1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Unforgiven_girl

    Unforgiven_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    752
    Пол:
    Женски
    Sakam da legnam i da se razbudam vo svet bez korona maski.. i da sum so istata energija so ja imav osnovno. Igrav lastik po cela den i pak neumorna hahahaha (facepalm)
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Јас отидов со убав тен на Блу Лагун и се вратив со црвен нос и образи. :rofl:
    Е ми нема рамен, имам темно лице.
     
    На vitamina и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.843
    Допаѓања:
    15.721
    Пол:
    Женски
    Симпатичен, убав.
    Превиме муабет за планинарење.
    Му велам ми се оди на Шар Планина.
    Добивам одговор :
    Хаха ти уште за таму си, не можиш да искачиш. Едвај до онде одиш.

    Аривидерчи, чао, тути.
    Чао од мојот живот.
     
    На Regina.Phalange, annii, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Фала Богу!
     
    На Regina.Phalange, raww, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Само така збори од кога вика дека ке го остави па пак типов ја врти како сака.
     
    На tinka-mace, piksooki, Emy867 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.150
    Допаѓања:
    39.687
    Пол:
    Машки
    Татко ми, не знам како успеа да ги избрише сите контакти од телефонот.
    Се разбира, никогаш нема да признае: "Само се избришало, јас ништо не сум направил."
    Добро, ајде, среќа зачувани ми се на СИМ картичка, синхронизирав ама требаше сите да ги поминам, апдејтирам и ставам слики на тие поблиските, а тие се 250 луѓе.
    И сега пошто нема шанси да ги разбереш кој што е, сите му се потпишани како Зоки Молер, Гоце Мајстор итн. итн...
    И така седнав со него и секој како му го читам, ми раскажува цела историја за човекот, за роднини негови до 3 колено, кој што работи и каков живот води, ако јас луѓево не ги ни познавам, а некои од нив веќе и умрени биле. Битно тој уште си чува телефонски броеви, може ќе му требале, некогаш... :D

    Наидов на многу чудни имиња од кои ги издвојувам Сестра Талпа (висока била некоја), Љу Ма Шие, кој мислев дека е некој кинез, а тој да ти бил Љупчо Машина за Шиење. :D
    Имаше и еден Николче Погреб... Човекот на гробишта работел... :rofl:
    Ми рече да сум го избришел, не му требал, немало кој веќе да закопува. Јас требало да си го пишам, ќе ми се нашол за него. |(

    Од сите, највеќе ме изнасмеа еден што го има пишано само како Компири... И како и минатиот пат, и сега му ставив слика од вреќа компири. Јебига. :rofl::rofl::rofl:

    Како шлаг на торта беше еден, потпишан како Пени2, ама јас го прочитав пенис, и залипав од смеење. И тој го избришав, не му требал повеќе Пени2от. :rofl:

    Се надевам веќе дека нема да ги бриши повеќе, т.е. сам телефонот да му ги бриши, кој пак ќе троши пола работно време за да ги среди.

    Комедии е со контактиве. :D
     
    Последна измена: 25 август 2020
    На L.i.n.a.a, etoile, Nefertiti. и 62 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Пред некоја недела имаше њуз дека крадец преку прозор влегол и украл телефони на две девојчиња.
    Нејсе на некои згради на први кат терасите им се ниски, двајца да се качат ќе се качат.

    Јас се осеќам секоја вечер ко клукајдрвецот од Том и Џери кога правеше пресметки дали бандерата ќе го лупне по глава Том.

    Еее така, на Блу Лагон по 10 минутна пресметка како да се симнам од карпите во морето си ја изгребав петата. А требаше само да рипнам во морето дека беше баеги плитко. Не,јас со глава во ѕид мора пресметка да направам. (facepalm) Која и онака не беше успешна.

    Е сега околу крадецов, прееска си идам накај дома и гледам во мојата тараса и прозор правам пресметки дали може да ми влезе некој преку прозор. После некое време сфатив дека сме високо поставени да неможе ни двајца да се качат. :rofl:
    Да не мора да се потам секоја вечер ко магарица во сауна :whew:
    Фино лепо ќе си отворам прозор без мисла :?:

    |-)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    За грев ми се оние луѓе што патат за моќ. Ќе најдат некоја минимална моќ, како некое безначајно документче да потпишат, некој зависи од нив па ќе го маткаат, некоја тотална глупост која само им го храни егото за да се чувствуваат важни.

    Па онака и се фаќаат на таа малку моќ што ја имаат, што е далеку од тоа дека се некој важен фактор во општеството, ама се држат за неа како за сламка. Само не сфаќаат, сламка е мала работа за да ти ги скрие комплексите. Впрочем, ако ја држиш сламката толку црвсто, сите попрво ќе се прашаат што правиш со сламката, отколку што ќе ти ги скрие комплексите.
     
