СДΚ си имам нова маца, шаρена...за милина...душиче мало..изеде едно паρче леб, саκам со нешто да ја пρечеκам и нагостам а, таа саκа да се гали со мене. Децата се деца а, возρасните се возρасни. И овие две гρупи не тρеба да се мешаат во ниκој случај..
Сакам да се пофалам на вас женички Конечно правиме куќа темели ставивме и се граде натака Секако имаме и мн трошкови Ама ако бар ќе си имаме свој дом Нема да слушаш муабети само и да имаш нервози за некој кој го почитуваш како свој родител и на крај пак не си добар за нив Абе мн сум среќна ќе си имам свој дом своја кујна ❤️❤️ Ве сакам феминки ПС:морав да се испукам
*Овој твит е јавен, го има и по сите портали, споделуван е по повеќе социјални мрежи, така да се надевам не прекршувам некои правила. Не можам да замислам колкава е оваа загуба. Да ги изгубиш мажот и бебето во ист ден. Тоа е едно од најлошите нешта што може да ти се случат на овој свет. Најголемата трагедија. Да станеш од кревет не знаејќи што те чека во тој ден. И најмала, најмала утеха може да ти биде тој што убил, тој кој е одговорен за целата несреќа, за целата трагедија да го добие тоа што го заслужил. Тој поради кој се изгубени два животи, завиени во црно за цел живот луѓе поради него, тој да продолжи да живее. Да пројде со "казна", само поради тоа што е директор.. како ќе спие таа што ја донела одлуката за оваа казна? Кој ќе и суди на неа? Сакам да кажам дека ова не треба да е држава. Сакам да кажам дека не сакам ова да помине вака. Сакам да кажам дека женава е најголем борец што сеуште стои исправена и силна покрај сета трагедија и неправда што и се има случено. Секогаш ќе ми биде пример, како човек може да ги преживее најтешките удари во животот.
Јадеме со братучед ми (35) и збориме за врски, љубов. Беше побрз, ја остави чинијата на маса и замина на цигара. Очекував барем дека ќе си ја стави чинијата во лавабо, а она што си го зеде од фрижидер, а јас не го јадам ќе го врати назад. Ништо не направи. Дали премногу очекувам за маж од 35? И се мислам каков ли ќе биде мојот.
Не мисли, не очекувај и не прави споредба. Ако не го добиваш тоа што го заслужуваш, ќе разговараш. Ако нема ефект, ќе прекинеш.
Надвор од работа кога сум без униформа често ги среќавам сите од работа и добивам комплименти од жени. Пред два дена од жена во години добив коментар дека сум изгледала секси а бев облечена ко за по дома,маичка и панталони. До видиците е.
Премногу е разгален и така е воспитан, миличка моја.. Може ако сам живее, малку да му дојде памет дека може и сам да готви, да си измие, да си стави облека во машина за перење. Зошто има мажи се сами си прават, доста помлади од него и на негова возраст, сами оделени и се сами си прават..
Во последно време, сакала или не, често пати завршувам читајќи ги твоите постови. Заклучокот до сега ми е дека на таа возраст на која што си, премногу се оптеретуваш со тоа што ќе кажат другите, а очекувањата од другите луѓе ти се прилично високи. Не сакам да ме сфатиш како да ти судам или те критикувам...човекот сам доаѓа на овој свет, човекот е индивидуа, различна од другите, човекот живее сам за себе, сам се снаоѓа низ животот и на крај сам умира. Врз основа на своите заслуги, попатно стекнува успеси или неуспеси, пријатели или непријатели....љубовни врски или разочарувања (не зборувам тука за изневерувања, манипулации, туку за кулминацијата на меѓусебното разбирање со врска). Најпријателски совет. Фокусирај се на тебе девојко и не се оптеретувај со однесувањето на луѓето во твојата околина. Времето што го трошиш на погрешни луѓе, пренасочи го на тебе. Ќе процветаш, а кога ти ќе процветаш сама како личност, ќе почнат да ти цветаат и другите полиња од животот.
