Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    12.614
    Пол:
    Женски
    Ако по утрото се познава денот, овој ќе ми биде преубав.. Се разбудив расположена и спремна да ја искористам максимално секоја секунда :inlove:
     
    На H.VAGA, poenta, Bratot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски

    Фак ит, не можев да се воздржам морам да се надоврзам.
    Искрено од секогаш сум ја почитувала и посакувала Медицината како наука, секогаш сум викала дека тоа е најдобриот, најубавиот факултет. И е, најхумана професија. Ама не можам да го сфатам комплексот на студентиве на медицина и не. Сега пак препрочитав нешто во темата, "се гледало" како учат студентите од другите факултети при УКИМ, споредбено со докториве. Па еве бе јас лично исто имам седено у читална, кога и да отидам едните та исти се од медицина и доаѓаат фрлаат ранец, отвараат скриптата обоена демек дошле да се претепаат од учење а они седат надвор и пафкаат цигари и бројат колку кафиња испиле и како не се наспиени. Баш со сите со кои што сум идела сме коментирале, како поголемиот број од студенти на медицина можат да си го дозволат ова слободно време. Има и такви кои што учат, нема тука збор, ама да се ставате сите медицинари во тој еден ист кош како сите сте вредни, најпреучени, никогаш наспани, секогаш уморни, мислам дајте ве молам. Никој не оспорува дека имаат многу за учење, ама мислам уште кога сме биле мали кога ќе се спомнело медицински факултет се тера таа една приказна дека тие се најуморните студенти без живот, а реалноста е сосема поинаква и жално е што самите студенти што се таму не признаваат дека е така. Исто гледам се влече фактот демек медицина е 6 години а другите факултети по 4. Океј, и? Што значи ако еден факултет е 4 години? Демек полесно е за учење и можеш да го завршиш побрзо, еве не сфаќам стварно? Иди на ФЕИТ прашај колку студенти од една генерација дипломираат во исто време за 4 години. Ама не, ФЕИТ е 4 години, не се мери со медицина. А ако не се лажам па, 6тата година на медицина е пракса повеќе, значи до тогаш веќе треба да имате научено, значи 5 години студирате. Фармација е исто 5 години, или не се важи ни тоа?

    Ми се смачи веќе од ова издигање само на едните а газење на буквално сите други. Спуштете се на земја малку.
     
    На sweet-cherry, Amellie13, Idedemja и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Се спремав за на работа и слушнав во влезот еден постар комшија како се накашлува, шмрка и плука.
    Пред неколку минути излегов на тераса, комшиите до нас чуваат мачка и има навика да си седи на ѕидчето од терасата. Овој стариов гледа одозгора и плука по мачката. Ме виде дека го погледнав, па се заврте.

    Копито.
    И арно да беше само еден ваков.

    Мачкава не го ни перцепира и досега никаква беља нема направено од типот извршување физиолошки потреби пред врата кај горенаведениот и слично.

    Ама секое 'ржење, гребење и касање од животно ваквите го заслужуваат. И не, нема да ги сожалувам воопшто.
     
    На Nefertiti., sweet-cherry, Regina.Phalange и 22 други им се допаѓа ова.
  4. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Петиција за да не одговарам кривично ако лупнам бокс на следниот шо ќе ми искоментира нешо за телото кога носам кратко и отворено само пошо надвор е 40°.
     
    На sweet-cherry, Regina.Phalange, raww и 21 други им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.012
    Пол:
    Женски
    Жими Господ ќе и речам на Рејн да ме банира од темине за давање совети пошто притисоците ми се спојуваат кога читам колку некои девојчиња патат, страдаат а не превземаат ништо околу тоа. Значи форумов постои од 2009 година, илјадници жени дошле, пишале, некои останале, некои заминале.

    Ниту ЕДНА, значи 0, со зборови НУЛА не напишала како дечко кој ја тепал прекинал да ја тепа, дечко кој бил љубоморен и и забранувал со другарки да се гледа дека се сменил, неверен одеднаш се продуховил и станал верен и уште милион други работи за кои се оправаме одново и одново како во некој токсичен лупхол.

