1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.017
    Допаѓања:
    41.343
    Пол:
    Женски
    Имам таква способност што ако ме фати инает за некои ствари што може да го одржувам цел живот без око да ми трепне.
    Само се молам инаетот да не ме фати зошто никој нема да ме препознае. :mm:
     
    На vitamina, Panda girl, Ahoy и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    На Nefertiti., raww, MeowMeow и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Unforgiven_girl

    Unforgiven_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    752
    Пол:
    Женски
    Mnogu ima veter i mnogu e mracno nadvor :rain:
     
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Муслите обично имаат шеќер да, иако може да се најдат и такви со помалце шеќер.
    А овесните снегулки се доста здрави како каша со овошје или овесни палачинки.
    Патем еве 500 грама овесни во кам се 35 денари.

    Океј е и некогаш да си каснеш крофна или слатка, ама да тврдиш дека е поздраво тоа од овес...
     
    На raww, Purplelilac и marija305 им се допаѓа ова.
  5. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.177
    Пол:
    Женски
    Читам и не верујем дали се зезаш? Па што е благото освен тешка хемија?
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Комарците минатата ноќ ми го испија сето “кафе”. Оваа вечер ги молам да не доаѓаат ненајавени немам ни кафе, ни колачи.
     
    На vitamina, Bratot, krofnicka27 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Откако го имам куцо дома ми е лудница, во глава ми е лудница, јас сум само уште една лудача со него во нашава лудница:drunk: :D :toivo: :l:
     
    На piksooki, Ahoy, IM.TMKQ и 6 други им се допаѓа ова.
  8. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    3.582
    Пол:
    Женски
    Сега прочитав за жената што ја нема веќе 10 дена и ми падна многу жал, одам во коментари и ова го имаше некој напишано:
    20200827_092702.jpg
    Ми се гади. Зошто изчезнувањето на жена мора да биде поврзано со овакви глупости. Зар со швалерот ли мислиш дека избегала без трага и глас? Стварно одвратен ми е македонскиот менталитет. (facepalm)
     
    На Nefertiti., vitamina, sweet-cherry и 20 други им се допаѓа ова.
  9. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.017
    Допаѓања:
    41.343
    Пол:
    Женски
    Си пичам на балкон со кафе, мачор у скут. :sun:
    Убав старт на денот.
     
    На vitamina, S.W.A.G, Ahoy и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    СДК многу ми е интересно кога ќе отворам некоја тема за факултети општо.
    Онака си идеш да прочиташ за повеќе од нив, ама листаш, листаш и ниту еден друг факултет на повидок освен Медицински (морам да го пишам со голема да се знае и истакне неговата важност). :D

    Земаат тука газат преку други студенти, кажуваат колку нивното учење ништо не е, како нивните скриптички биле смешки зашто биле 150 страни а од овие големциве дури 300 страни. :o

    Знаете за онаа квалитет пред квантитет или не сте чуле?!
    Па како заклучувате дека одреден професор квалитетно предава?
    Ако земе и раскажува петнаесет минути нешто што може да се каже во две реченици?
    Знаете паметните луѓе умеат да се изразуваат кратко, јасно и концизно.
    Суштината се доловува и преку фотографии и преку примери, а највеќе преку пракса.

    Туку друго прашање имам јас.
    Јасно е дека моментално епидемиолозите во државава се опасно битни.
    Ама некако се' ми се чини дека попрво ќе треба да им издигнеме споменик на маченициве кои уште не ни зачекориле во инфективно, отколку на горе споменативе.

    Е сега сонциња, во нормални времиња знаете дека е доста битна и тетката на шалтер за да можете да си подмирите сметки или да си уплатите за испит, така?
    Исто, знаете дека ви треба библиотекарот за да ве услужи и да не мора да останете со часови барајќи ја книгата која ви треба, нели?
    И дека ви треба чичкото електричар за да ви ја среди спојката што настанала за да не чепкате вие и да изигравате Чак Норис?
    А и тетката градежник и чичкото архитект за да имате живеалиште кое нема да се сруши при првиот налет на ветер или да шета лево-десно ко пудинг при земјотрес?
    А богами и тетката правник ќе ви треба за да не мора сами да смислувате како да составите тужба ако ве покрадат од ЕВН.
    И чичкото готвач и келнер ќе ви треба, нели ако сакате да седнете во ресторан без да мора сами да идете да си го зготвите и послужите јадењето и да си кажете „Добар апетит“. :D

    Мислам алал да ви е што си ја сакате професијата.
    Ама ви фали малку љубовта кон луѓето и така малкуцка да не ги гледате ко небитни мравки.
    Еве едно цвеќе од мене за полесно да иде учењето и за да се сетите понекогаш дека и галебите се симнуваат на земја, зашто и тука има убавина. :f:

    п.с. Не се однесува на сите. Има едно 20-30 посто медицинари на форумов кои се ендемскиот вид наречен човек кој не мора да го гледаш од жабја перспектива и вас ве молам, најмногу ве молам останете секогаш такви. :sun:

    п.п.с. @Peperutce1115 Пеперутке ти си ми првата асоцијација за медицинар со добар пристап, па морам да те спомнам како позитивен пример.
     
