се согласувам апсолутно и тоа не е во ред, ама кое е решението? Што правиме со децата чија едукација треба да е најклучна до сега, оние што допрва се учат да пишуваат, читаат, што учат да сс учат? Онлајн образованието нема никогаш да биде блиску до физичкото, јас не можев да се фокусирам 40 минути од лаптоп, а не па едно дете. Не се сфаќа сериозно школата кога е од дома. Имам доста помала сестра и моите сме во голема дилема пошто стварно нема идеално решение. Во школа најлесно се пренесуваат вируси. А другово пак може да има огромни последици на образование на детето и иднината. Низ какви циркуси минавме со сестра ми кога завршуваше школската година, повторно исто би било.
Гледа Господ. Да знаете, вашите солзи за некого, ќе го стасаат истиот и ќе му се наплати дупло. Од искуство кажувам. Господ ги реди работите. До пред некое време форсирав работи, но откако 'ги пуштив' доста работи се согледаа. Ем помирна сум ем се. Само опуштено.
Никако не бива. Исто и јас сум нервозна поради темава бидејќи што и да одлучат ќе ме опфатат и мене како студент. Јас мислам дека може до Нова Година да биде онлајн, ама не онлајн кој колку сака да предава и дали сака, туку да мора. Да се анкетираат родителите дали имало предавање и сите што не го одржувале да земат половина плата, е тогаш ќе се средат професорите. Тие најмалите може да учат неколку месеци со нивните повозрасни дома. Учениците од основно и средно слушајќи предавање ќе ја запаметат лекцијата немаат толку обемен материјал. За студентите не би да коментирам возрасни лица се. Сè се може ако се сака. Останува да одлучат дали ќе биде во преден план здравјето или образованието.
Ова говно пак врне. Достаааа више... Размишљам, како може секојдневниот стрес да те сроза. Порано ќе уживав. Сега мразам шо е вакво зошто од стрес не можам да се опуштам и да уживам, па одлучувам да го нејќам. А ноќеска се спиеше божанствено.
После малоумниот избац на Панчо и госпоЖата што го поддржа на инста, и после пола лето поминато у фармерки, завчера си искочив у фустанче и одамна не сум се осеќала толку секси
Деновиве се будам и уживам farniente, буквално. Малку измешани мисли за што ќе биде, спремајќи се за еден гоооолем вртеж околу сонцето Ама со оваа надеж и позитива, нема да се може лесно. Подржувам се' хармонично и така ќе биде. Ме интересира само како ќе стартува, дали ќе го пречекам како зовриена во лонец со капак или нешто умерено? Но, што не сум надживеала? Ова тело неколку пати на тивко се вареше, се динсташе до последно и се излиста од слоевите. Дур не ми дојде ум , да речам доста е, ја научив глупавава лекција . Излегов како нова, преубава, абе сега родена Навистина се спремам, ама не наоружана. Оти бетер ќе биде. Спремна мировно и тивко да си плутам по силна вода
Јас мислам дека не мора да биде мајтап, дефинитивно е нешто што може да го направите. Што да не? Сигурно ќе имате гледачи, Идејата ви е одлична, напред дечки. Имате поддршка. Мислам дека супер side project може да ви биде. Кога некој е збунет зошто Вајлд е банирана на пример, на вашиот канал ќе дојде и одма ќе знае
Абе то се супер али и ние не знајме оти е банирана. Или некојси член баниран после ден шо спомна @Bubce38 во Прашања за форумот. Додуша којзнај, можи inside source знај. Инсајд, лп ако знајш.
На почетокот ми беше интересно кога ќе наидев на пост во групите кој гласи вака: “Каде врне?!” И во коментарите гледаш по некое мислење,слика,видео. Сега во секоја група: “Џенкии каде врниии”, “Женски овде се истури кај вас како е..”, “Женски утоп стана се,ова не е нормално”, “Џенкиии заладиии убо ќе се спие вечер хехехенцеееее”. Уште никој нема прашано “Кај ми е сонцето”.
Читам коментари на постот за 27силувана девојка и сеуште не можам да верувам какви будали има со какво размислување заглавено во 15век... Уште пожално е тоа што и девојки ја напаѓаат жртвата со типот на коментари”сама си го барала”; “се знае што се прави во хотелска соба”... во прилог дел коментари Автоматски ако една жена оди во танга или па куси пантолони бара да биде силувана оооо боже
Кое дно си го достигнал кога кажуваш како малолетна личност може да ти го упропасти животот заради облекување?! Тажно што такви ставови не се само кај нас присутни, низ цел свет се. Само некаде повеќе некаде помалку. Да си го кажам своето... Ја делам болката на луѓето што изгубиле член на семејство, пријател, милениче, било што од материјална вредност. И заедно со тој некој ќе го колнам сторителот и ќе му ја посакувам погодната казна, макар таа била смрт. Ама никогаш нема да ги разберам и поддржам тие што им посакуваат зло, смрт и болести на нивните деца или блиски. Ова е нешто што не можам да го разберам кога ќе слушнам таква клетва - да му ____ најмилото. @Sejfullai жал ми е за мачето, твоето мислење само ме потсети на ова, не дека тебе те имам погрешно сфатено.