Дојдов да и кажам на @Amellie13 дека е баш фино што ја сподели апликацијата Star Walk 2. Вечерите на балкон, истражувајќи го небото ќе се доста поинтересни.
Во последно време се почесто гледам слики од гробишта,во црква, пред црква... Не би се осмелила да ставам слика од гробишта, човекот се памти по убавото и убавите настани поврзани со него,а не по неговиот гроб. Ако сакаш да го задржиш споменот сподели слика која никој не ја видел а ви била омилена. Во црква се сликаше за настани...м.. Сега и пред врата,и како се крстиш па уште засладено со статус. Ох... Традициите замреа.
Уште два-три дена, последниот испит за оваа година. Не е условен, ама би сакала да го положам, и со тоа да ја запечатам и да и ставам крај на оваа година, па наредната да ја почнам fresh, без предмети од претходната. Искрено, факултетов испадна многу подобро од тоа што очекував, се надевам дека вложениот труд ќе ми се исплати..
Предупредувам во ПМС сум!!! А бе не можам никако да разберам.... Знаеш дека си на свадба, на крштевка, на не знам што, месец дена уназад и не се спремаш. Си шеташ, си излегуваш по кафиња и во 5 до 12 ти текнува дека треба да купиш нешто што ти требало за пригодтата, па малтретираш некој од семејството да ти брка работа, правдајќи се дека си со 5 месечно бебе и немаш време и муабети од типот 'ќе те видам тебе ко ќе бидиш мајка дали ќе имаш за сегде време' А добро, зошто пример имам сопруг? Нели ќе одам со него, нели и тој треба да помогне при организација, купување подарок? Ама и тука имаме оправдување 'он е 12 часа на работа' Не знам зошто ама мн мразам неодговорни луѓе. Па и уште кога велам дека ' не знам што праеше досега' како особата што знае да ми рече ако побарам усулга,па и се лути и на крај добивам ' ај аман, ако ти се оди, оди, ако не, не оди, ќе се снајдам ' Значи ептен ми е блиска и се нервирам ако не и завршам работа..... А од др страна ме иритира понашање на мајка од 33 години.
Имам разбирање, но не можи некој слуга да ти биде. Ако веќе си решил да формираш семејство, мораш да сфатиш дека имаш обврски и дека некогаш не ќе може да има помош. Свесност треба.
Да, ама не можи секогаш слуга некој да ти биде. Размисли. Цел месец, два немаш време за негде кај што си поканет да си ги истераш обврските? Па и капак на се другите виновни? Ма немој... 1000 обврски ќе му избркаш на човек и за една ќе ти се налути ако не му ја избркаш ...?
Па ако е со бебе и нема помош од страна може и да нема време. Јас бев 8 дена во Мкд сама и немав на забар да идам од обврски ете чист пример.
Си се надополнила, не видов. Ако не сакаш,не и помагај, кажи и и тоа е. Нема зошто да се нервираш ако не сакаш. Сем ако те мрзи. Не го комплицирај го,едноставно е.
Оти утре ќе ми биде префрлено. Ее ти кога не одеше да ми купиш. И кога ќе дојде за мене време, ќе прајме муабет. Поентата ми беше префрлување на обврски на другите. Некогаш дури и премногу си дозволуваме што му префрламе обврски.
Сакам некогаш да нагазам на ваква на плажа. Од инат ќе земам ќе се излапам со жена пред неа, па нека пукне. Уште малку на месечина ќе почнеме да живееме, смарт технологија од најнови генерации искачаат, само кај нас се дига прашина пошто рандом сељанка видела геј жена на плажа.
Какви луѓе постојат без грам совест, без осет.... Што толку луѓенца ве повредило па така да се однесувате? Знаете ли дека енергијата што ја вложувате ви се враќа назад?