Ми недостига, многу, сакам да го гушнам и да му кажам да одмори малку, да го слушнам како се смее, да му речам дека дада ќе среди...Прв пат во животов сакам летово да помине најбргу што може за да ми се врати дома.Луѓе ако верувате го мислам деноноќно, добар ли е, одморен ли е, тажен ли е, среќен ли е...абе срцево ќе ми пукне од емоции...А се карам на мајка ми да не го мисли толку ако го нема 2-3 дена да се јави, јас нејзе ја тешам, а немате поим јас колку сум загрижена. Тој ми е најбитен во животов, искрено ми се плаче што не е тука сега, па макар и ме прекинал во филмскот маратон за да игра некоја игра... Нека се врати само жив и здрав, јас некако ќе прогурам до септември.
Ако ме прашаш за бојата на ноќта ќе ти речам дека илјада бои ја бојат, илјада мисли ја живеат, исто толку допири ја движат. Ако ме прашаш што е љубов,ќе ти речам дека можеш само да ја живееш. И никогаш доволно со зборови,да ја опишеш. Ако ме прашаш каква линија има насмевката,ќе ти речам дека неа,срцето ја црта. Јас и денес знам дека бурата и сенките имаат секогаш иста боја. Јас ноќва пишувам,парче хартија,ветрот да го разнесе,ноќта да го обои. Стихови. Во темнината ти ги гледам дупчињата на образите. Во срцето мелодија,толку што понекогаш мислам дека сум болна од среќа. Во светов,светови,безброј,исто како боите на ноќта.
Не знам дали да влезам у фулм во кој женската со актовка е ужасната од батката со дебел златен ланец на шанк, кој пробува да и плати пијачка а оваа демек е јака штикла и од високото добро утро, па нешто се припичава, превртува очи, повраќа во себе додека се труди да задржи надворешен изглед на префинета дама. Но нешто одвнатре е труло, само што цурата никако не си признава, туку продолжува психотично да изиграва кариеристка и да верува дека гази се пред себе, но ако подзастане, ќе види дека едната штикла и е скршена, ама од пуста гордост, ќе замислува дека е се во ред, а не е. Не е во ред со нејзиното мозоче кое болно пати за внимание. Не е проблемот со батката со златниот ланец, тој е споредна улога, за да помогне во сценскиот настап, битна е главната "хероина". Не можам да се филмам така бре, секоја им чест на таквите, никогаш нема да излезат од својот лажен свет на совршенство и нема да ја тргнат маската што им ја покрива расипаната душа и опсесија со себеси, секогаш ќе живеат во лажна, навидум совршена слика за себе. Намерно влегов во филмов, испровоцирана од една актерка, која можеби добро глуми, но остава празнини и се разоткрива. Таквите не посакувам да се променат и да станат мајки терези (во стилот на Енџи Џоли ), туку сакам да ги видам со скршена штикла, на дното, како се борат да испливаат од својата нарцисоидност и плиткост. Себична сум, знам, ама уживам кога ги разоткривам и сфаќам колку се бедни.
Се се врти во круг веќе цела вечност, едно нешто побарав.. само едно нешто и само тоа не го добив, барем малце и јас да бидам среќна... Ми се смачи веќе цело време истото, само плачам, само ме повредуваат сите.. не можам повеќе да издржам.. не сакам да живеам повеќе вака.. ова не е живот.. подобро да умрам, и онака на никој нема да му биди грижа ако ме нема
Еден голем поздрав до сите феминки кои се сеќават на мене не сум била долго време на овој феноменален форум, ама од оправдани причини :О сите феминки се супер и сите ми недостигавте <3 <3 <3
Прекрасно се чувствувам! Со mileystar бевме да трчаме сабајлево, и морам да не' пофалам дека ептен сме издржливи! Ко за беља прв пат по цел месец облак видовме денеска, како да сакаше да ни каже нешто , ама не се откажавме толку лесно. Ај што сто пати се сопнавме (без преувеличувања ), ај што едвај издржавме да не паднеме не сред пат, ама цел километар ипол истрчавме. Можеби не е многу, но да имаше нешто подолу од почетник во таа категорија би припаднале, така да се гордеам и со тоа што започнавме. За во иднина, се надевам дека ова нема да биде уште еден пропаднат обид за промена. И едно позравче до неа. Тортичка моја.
