Точно да, сепак не се тртам барем јас, секогаш сум отмена. Ама повеќето сепак мислам дека вулгарност гледаат во оние со облини и како еве оваа одма види ја на изволте, или дека повеќе ги гледаат како дека имаат што да понудат тие со облини, а слабите не. Не се нуди тоа, се нуди, харизма, насмевка, памет..ама повеќето не гледаат така.
Убаво кажано, само не е се до облините. До начинот на покажувањето на облините е Имам облини и имам ставено слики со бикини на инста, па не сум слушнала некој да прокоментира за тоа или да ме гледа попреку или да вика дека сум лесна заради тоа што имам големи гради и задник.
И јас, иако ретко ставам слика од бикини, секогаш знам убаво да изгледам и со стил. Не сум имала ниту јас негативни коментари, ама некогаш онака од некој ќе чуеш лелеее, оваа види ја и.т.н. Те гледаат некаде ако си излезена, како си облечена. Може ќе се сликаш, ќе застанеш како треба, ама во живо не е баш така.. Ама нека зјапаат па им велам, не можеш да ги сопреш..
Леле луѓе, како да не знаете какви сељаци има. Мислам... И да си во ролка ќе прекоментираат, отсуствува култура. Тоа е.
А можеби, само можеби, од нас треба да започне таа култура на однесување и неетикетирање на другите, а ние нели скроз отмени, пристојни и не знам какви. Додека си дозволувате да нарекувате други девојки лесни, не се чудете ако и вас ве наречат така макар и биле облечени во вреќа и најобично застанати на слика.
Што правите? Еве едуцирам и одгледувам две животни и двајца возрасни. Па тек сега деца колку не сакам.... Се чуствувам дека летна годинава некако. И нас ни летна година. Може и нема ако проклетна државна администрација седне да заврши тоа што и е работа. Ич не ме интересира, ќе зборам. На некои ептен им се погоди коронава. Не двојам, и во фамилија имам вакви случаи, нека не се глупира народ дека им сметаше дома да дремат. Чекаме квасецот да стигне, кисел леб да правиме. Веќе го сонувам иако којзнае како ќе излезе и колку вежбање треба. Лебот, во нашата кујна, за нас двајца. Толку.
Како ја направивте оваа со сине како некој нож да ви стави. Ако не ви пречи океј. Мене ми пречи пак океј и продолжете со животот затоа што реално ниту мене ми е гајле ниту на вас ниту на некој трет за тоа на кој што му пречи.
Девојка со големи цицки што и да носи изгледа провокативно на други - да носи обични купаќи ќе добива коментари. А јас лично немам намера да не носам маици и фустани со деколте што ми се свиѓаат за да му угодам на некој. А посебно пошто некогаш намерата ми е да изгледам провокативно, па вие пукните.
Колку глупа поделба е таа рамна ко даска vs девојка со големи гради и задник. Боже господе. За другото нејќам ни да коментирам.
Добрата страна да си т. н. даска е тоа што не морам да се стегам со прслук. Беби дол врши работа. Одамна си се имам прифатено таква каква што сум... Што не ми пречи да им се восхитувам на убави женски гради. Само ме инспирираше вашата дискусија, ништо повеќе.
Аман, што се умарате кој што рекол, не можам да сфатам како ви е тоа битно. Носете тоа што ви е пријатно и што одговара со приликата каде одите, зошто нормално, постојат дрес кодови кои е ок да се почитуваат, и не се замарајте толку. Секогаш некому нема да се допаднете. Инаку, знам девојки без облини за кои луѓето зборуваат дека невкусно се сликале/облекле. Секогаш ќе се најде некој да коментира, ваше е ако сметате дека не е во право, да го игнорирате и да си го терате филмот.
Муабет шо нема да го сфатам никогаш. Возрасни, 30 годишни, цитирам - ставил слики на инста, не му лајкувам за инает, со жена му се курчат. Ерм... психијатарче малце?! Или да пораснеш вака малце, еве тоцку?! Со завистта и расипаноста на добро утро сте или ми се чини?! Не знам зошто, ама такви некои ситници прават да формирам мислење за некого дека е гомце. Лајк на сериозни и зрели години да ти е начин... за греота.
Friendly reminder дека никогаш нема да се издигнете и правилно одбраните од негативните коментари за телото спуштајќи и навредувајќи девојки со друг тип на тело. Рамни како даски, костури, стапови и слични навреди не се ништо помалку грди од оние за луѓе со облини и вишок килограми.
За ова постирав во Македонските јавни фаци, конкретно ваков тип коментари упатени кон слаби жени од страна на наша некогашна тв водителка, а за сметка на себеприфаќање. Ми фати поглед описот на тенката жена како скелетон, костур и сл. Од жена на жена.
СДК дека сите тела се убави на свој начин и многу ми е жално ко ќе прочитам навреди, особено од жени, за одреден вид на тело. Можиме да се поддржуваме наместо да се навредуваме, за промена.
СДК, избришани се сите коментари кои се поврзани со муабети од Модни критики. Доволно беше во таа тема кажано
Вежбав саат ипол јога и сега добив желба за кафана со ракија и мезе. СДК мора да имаме баланс во животот.