1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.522
    Пол:
    Женски
    А какви имаш за академските граѓани преку онлајн студирање?
     
  2. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.430
    Пол:
    Женски
    Цела гардероба ја свртев и ништо не ми стои со косата, значи толку се изнервирав и сеа не искачам.
    Што мајка барав да ја кратам, па и шатирам. Викендов ја префарбувам и никад више.
     
    На raww, buba4e89, Hellobeautiful и 4 други им се допаѓа ова.
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Изгледа дека колку помалку размислува човек, толку е посреќен.
     
    На noteforself, eliesaab, raww и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Колку ми беа убави ушињава пред коронава. Едното ми се расклемпа малце, се нервирам :rofl:

    @prominent и да знаеш така е, 80% од проблемите што не постојат сами си ги правиме во нашите глави.
     
    На DiCaprio и prominent им се допаѓа ова.
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    @Kimberly11, е така е во теорија, во пракса да се примени е малку потешко :) Освен за оние што и по дифолт не размислуваат многу.
     
    На Ahoy, Dream-Girl и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  6. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    7.983
    Пол:
    Женски
    Смачено ми е од толку лицемерие.
    Секој пред секого глуми.
    Бидете свои луѓе, бидете тоа што сте, не се правете со сила нешто што не сте.
     
    На noteforself, eliesaab, raww и 13 други им се допаѓа ова.
  7. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    10.470
    Пол:
    Женски
    Тежок хипохондрик сум. Не знам како ќе си го поминам животот вака. Во страв.
     
    На edna_malecka, krofnicka27, yourfavoritegirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    И јас бев како тебе.
    Бев, значи во минато време.
    Имам само еден совет, колку повеќе се бориш да не чувствуваш страв, ефектот е обратен. Што биде нека биде, зграпчи го денот тука и сега, не мисли на утре :hug:
     
    На edna_malecka и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Јас сум човек што, народски кажано, не знае да си седи мирен на газот. Но еве, и тука свечено изјавувам дека утре ќе бидам паметна и нема да бидам змија :angel:
     
    На candy.cane и edna_malecka им се допаѓа ова.
  10. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    Mnogu nepromisleno reagiram. Loso i mnogu golema šteta si pravam.
     
    На raww и edna_malecka им се допаѓа ова.
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Абе како? Се оди со било каква коса.
    Остај ја сигурно ти е убава, само си си чудна.
     
    На candy.cane, raww, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    12.614
    Пол:
    Женски
    Премногу се замарам дали ќе повредам други луѓе со моите постапки, што дури заборавам на себе.. Заборавам што јас сакам и како јас се чувствувам за на сите други да им биде океј..
    А за возврат само нервози и ниту едно "благодарам" од нивна страна..
    Убаво кажале дека во денешно време е најлошо да си добар..
    Од утре друг лист. Ќе гледам само за себе и јас да бидам среќна, па нека бидам себична.. Доста ми беше :)
     
    На stetoskop, edna_malecka, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Коронава освен што покажа колку имаме емпатија и сме солидарни, исто така покажа и дека имаме емпатија и сме солидарни само тогаш кога и наш газ може да изгори. Иначе нѐ боли таквото едни за други.
    Кога ќе помине ова, пак ќе си бидеме со истата себичност.

    Сѐ и сешто прочитав за да го заклучам ова.
     
    На НаталиЛили, edna_malecka, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Nefertiti.

    Nefertiti. Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    Ми треба одмор од одморот што го имав.
    Ми треба одмор каде што ќе пронајдам психички мир, по кого залудно трагам.
    Ми треба одмор на очите, да гледам и да уживам во тоа што го гледам, да слушам и да чувствувам околу мене длабоко и искрено.
    Ми треба одмор од моите мисли, од моите грижи, од непотребните филмови што постојано ми се вртат во глава кои максимално ме исцрпуваат и не ме оставаат на мир.
    Му треба одмор на мојот неуморен ум.
    Ми треба мир, повеќе од секогаш.
     
