Ми побара купаќи минатото лето, ќе идела на одмор немала пари да купува тогаш и јас и дадов мислејќи дека уредно ќе ги врати а и самата кажа да се вратам ќе ти ги вратам одма. Оваа година гледам пак на одмор си отишла со мојте купаќи, од сликите на фејзбук, притоа цела година помина не ни спомна да ги врати. Иако немаше да ги носам од кога ќе ми ги врати, бидејки ќе ми беше шубе редно е што човек си земал да си врати или барем да праша дали сакам да ми ги врати.
Луѓе што многу ми одат на живци, иако може не треба се луѓе што нон стоп ама НООН-СТОП се фалат колку се вредни. Ти кажува колку рано станал, па тоа правел , па исчистил, па не знам низ двор, па нешто трето, па четврто па не седнал ни еднаш он да одмори. Па како он се мачи во животот, мизерува не знам што. Еднаш да чуеш, ќе си речеш супер браво. Стопати и илјада пати да чуеш, ќе ти дојде преку таквото и ќе стекнеш стварно лошо мислење, колку и да му се дивиш. Мислам стварно, убаво за вас вредни, не дека тие што не збориме за тоа сме мрзи. Ама која е целта? Да заслужиш почит? Ако некој не се согласува со тебе во нешто, твојата трудољубивост да ја искористиш како аргумент? Или некој да се осети грдо што ете, решил да се посвети на учење или што иако работи, сака и да ужива? Еднаш кажете, доволно е. А почит на многу повеќе начини се заслужува.
Ова морам да признаам вистина се случува. Јас носам наочари ама не ги носам нон стоп. Можам без нив да функционирам колку толку, големи објекти океј гледам, ама на далеку не гледам букви и лица. И еднаш така излегов нешто на кратко без нив, и од карши улица гледам некој ми мавта упорно. Се чудам кој е, и морав да преминам и бајаги да се доближам да видам дека е една другарка од детство, дошла во маалово по долго време. Се осетив оуквард што со онаква фаца идев накај неа дур ја препознаам
Јас летово редовно носам очила за сонце и плус маска нормално, чиста сметка- ни некого јас познавам ни некој мене ме познава. имало и добри страни со ситуацијава
Не знам кој треба да го слушне ова и ќе пробам да го кажам најкултурно што можам - ако единствено нешто што ве дефинира како личност ви е факултетот/работата/едно единствено достигнување и имате потреба постојано да одите наоколу и низ разговорите директно и индиректно да внесувате нешто од горенаведените ствари небаре сте центарот на универзумот, пренапорни сте и многу провидно ви се гледа егото иако се преправате во невини и припрости ликови. Фала многу, пријатно.
Од природно убава девојка да се направиш пластична кукла со вештачка коса, трепки, веѓи, опериран нос, полнети усни и се тоа да личи толку нападно и желно за внимание до степен да ти пишуваат личиш на кловн и ти да не сфаќаш што си направила од себе и да тераш така е жалосно жално. Повеќе од тие што привлекуваат внимание со патетики ми се жални овие кои реално не гледаат дека се материјал за Botched Up Bodies.
За секој човек, сопствените проблеми се најголеми. Многу се нервирам кога ќе ми речат што се жалиш, демек нив му е потешко или според нивно мислење мене ми е лесно. А всушност само јас си знам. Две личности можат исто да се грижат, иако тежината на проблемот не е иста. Различни луѓе, различно ги доживуваат нештата.
Пред една година купив хеланки од спорт м, пред две од пазар. Овие од спорт м што ги плаќаш три пати повеќе за една година излитени со дупки додека овие од пазар што се по двестотче ни дупче ни па излитени... овие од спорт м баш ме интересира од кај ја носат робава битно пума адидас а квалитет полош од пазар...
Некој да беше вчера на журката од Авалон? Импресии..? Некако на сликите шо ги имаат ставено на фб слаба посетеност, барем да не ми е криво шо не бев.