    Значи би направила една тема со воведен пост и би ги напишала сите тие работи кои сум мислела дека се јасни ама очигледно треба да им ги повторуваш на некои дури не го сфатат тоа.

    Ако некој те тепа - не те сака.
    Ако те изневерува - не те сака.
    Ако е љубоморен до бол - не те сака.
    Ако е емоционално недостапен вампир - не те сака.
    Ако сака со другарчињата повеќе време да поминува отколку со тебе - не те сака
    итн, итн.

    Па уште кога ќе видам како некои девојки кои се препаметни, преубави, десетки во сечии очи се запустуваат покрај вакви сељоптери душава ме здоболува сакајте верувајте сакајте не. Како им доаѓа да останат со таков човек, не ги разбирам што ги држи за нив. Што е тоа што им е убаво, ќотекот, изневерувања, љубомора, посесивност? Па ќе гледам убаво да ми е и мене бре, не џигерот некој да ми го јаде секој ебан ден.

    Од ќотек има две опции, има пат за до болница, а исто многу често тикет од едно место од кое нема назад, од изневерување има само лаги кои може да не ги фатите, ама траат, од љубомора има само етаблирана посесивност која ќе ве угуши полошо него јамка околу врат. Ставете си го ова во главите сите што се зачленувате и барате од нас да ве советуваме.

    Не дека ми е проблем мене да дадам поддршка, совет и убав збор. Ама од такт ме вади кога трошам време да ви отворам очи за на крај да ми речете тоа е, машко е ај, ама го сакам, ама ќе ми фали и слично. И сите што сте ми пишале лп, на ниедна не сум промашила да и вратам. И нема да прекинам да советувам. Ама ви кажувам, ако сте со план на сите мои совети да ми вратите ама тоа е што да правам не ви помагам повеќе. Не можам јас да ви помогнам ако сами не сакате да си помогнете.
     
    На smooch, Nefertiti., *Amethyst* и 56 други им се допаѓа ова.
  6. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Леле ме потсеќа на еден што работи со мене :envy::puke:
     
    На Sahlene и krofnicka27 им се допаѓа ова.
  7. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    6.614
    Пол:
    Женски
    Не се лажеш, само пракса е 6та и се полагаат испити од 4та и 5та. Технички доаѓа 5 години теорија и 1 година целосна пракса.
     
    На Angie1432, prominent, Hellobeautiful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Чувството кога ништо негативно не допира до тебе.
    Што сакаат нека зборат, што сакаат нека прават.
    Имам за кого да мислам, имам за кого да се грижам, имам кого да љубам со цело срце.
    Тие што се вредни да бидат дел од моето секојдневие, ќе ме разберат и ќе бидат среќни заедно со мене. Друго не прифаќам.
     
    На Sahlene, edna_malecka, LovelyGirl3 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Рапунзел.*

    Рапунзел.* Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    859
    Зошто секогаш гледам низ розеви наочари?? Зошто го барам само позитивното во луѓето и не сакам да верувам дека има луѓе на кои злобата и љубомората им се приоритет кога ќе станат насабајле?

    Ама за една работа се сакам. Кога ќе кажам дека е крај,тогаш за мене засекогаш е завршено и никогаш повеќе не ја гледам личноста исто,што и да направи одпосле залудно е
     
    На teaiva, Sahlene, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    15.738
    Пол:
    Женски
    Прашак Efridol 100mg
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.925
    Пол:
    Женски
    А ти кога ќе седнеш во читална гледаш секој кој доаѓа од кој факултет е, колку му се обоени книгите, на колку време го трга погледот и колку кафиња пие?
    Навистина, се утепуваш од учење во читална штом имаш време на сите сметка да им водиш.
     
    На S.W.A.G, Lady D ❤️, Sahlene и 2 други им се допаѓа ова.
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Мислев дека ова лето ќе ми биде досега најлошо во животот, но нешто неочекувано се случи и еве ме, посреќна од кога било. Срцето ми е полно!

    :l:
     
    На *Amethyst*, faye, Biljarkata и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Еј да жими се, паузи не постојат нели :D
    Многу е тешко да кренеш поглед башка и да видиш книгата пред или до тебе што има :D. Да не виде дека пишав цело време дека учам? Кај пишав дека глеам поглед колку пати тргаат? Да не се пронајде ти уморна студентке?