    На vitamina, CameliaMiller, Idedemja и 6 други им се допаѓа ова.
  9. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Иако срцето по некое време се навикнува на студот, секогаш е пријатно кога некој неочекувано се појавува и го стоплува. Затоа што, длабоко во нас, надежта за тоа никогаш не била изгубена. Чувствата се будат пак, пак и пак... доволно е да го спуштиме штитот.
     
    На vitamina, Sahlene, Idedemja и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.150
    Допаѓања:
    39.687
    Пол:
    Машки
    Татко ми и контактите, 2 дел...

    Иде денес и ми вика дека не бил задоволен од изборот на сликите на некои луѓе што сум ги ставил, не биле истите како минатиот пат, ги мешал... :^)

    Во меѓувреме се потсетив уште на неколку бисери од именикот негов.

    Тошо Дддттткккаааллл - Да, баш овака му ја има доловено говорната маана и така го пишал. :D

    Има два контакти како Кате Злате и Злате Кате. Едниот е број на Злате, а другиот на Кате. Кој е кој, никој не знае. :D

    Имаше и такви како Тони Татко, Тони Син, Тони Син Помалиот, Тони жена, Тони швалерка... :rofl:

    И најакиот ми беше Ванчо Дилер.
    Си викам, на што е татко ми што има овакви контакти? :o
    Тој да ти бил увозник на коли од странство. Ги "дилал". :D

    Ако сте во потрага по добар дилер, пуштам бројче од Ване по пп. :D
     
    На Nefertiti., lovemme, vitamina и 54 други им се допаѓа ова.
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Толку ми беше лошо денес, изврна и очи ми се отворија.
    Цел ден сонлив, заспан и низ мисли едно мало главче, убави локници и двор со прекрасна куќа.
    Кога се враќав по пат ја видов, се видов јас пред многу години и таа во иднината.
    Никогаш нема да ја заборавам таа слика.
    Некои нешта ги гледаш без да сакаш ама не можеш да ги заборавиш колку и да сакаш.
     
    На CameliaMiller и Sahlene им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.825
    Допаѓања:
    178.604
    СДК Били мислењево ти е за во темата Што ме насмеа денес:D
    Цел ден ќе се смеам на ова:rofl: :rofl: :rofl:. Компири бе:rofl:

    Имам и јас некој такви чудни, на пр. ПерењеТеписи:tmi: А од Ма Шие не си го меморирав бројот, кујзнае кај ќе го барам ако затреба пак:headbang:
    Татко ти може и генерација да ми е, затоа таков мајндсетот:D
     
    На vitamina, Peperutce1115, annii и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Panda girl

    Panda girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Наредна недела одам на одмор, едвај доседувам деновиве на работа од некоја еуфорија во мене .. :sun:
     
    На vitamina, LovelyGirl3, prominent и 2 други им се допаѓа ова.
  14. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Screen Shot 2020-08-25 at 4.28.22 PM.png
     
    На vitamina, Regina.Phalange, buba4e89 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Решија моиве да прават летниковец самите. Ете го за пола саат цел комшилук со совети, како ова не треба вака, како она не треба така. Брат ми се изнервира и се откажа пред саат време. :rofl: Ама забавни се бе. Експерти во сите области. :lol:
     
    На vitamina, Bratot, Regina.Phalange и 3 други им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.052
    Пол:
    Женски
    Нашата Македонија.
    FB_IMG_1598384431005.jpg
    Не ме чуди што младите бегаат.
     
    На Bratot, buba4e89, Sahlene и 4 други им се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.017
    Допаѓања:
    41.343
    Пол:
    Женски
    На сета мака се изнасмеав од @Billy Idol
    Пола саат како се смеам, душа немам веќе. :rofl:

    Овде стварно е празник за душа со некои постови. :rofl:
     
    На vitamina, Peperutce1115, Stephen Amell и 8 други им се допаѓа ова.
  18. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.500
    Допаѓања:
    173.508
    СДК прв пат се насмеав денес у 22:23мин @Billy Idol , поздрав до татко ти , цар е човекот ...
     
    На vitamina, Cutiepie1, Peperutce1115 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.043
    Она кога некој ќе рече "МЕ следува/следи", "ТЕ следува/следи" ова или она...
    I just can't, освен што звучи неписмено, туку одма знам дека следи нешто што не и следи. Најчест израз у ждм.
     
    На Nefertiti., Oxymoron, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.329
    Допаѓања:
    249.251
    @Billy Idol татко ти е цар, уште се смеам:rofl::rofl::rofl:
    Цар:rock:
     
    На vitamina, Peperutce1115, marija305 и 5 други им се допаѓа ова.