1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    И тоа води до....? Нигде.
     
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не знам кој те тера сосила да се дружиш со машки што плачат. Дружи се со шовинисти, таман погодени :)
    Секако во општествово има еден куп проблеми, сега ќе се замараме со женчиња што се лутеле пошо им рекле ручек да направат
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Градење фрустрации.

    Наместо да се искаже што го мачи ќе собира се во себе додека не го стегне срце или ќе стане еден од многумината токсични мажи, што и ние како жени во општествово мора да ги трпиме.
     
    На *Amethyst*, buba4e89, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Не значи дека е шовинист ако крие чувства, аман.
    Можеш да бидеш добар, да почитуваш, да не си ѓубре од човек и пак да знаеш кога и на кому да се жалиш.

    А за него каква штета ќе има? За него лично.
    Мислам ако е ради другите што нема да го трпат после, океј е тогаш.
    Али лично за него, никаков проблем нема.
     
    Последна измена: 18 август 2020
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Не знам, најверојатно истата штета што ја имаш ти кога напаѓаме такви шовинистички изјави, па се напнуваш да ги браниш.
     
    На *Amethyst*, buba4e89, Peperutce1115 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    Абе па и ти, не ја сфати логиката, ако не е мој проблем, не е проблем :D
     
    На buba4e89, Peperutce1115, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Уште ова само ќе го кажам.
    А жена ако крие нешто и гради фрустрации дали се однесува исто токсично према други?
    Не. Значи не е до другите проблем:)
    Значи и да имаш фрустрации, можеш да ги исконтролираш дали ќе си токсичен или не, барем до одредени граници.

    Се соочив скоро со ваква ситуација. И се покајав трипати.
     
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Искрено да. Најпрво кон себе, па подоцна и кон околината.

    Некои ментални болести знаат да земат замав кога ги потиснуваш чувствата и не разговараш за тоа што те мачи.

    Сега ако ти е ок да се развиваат, наместо да сослушаме или барем да одглумиме дека слушаме некој како се жали, тогаш тоа е друга работа.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Значи треба да сослушуваме некој заради останатите да не го трпат после, не зашто ни е гајле конкретно за таа личност.
    А ко што реков. Еднаш сакав да сослушам еден и се покајав што воопшто пробав.
     
  10. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Не, ако не сакаш, секако дека не мораш. Ќе најде некој друг. Не е тоа проблемот.

    Но, тука има 2 контрадикторни изјави што поддржуваш:

    1. Секој има право да си се пожали.

    2. Шовинистичка изјава на "Машко си, не се жали". (Која води до нели...да не се жалат)


    "Машко си, не се жали" изјава има огромна разлика од "Уморна сум да те слушам. Ти дадов совети и те молам превземи нешто да го решиш проблемот".
     
    На *Amethyst* и candy.cane им се допаѓа ова.
  11. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.017
    Допаѓања:
    41.343
    Пол:
    Женски
    Чудно е како во лоши моменти сфаќаш кој се грижи, кој ве мисли, кој ви се јавува да праша дали треба нешто, и слично.
    Луѓето кои мислев дека се грижат ги нема никаде, оние во кои се сомневав се тука.
    Првите ме разочараа, вторите ме изненадија.

    Сега ќе знам и јас кому да му се најдам.
    Ме научивте, фала.
     
    На *Amethyst*, candy.cane, buba4e89 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Нека се жали.
    Ама не мора до ТОЛКУ да се критикуваат тие што мислат дека машко не треба да се жали.
    Реков, не ги оправдувам. Ама не сметам дека е голем проблем.
    Мојот пример не беше дека сум уморна да слушам. Сосем друго ама не сакам да зборам за тоа.
     
  13. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Се оспорува правото на абортус на 10 годишно силувано девојче пред бразилска болница од страна на религиски екстремисти.

    Линк до статијата.


    Уште еднаш се потврдува колку зло може да нанесе тоа слепо верување, тој религиозен фанатизам до срж.
    Кога ембрионот или тукушто формираниот фетус има поголеми права од 10 годишно силувано девојче со загрозено здравје, тогаш јасно е дека во тоа општество и во тие глави развојот на психолошко и емоционално ниво некаде застанал или пак воопшто не се ни случил.

    Правата кои ги имаме според тие „мозоци“:

    - да не абортираме;
    - да молчиме кога сме силувани или физички малтретирани од дечко/сопруг, другар, роднина;
    - да не бараме помош и кога здравјето ни е загрозено, само по цена да се роди тоа дете;
    - да не живееме.