Ооооо оној момент кога после толку капки какви капки литри пот ке ја земете првата плата ... За прв пат во мојот живот нешто сама заработив, за нешто сама се испотив , нешто сама спечалив Дојде време прва плата да се зима ,ај нека ми е со среќа да ми се множат, и плати и успеси... И апел до оние кои седат дома само да кажам... Не се жалете дека нема работа , работа има ама ЗА ОНОЈ КОЈ САКА ДА РАБОТИ ! Дома нема никој да дојде и да ве моли да земете пари.... Заскукајте ги ракавите и кренете некаде да работите... Според мене само лицата со посебни потреби неможат да работат ( и тоа оправдано е ) но според оваа ситуација што ја гледам во Македонија 50 % населението би требало да се води под социјално како лица со посебни потреби или со инвалидитет... За жал познавам многу луѓе кои се и физички и психички способни за работи , мажишта толкави а седнале дома направиле по 4 деца и кукаат како немааат , како живеат само на оние пари што ги земаат за децата за такви ке кажам само СРАМ ДА ВИ Е . Иднината ја гледаат само во поголемиот број на деца Т.Е во парите кои ке ги зимаат за децата , но еден ден тие пари ке ги снема , а тоа ке биде баш кога најмногу ке ви ги треба . кога вашите деца ке станат полнолетни , кога ке дојде време да ги пратите на факлутет , а вие бидејки цел живот лежевте , нема да ги пратите на факлутет туку дирекно на работа па да продожлат да ве издржуваат.... Толку несакам да ве комнтирам повеќе не заслужувате
Бизарно смешно е колку ние луѓето сме одвратни суштества и сакаме да се вмешаме во секоја каша, сакаме дел од сечиј живот до тој степен што ги преминуваме сите граници на достоинството. Некои луѓе копнеат по приказни и затоа копаат по туѓи животи во стил на разузнавачка служба, толку професионално што кога не би имале така грозни намери, сигурно би заслужиле мои пофалби, аплауз и овации за своите потези. Факт е дека вашиот живот и вие како личност не сте им толку битни и интересни колку вашиот лик, вашите слаби точки и најдлабоки тајни кои ги пренесуваат со шушкање во еден мизерен круг или на разглас од кој мислам дека устата пештера ќе им се стори. Разочарувачки или развеселувачки е фактот дека веднаш потоа им дува така силна промаја во мозокот и си оди целото сеќавање на вас, вие сте само уште еден настан и интересна случка за нивните очи и уши која ќе биде наскоро заборавена. Тип луѓе на кои најверојатно никој не им објаснил дека за влегување во нечиј друг свет постојат книги, театарски претстави, играни филмови па дури и километарски шпански, турски и индијски сапуници. И на крај, поентата на ова мислење ми е дека оваа појава е за жал многу поизразена како последица на ова чудно време кога пријатели не се стекнуваат туку едноставно се додаваат со клик на копчето “додај“ или “продај“.
Spoiler Дали со примањето на првата плата расте и егоизмот кај човекот.Каков е овој начин на осудување кога си млад здрав способен и најважно вработен.Најлошо е кога човек ги омаловажува другите за да се воздигне себе и своите способности.Не осудувајте ги другите зашто животот не е на секого ист. Ах Нана ...
Јас ова го кажав од сигурни извори, бидејки лично познавам незнам колку луѓе да ти кажам на кои им се нуди шанса за работа , здрави се , способни се и се тоа а седнале дома и кукаат.... Не зборам за некој што неможе , туку за оние што можат , а само кукаат... Млади , живи , здрави , способни.... Еден знам кој седнал дома у кука чека на пензијата на бабаму , оти го мрзи да работи... Па згора на тоа и ја осудува бабаму дека парите ги давала за лекови , за витамини и незнам што не .. Друг направил 4 деца и си седи дома со скрстени раце, децата си одат во стари и искинати алишта , додека таткото со мирна и чиста совест си седе по цел ден и ноќ на фб... ТОА Е ОПРАВДУВАЊЕ ? аКО НЕ САКААТ ДА РАБОТАТ НЕМОРААТ , но барем да не кукаат само кога имаат можност !
А зошто не помогнеш на некои од тие луѓе да најдат работа?Се разбира ако можеш.Ако не можеш или ти се туѓи,тогаш не гледам зошто толкава револтираност кај тебе.Нивен живот, нивен проблем.
Nana19 Od kade mu gi znaes problemite na site onie koi ne rabotat? Kakva moznost imaat? Da rabotat po 10 casa dnevno za 8.500 den,luge so zavrseni dva fakulteta? Ako tebe ti e pogodeno ne plukaj po site drugi, zivotot e trkalo denes si gore a utre dolu
Сакам да кажам дека нема живо човече да помине. Јас сум блиско до Центар и се се слуша. Нешто зуи,нешто тропка. Абе аман, убав ден не многу топло, да ти е страв да искочиш. Ако искочиш ќе се посереш во гаќи.
СДК дека животот не е фер. Изразувам сочувство на семејствата на четворицата извонредни пилоти кои загинаа во синоќешната несреќа со хеликоптерот кај Струмица. Лично познавав еден од нив и можам со сигурност да кажам дека поприземен, реален и добар човек немам сретнато. Животот е суров. Сега ги прегнуваш, а во нареден момент може ќе ги нема. Затоа - сакајте и ценете ги луѓето околу вас. Покажете им ја вашата љубов, насмевнете ги, прегрнете ги кога им е тешко. Не лутете им се и лесно простувајте. Испијте кафе со старите и изнемоштени баби и дедовци. Поиграјте некоја бесмислена игра со помалите братчиња, сестричиња, братучеди, внуци иако веќе не сте "деца". Прегрнете ги родителите кои ви дале и овозможиле живот. Можеби животот ви е далеку од совршен, но совршенство не постои. Затоа фокусирајте се на сегашноста, исполнете го својот и животот на другите. Смејте се, сакајте, живејте.