    На smooch, lovemme, *Amethyst* и 44 други им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Девојка што студира на медицина ми се изнасмеа еднаш кога ѝ кажав дека сум извадила живци и три недели сум потрошила на скрипта од 90 страни. Нормално одговорот беше - ее, ела да видиш што е учење, 500 страни за испит. Не си медицина да знаеш како се учи.

    Е уште да видеше кој хаос беа тие 90 страни...
    Други книги од 300 и повеќе страни како ништо сум ги научувала, ама дека таков бил материјалот.
    Ова беше многу поизмачувачко. Нема да коментирам кој предмет беше, јас знам како поминав. Откако положив истиот ден, зашто беше усно, отидов да славам:rofl:

    За мене...битни се сите. Оти и докторот нема да може да работи ако нема лаборанти или ако нема кој да изработи машина за магнетна резонанца. А лаборантот нема да може да работи ако нема кој да му изработи лабораториски садови. И доктор нема да лечи пациенти под ведро небо, без кревети и апарати и лекови кои некој таму ги произведува.
    Ништо сам не можеш. Колку и да е битна твојата професија, секогаш ќе зависи од други.
     
    Последна измена: 27 август 2020
    На Regina.Phalange, LejlaD, black-angel и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    Се надевам нема да се лутиш ако се надоврзам. Не сум ги читала темите, ама тоа е забележливо и во реален живот. И тоа верувај не само кај медицинари. Најчесто, не секогаш, тие што најмногу се воздигнуваат себе во некоја сфера се всушност најдолу во целата хиерархија. Не велам помалку битни. Тоа е, како да речам без да се навреди некој, ама лечење комплекси. Механизам за да се осеќаш битно. Човек што е сигурен во својата вредност нема потреба да ја докажува, ни па да демонстрира некаква моќ.

    Еве прост пример, поскромен пристап сум видела кај професори на факултет, отколку кај учителки во основно, кои мислат дека пола држава зависи од нив и дека тие ако ти стават 4ка животот ќе ти пропадне.

    Во фирми, почесто полош однос и демонстрација на моќ ќе видиш од некои менаџерчиња, отколку од генералниот директор.

    Истото ќе го видиш кај одредени теткици на шалтер, ќе те малтретира зашто и се може.

    Тоа не значи дека ова го нема на повисоки нивоа, ама не е толко често. Барем мојот впечаток е тој.

    Е сега, кога сме кај медицинарите, доволно е да се види како ликови како Лајла Грејс што немаат реален допир со пациенти се направија жртви по социјални мрежи, а тие што реално беа зафатени со пациенти немаа многу време да куцкаат срцепарателни постови на фб :)

    Потценување на друг е несигурност во себе и ништо повеќе. Да си сигурен во себе, нема ни да осеќаш потреба да правиш компарации.
     
    На *Amethyst*, Just.do.it, MeowMeow и 15 други им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Забот намина на кафе и колачи, рече не бирал време може и какао да пие. |(

    :worried:
    Така сега се храниме со анти-какао.:envy:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Парацетамолче земи си.
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Не е за болки тој.
     
    На Ugly Duckling и marija305 им се допаѓа ова.
  16. Panda girl

    Panda girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Вентор за се :rock:
     
    На raww, buba4e89, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    7.983
    Пол:
    Женски
    Никако да се одморам ко што треба :doh:
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.408
    Допаѓања:
    165.123
    Пол:
    Женски
    Brufen 600 прашак за растворање во вода. Брзо и ефективно дејство.
     
    На ЕденЧлен и buba4e89 им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Фала ти.
    Ова ми го дадоа, ме спаси
    25A6BE4B-A394-4DA4-8BD3-8FF84C22753F.jpeg
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Од родители што апла ми идат на живци - оние кои иако работат и земаат плата, му ги земаат, дури и крадат парите на детето кое ги добило за роденден, награда или стипендија и ги трошат за свои потреби. Не, не да му ги чуваат. Баш за да ги потрошат за себе, да не си ја трошат платата де.
     
    На *Amethyst*, sweet-cherry, Regina.Phalange и 11 други им се допаѓа ова.