    Ми се гади од помислата дека вакво трауматизирање на девојче кое за ништо не е виновно после првичната траума од 4 годишно сексуално малтретирање, се случува „таму некаде“.
    Уште повеќе ми се ежи кожа од фактот што ова не е прв случај, а не е ни последен.
    Но едно нешто се докажува for sure.

    Фактот што на контрапротестот излегуваат луѓе кои се чист пример за тоа колку различноста во боја на кожа, пол, возраст, не го определува нивото на емоционална интелигенција кај еден човек, зборува за тоа дека нивната „религија“ е многу похумана од таа на оние кои секој ден се во светите храмови, а веќе час подоцна осудуваат дете на срушено детство и можна смрт.
     
    На TashSefton, Snow-Star, calliope и 18 други им се допаѓа ова.
  14. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Не ми пречи да се пожали некој пред мене независно од пол, тоа ми укажува дека има доверба и сака да сподели. Мене понезгодно ми паѓа кога не можам да помогнам и тоа не зборувам за финансиска помош, дека таа е најлесна. Најтешко е да ислушаш искрено некој, да сочувствуваш и ако можеш да помогнеш дека гледам повеќето само прават лице и сакаат да одмогнат. Од таквите косата ми се дига до последно влакно нагоре.
     
    На *Amethyst*, candy.cane, Purplelilac и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    55.229
    Пол:
    Женски
    Понекогаш најмногу можиш да помогниш на некој е со тоа што ќе бидиш до него, ќе го ислушаш и ќе му дадеш до знаење дека секогаш си тука. :)
    Не можиме на сите да им ги решаваме проблемите, но секогаш можиме да сме личност на која може да сметаат, да се искажат, секако да не е тоа од корист.

    Мене многу ми е мило некој кога си ја отвора душата пред мене, тоа е можност уште подобро да го запознаам бидејќи има доволно доверба во мене да ми кажи нешто што светот не го знае.

    Има голема разлика од постојано жалење без врска и од тоа кога некој ти се доверува сметајќи те за вредна личност во неговиот живот.
    И да, секој пол има право да биде ранлив пред друг човек.
     
    На *Amethyst*, candy.cane, Purplelilac и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Целосно ова го мислев ти благодарам што допиша ама гледав да скратам на реченици, еве ти подетално го опиша истото:)
     
    На candy.cane, theowndemon и Amellie13 им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Aбе јас пак ќе речам, не викам да не се жалат.
    Ама не е голем и озбилен проблем тоа ако му кажеш на машко да не се жали. Од една страна стрејт уајт меил какви проблеми би имал, од други остај го да се жали. Е од што да се жали де?
    А дека тоа ќе го направи насилен и токсичен, никој не му е крив што емоциите не знае да си ги контролира и на погрешен начин ги вади.
    Пошто јас се кладам дека на исфрустриран тип нема да му речете - не си ти крив, никој не ти помогнал. Така?
    За мене во врска на пример битно е тој да биде психички силниот.
     
  18. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Само пишав што мислам за тоа кога некој би ми се пожалил независно од пол, а како глупо се осеќам кога не можам да помогнам, не ми беше ништо во контекст да се надоврзам на твојот коментар и дискусијата која ја разврзавте.
    Твое право е да си сакаш партнер по твоја мерка, нема ништо лошо во тоа додека знаеш што сакаш и го добиваш.
     
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.584
    Допаѓања:
    38.851
    Пол:
    Женски
    Па ако некој се чувствува дека не може да ги искаже емоциите и ги потиснува, тоа води до фрустрации, да, и кај мажи и жени.И не е крив за тоа зашто демек не знае да ги контролира емоциите, туку било кој да е што нема никаква поддршка од страна ќе се осеќа лошо. И не сфаќам, straight white male немал од што да се жали, мислам сериозно или?

    А баш и не гледам дека некој оди наоколу и вели дека најголем проблем е да му кажеш на машко да не се жали, ама кога веќе ќе се спомне тоа викаме дека не е во ред од причините кои ги кажав горе.

    Еве јас лично сакам да ислушам луѓе и не ми пречи некој да ми се жали, сакам кога ми се отвараат луѓето и сакам да им помогнам ама морам да се согласам дека некои луѓе едноставно претеруваат и немаат граници до степен што почнуваат да ти ја цицаат енергијата.
     
    На *Amethyst* и candy.cane им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Кога на некој шовинист ќе му кажете - Не е до тебе, никој не те сослушал и затоа си ваков, другите се криви, а не дека е сељак и ѓубре, тогаш ќе поверувам дека вака мислите.