    P.s. Мислам друга девојка го коментираше моментот со читалната, ако она може да ги примети студентите од сите други факултети колку не учат, па мајко му и ја можам медицина да ги познаам, башка не сте анонимуси, мало е Скопјево се знае и дел од студентите кај се запишани :D
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.196
    Пол:
    Женски
    Некој го смета читањето книги за губење време. Друг ужива во тоа. Времето во кое уживаш, не е изгубено, туку квалитетно поминато. :*:
    Една книга е прекрасно искуство. Посебно ако е баш добра книга. Проширува видици, отвора прашања, мотивира, проширува речник, те води на разни места, ти буди фантазија, те збогатува со знаење.
    Го обожавам времето поминато со книга во рака, повремено голтнувајќи од кафето додека ги листам страниците. :*:
     
    На sweet-cherry, S.W.A.G, teaiva и 12 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ми иде да ја покријам членката со картонска кутија и да ја испратам доживотно во Сахара.

    What the f*ck was this?8-|
     
    На Sahlene и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Многу ме нервираат препуцавања помеѓу студенти на тема факултети. Едноставно, не гледам причина, зошто јас ако сум одбрала медицински факултет, треба да се споредувам со некој што завршил на финки? Или зошто, да се споредувам со некој што одбрал да се запише на правен или економски? Или, зошто да се споредувам со продавачката во кам? Дури не се споредувам ни со мои колеги. Едноставно, живеам за мене и се фокусирам на мене. Работам на мене. Се грижам за мене. Се грижам за мојата иднина. Моите студии и мојот живот се моја работа. А што другите прават и како си го организираат животот, не ме интересира.

    Тоа што сакам да го учам, мојата идна професија, ја бирам само јас, врз основа на мојот талент, областите кои што ме интересираат, работите што ме привлекуваат. И ако мене желбата ми била да бидам лекар, сум успеала да се запишам на медицински факултет, на мене останува да учам, а не да се споредувам со студентите од другите факултети.

    Секој факултет си има своја тежина и мислам дека токму сега, оваа вондредна состојба, ни покажа дека сите сме еднакво важни карики во општеството. Почнувајќи од лекарите (први ги ставам на листата, не со цел да им дадам поголема важност, туку затоа што поентата на постот е медицина) па се до продавачките во кам, тинекс и маалските продавници, полицајците, фармацевтите, наставниците и професорите, царинарниците, војниците, електричарите, молерите, плочкарите, пожарникарите, вработените во ТЕЛЕКАБЕЛ и ВИП, фризерите итн.
    Сите зависиме едни од други. Денес јас од тебе, утре ти од мене.

    Но, сведоци сме дека секаде околу нас имаме по некои невоспитани персони, кои на крајот ќе ни го сјебат денот со својата ароганција, препотентност и цинизам. Значи, како да ви кажам, факултетот, образованието и титулата, ви се безначајни, доколку со добивањето на истите, летнете во облаци, ставајќи акцент на вашата дрскост и суета, споредувајќи се со другите студенти. Колеги или не, со факултет или без, небитно, најважно е да се биде пред се човек!
     
    На *Amethyst*, Waverly Raven, Purplelilac и 19 други им се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.384
    Пол:
    Женски
    Совршен ден за разубавување во домашни услови. :makeup:
     
    На LejlaD, prominent, Stephen Amell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Повеќе од половина од луѓето кои одат во црква се однесуваат ко на пазар појдени.
    Некултура, ко за нација која се смета за доста религиозна.
    :fubar:
     
    На teaiva, Miss666, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Тие што се религиозни автоматски се многу културни?
     
    На piksooki, Lady D ❤️, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Гледам куцо го нема, викај, барај каде е, нема реакција кога се спуштам под кревет и што да видам 718522164.jpg
    Спие како кукла:rofl:
    Ми вика кога спиеш ти спие и куцо, ти мењаш пози гледам на кревет, гледам до кревет и куцо мења пози и во иста поза како тебе:drunk:
    Ама 4 во вис на спиење е чудо на природава:toivo:
    1233.jpg
     
    На Nefertiti., sweet-cherry, raww и 25 други им се допаѓа ова.