    На Emy867, candy.cane, raww и 4 други им се допаѓа ова.
  15. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Дефинитивно го допревме дното како Држава,немам зборови да се искажам искрено.

    Преземено од Социјална Мрежа Фб.

    Едит!!!
    .
    П.С. Бидејќи читам коментари рандом да не враќам поединечно...ова се дополнителни пари од оние на рампа 50 за возило и 30 од човек, кои се плаќаат регуларно со години, за влез и движење во Национален парк, со кои сме сложни и согласни за да дадеме придонес кон паркот за одржување, чистење и сл.
    .
    Едно Магаро - 200че.
    Жал ми е што овојпат оваа идилична слика од врв планина и природа ќе нема идилична приказна како вообичаено. Еве, да видите до кое дереџе сме дојдени...Наместо регуларна планинарска тура - школски пример за легална кражба.
    Вчера наутро на местото кај што вообичаено се поаѓа кон највисоката точка на Галичица, врвот Магаро 2255 н.м.в, наместо со радост , екипно тргнавме со неколку стотки полесни и со многу чемер со себе.
    Млад дечко, вработен за плата и слушање наредби, излезе од кола спремен со фискален апарат и покрај нашите негодувања, кажа :
    " Извинете, знам, неможам ништо да сторам, јас сум само вработен. "...и со кренати раменици и свесен и усрамен дека прави компромис со своите морални и етички вредности, ни наплати по 200 денари од човек за искачување на врвот Магаро. Не услови дека ако немаме да платиме не смееме кон врвот.
    Дали сфаќате која навреда и фашизам е ова? Ееееејјј како не ви е срам!? Како бе господа не се срамите бе? Од кого земате? Од планинари најдовте да гребите? Новчаници не носиме со себе во планина, до сега одевме таму зошто само таму не ни наплаќаа сега и тоа некој паметен го смислил. Уште па кога прашав за што се овие пари - биле за користење ресурси и за движење во Национален парк. И плус, само од Ноември до Април важи баждаров. Ами на зима ко ќе се качуваме, не користиме ресурси и не одиме пешки...летаме до горе?!
    Ми наплаќате за користење на ресурси - ( искачување на врв ) од богатството на мојата татковина? Мое е тоа, наше е, кој ви дава право да си присвојувате и па уште да наплаќате за тоа заедничкото кое ни е од Бога дадено? Ми ги наплаќате чекорите? Ајде да е некоја симболична сума, ќе замижевме ама ни повеќе ни помалку половина просечна дневница на еден вработен во државата? А ние невработените? А тој што денес немаше од ранецот да извади? Нема спорт за нив, дома ќе си седат. И оваа појава и лош пример е само на Галичица, зошто до сега никаде, никој во и надвор од државава не ни наплатил за искачување на врв, дури ни таму каде се плаќаат дневници на рејнџери кои вистински се грижат за парковите и дејствијата внатре - што кај нас е квантна физика.
    Ејдиии деее... Денес наплативте на тие што со себе на грб ја носат тежината и бремето на ВАШЕТО расфрлено ѓубре и пластика и на горе и надолу, долж и попреку Националниот парк и не само на патеката која чини 200 денари туку насекаде, на некој кој е спремен да изоди километри пеш со повреди и во болки за да ја испочитува и срдечно да и се израдува и да и се поклони на убавината што пред себе ја гледа, на некого кој живее за тоа. Нам не ни е проблем да тргнеме по друга патека кај што ќе нема баждар и ќе ја најдеме, научени сме , 1км плус/минус, вие дали знаете друг пат освен овој, мизерниов?
    Нека ви стои ова на ѕидот на срамот, како одличен белег, да си го памтите резилов.
    Следно, за воздухот да ни наплатите, зошто од ова нема што друго понатака. Само недишење. [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    * Споделете, вие кои го делите со мене мислењето. Останатите уште да молчите, до следни 500ки на друга планина.