Малку ни е. Сељакот што ги усмртил мажот и детето веќе бил и во друга сообраќајка, директорче на некоја фирма што со пари може слободата да си ја купи. 2 сообраќајки и нема никаква казна. Таа коконата што ја донела одлуката извалкана до гуша во гомна во судски скандали, си се нашле тамам. Малку ни е. Се дури си споменуваме вака на форум и си пишуваме r.i.p и си го јадеме џигерот само колку ни е тешко ништо не правиме. Нација на седење со прстот во нос сме, затоа е ваква работата. За ваков криминал треба да се организираат најмасовни протести, ама кај нас дури некој партиски кретен не потегне нас сами нема да ни текне. Цел свет протести крева за многу побанални работи, само кај нас ги чекаме Грујо и Заев да не водат. Епа после нема пресуда за убијци, епа нема. Имаше еден дечко пишано е ради ова магистриран правник вртам бургери во Германија. Истото го мислам и јас, едвај чекам да поминат некои процедури и никогаш веќе во проклетијава да не стапнам.
@mar023 ми ја сфати поентата. @Peperutce1115 дефинитивно си во право за тоа. Ме иритира што морам да раскревам псоле него. Ме сфаќаш?
Сфаќам среќо, ама ти не мораш ништо да правиш за другите ако не сакаш. Раскревај си за тебе и уживај во животот убав.
Живеете заедно?Секој ден раскреваш по него?Те задолжиле да раскреваш по него? Ако одговорот на прашањава е не, не разбирам зошто толку се заморуваш со ова?
Ех вака шоубо бе... Ако те нервира некој, слободно утепај го, признај си и само условно ќе поминеш или некоја година- две затвор ќе ги издржиш. Битно немој да ти текне да продадеш некое патлиџанче на тезга оти сакаш леб да однесеш дома зашто го кршиш Уставот и заслужуваш во самица да скапеш за тоа. Исто беше и со типот што ја удри девојката на Партизанска. Беше исто вака некоја висока позиција па фино лепо си плати човеков друг да пратат во затвор место него. Да не ги редам и останатите кои вака си поминаа. И Монструм кој по 8 години не е решен. И тој случај испадна ко еве да се види дека правиме нешто. Демек аха, бараме осомничени, судиме не знам што. А и глуп човек ќе сфати дека било организирано. Никој случајно не оди на езеро навооружан додека има таму сами 4 деца. Како што за дедо Љубе се крена цела држава да го ослободат, така треба и за овој да го осудат најстрого После ова више не ме чуди ништо. И едно време кога велев дека џабе ќе се казни за неносење маски или организирање собири, не мислев дека сум за тоа да прават така. Туку пошто и во таква ситуација законот ќе биде за едни мајка, а за други маќеа. Пак ќе патат само тие послабите и невлијателните. А сите вклучени во тие синџири бел ден да не видат.
Заедно сме фамилијарно. Неколку дена. Е сега, ако јас ја оставам масата, повозрасните пуцаат по мене. Јас сфаќам еднаш да раскревам. Јас би сакала да помагам ама не сум слуга. Баш сега со сестра ми правам муабет, ми вели што очекуваш ти. Сите мажи се такви и треба да одиш да раскреваш по него. Ќутлив е, и ме чекал еднаш а му кажав имам работа, работам од компјутер, нова работа и не смеам да киксна. Неговите се лутат оти не сум му правела друштво, а секоја вечер шетаме и не сака в кафич да седнеме. Одам на плажа. Позз.
@GirlLove Како што знам работиш, земаш плата. Оти едноставно не се преселиш? Не може цела фамилија да си ја превоспиташ. На форум никој не може да ти помогне.
Не знам зошто воопшто се замараме со дебили така називани "инфлуенсери", као демек животот им е ептен интересен, од утро до мрак само мењаваат кафичи и промовираат многу глупи производи! Една млада девојка промовираше бабински кломби бе!