    118256005_10221338404883389_3203923522326944075_o.jpg
     
    На Fluffy^-^, MeowMeow, Regina.Phalange и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    @ЕденЧлен не ми се верува што читам:o
    Како редовна поранешна планинарка со членска книшка и редовно платена год.чланарина толку дегутантно нешто оддамна не сум видела:o
    Може подегутантно да беше целта да се наплаќа и влез на Нациналниот парк Пелистер, па куќичка, па рампа, ама видоа народов не се овци за стрижење и го укинаа.
    Каде е претседателот на планински сојуз Угриновски да реагира?
    Какви ресурси, парите што се слеваат во министерствата зошто не се пренасочат каде што треба?
    И толку сум најизреволтирана во време кога на секој чекор се рекламира нездрава исхрана и начин на живот, а никаде не се акцентира важноста на здравите навики во кои е опфатено и редовно движење по можност во предели со природна убавина, свежина и чистота на планинари да земаш да им наплаќаш за страста да уживаат во нешто што ни припаѓа на сите ми е бесмислено(facepalm)
    Треба бесплатно и понтензивно да се организира запознавање на жителите со природните убавини на нашава малечка, а толку благословена земја со такви природни богатства и втемелување на здрави навики како насекаде по светот.
    Баш сме пример за како не треба, ех наша чудесна Македонијо:(
     
    Последна измена: 22 август 2020
    На TeddyGrey, MeowMeow, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  17. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Со оваа реченица све е кажано.

    Ми наплаќате за користење на ресурси - ( искачување на врв ) од богатството на мојата татковина? Мое е тоа, наше е, кој ви дава право да си присвојувате и па уште да наплаќате за тоа заедничкото кое ни е од Бога дадено?
     
    На *Amethyst*, candy.cane, Tan4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Решив наместо во „Што би му кажале“ темата, моите чувства и мисли да ги споделувам со него. Но, бидејќи и двајцата почнавме на работа во различни смени еден од друг, иако живееме заедно, сепак едвај се гледаме, па малку потешко е да се воспостави комуникација кога се гледаме вкупно 5 минути во денот, на разминување. Затоа, одлучив да му пишувам писменца и да ги закачувам на фрижидерот. Тука ги пишувам своите мисли преку денот, и секако крајот од секое „писмо“ е потпишан со едно „те сакам“. Така ќе има убав ден и ќе му бидам во мисли, а и ќе знае колку ми значи. :sun::l:
     
    На candy.cane, SummerGirl, edna_malecka и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Заборавањето е исто толκу κорисно κолκу и учењето. Мозоκот прима неκои информации κои подоцна ги заборава, за да прими нови. Значи, на тоа место се примаат нови информации...
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Има нешто толку погрешно во асоцијацијата што ја имаме за поистоветување на продуктивност со квалитет на живот. Ми требаше разговор сама со себе дека нема ништо лошо во тоа што "немам ништо за правење" и во ред е малку да се одмориш. Од мислење, од размислување од се. Да, апсолутен луксуз е. Ама нема свет да пропадне ако јас денес не завршам 3 големи и уште 10 мали работи. Раат е битен концепт.

    Август на крај, ние уште не знаеме кај тераме. Се чека на виши сили (читај администрација). Во меѓувреме, се случуваат и не се случуваат работи. Во превод, лето без море, со оптегнат мачор и по некое ладно американо.

    Само јас сум со предчувство дека ќе турат кај и да е некој полициски час? И дека ова со коронава е како лош филм веќе? Бетер, лоша индиска серија, со она сецкање и повторувањето на сцени зашто на три дена имате +150 заболени. Малку анксиозност па потсетување, не сме одговорни за сите. За сами себе сме одговорни а на некои и тоа им е многу.
     
    На *Amethyst*, eliesaab, Anie93 и 2 други им се допаѓа ова.