Не знам дали е до мене но луѓето во последно време ПРЕМНОГУ судат по тоа како изгледаш, како се облекуваш, каде и со кого излегуваш... секој од секого го очекува најдоброто, "совршеното". И не сакам повеќе да дозволувам да ме допира, сакам да излезам пред сите со се сите акни што ги имам, маичка по прерамки, кратки панталони и воопшто да не ме брига нивното мислење и нивните осуди, сакам да прекинам да се движам со главата спуштена надоле бидејќи не сум тоа што сите очекуваат да сум.
За ваков народ само епидемија е лек . Па не корона , некоја куга или нешто појако да ве здрма и да ви каже дека некогаш не можете против волјата Божја . Се правите Богови , а кукате при најмал проблем . Заборавате кој е над вас .
Ја читам темата за упис на факултет и ме мавна носталгија. Се сеќавам пред 11 години кога се упишувавме со другарка ми на факс. Требаше да пополнуваме некои пријави и со тие оди таксена марка. Во тоа време беа од тие што треба да се залепат на пријавата, најчесто со лижење на маркицата. Кој бил на економски знае дека кај амфитеатар 4 има масичка и клупи пред канцелариите кај асистентите. Таму пополнувавме и лепевме. И така другарка ми не сакаше да ја лиже маркицата и ми вика "Леле ај те молам лижни ми ја." Во меѓувреме излегува асистентката и онака ни даде поглед као wtf. Не праша дали чекаме нешто за кај неа, па кога и објаснивме дека се упишуваме и стана јасно.
Минатиот пат поточно тоа беше есента 2019, на еден човек од село му се окучила кучката а он немилосрдно ги фрли кучињата среде село, а јас знаев дека се негови бидејќи до самата порта ги чуваше а јас поминував таму за да дојдам дома во тоа време. Ги земав трите кутриња, од кои едното одма почина бидејќи беа премрзнати и прегладнети. Нејсе им дадов апче против паразити на другите две од кога прво ги избањав и најадов и ги објавив за вдомување, две се вдомија кај прекрасни луѓе кој постојано ми праќаат слики и гледам како раснат. Сега повторно, истиот човек, на истото место оставил 7 кутриња со надеж дека некој повторно ќе ги земе така како минатиот пат. СДК колку треба да имаш злоба во тебе, да ги фрлаш постојано кутрињата наместо да си ја кастрираш кучката, колку треба да си нечовек за ова да го направи? Иако душата не ми дава да ги оставам гладни и ќе им носиме за јадење, нема да ги земам повторно како минатиот пат бидејќи ова ќе трае до бескрај... Ама кога нема закони ова да го санкционираат, кога нема полиција за ова да реагира вака ќе биде.
Не победивме на балканско ама живот иде даље, ќе имам и други прилики Криво ми е и не ми е.. зависи како гледа човек на моментов. Затоа што победија ептен глупи идеи..
Јави се дека си на уличката за да ми ја доставиш пратката која сум ја нарачала пред 2 недели. Јас дома седам и чекам да ми донесете пратка по цели денови. Одговорност на ниво..
Ве молам да ме просветлите. Жената била слугинка. Не можам повеќе. Требало да одам по газот на мажот, се ќе сум праела. Ко ќе сум фатела дечко, требало да се прилагодам на него, а не тој на мене. Не требало се по мое да биди.
Затоа што некои уште живеат во она време кога жената треба се покори на мажот и останата негова фамилија.
Дали е вистина? Мене ме умреа дома. Пример, ако имам чинии за миење, ако речел одма секс или излевање, јас сум морала одма како што ќе кажел тој. Жената одела од газот ма мажот а не обратно. Жената била слугинка и потчинета. Жената вака, така. Пример, дечкото ја удрил девојката со нешто меко, се скарале, и после се зеле. Не требало да се лути. Велам јас да сум ќе заминам. И одма еднострано сум ги гледала работите. Еве мажот на една другарка, ќе и купел се и си заминувал со другарите, а таа со бебето, и не се лутела.
Хахахаха... И на мене ми беше така кажано. Ама Самерка не им остана должна. Ова се однесува на неговата фамилија. Оттогаш, молк.
Милион пати ти се дадени совети на форумов. Земи,примени ги. Не се нервирај за банални работи(ко она за братучед ти што не раскренал). Ваквите муабети не ги слушај.Прави се дека не слушаш. Жената не е слугинка. Возрасна си,не си дете.Заземи цврст став. Тргни ги мислите,оди занимавај се со нешто. Тргни се од токсични и затуцани луѓе.
Па ти имаме кажано мислам дека досега сигурно 20 пати дека не е вистина. Не дека прв пат вакво нешто ти рекол некој па сега си во неверување. Твоите ќе ти бараат дечко или ти ќе си бараш? Што сакаат нека си мислат, нивно право е. Ти ако не мислиш така барај си дечко што исто не мисли така. Што сакаш да ти кажеме ние?
Жално е шо и сестра ми истиот муабет ми го вели. И дека сум мислела се шо мое да биди во врска, шо е и во право. Мажот, се ќе расфрлел и жената раскрева. Правило. @Mantub ми велат да се сменам, грешно сум мислела. Не знам дали е точно.
Јас да бев на твое место, досега ќе ми беше незгодно секојдневно да пишувам за едната иста работа, а потоа да се правам на Тошо откога ќе ми дадат совет. Буквално барем неколку пати во неделата ќе пишеш за испадите на сестра ти, ќе ти пишат тука дека сестра ти е за греота и да не ја слушаш што ти збори, и оп следниот ден пак некој нов бисер кажан од сестра ти, а ти ко сунѓер го примаш и не преземаш ништо околу тоа. Понекогаш мислам дека нѐ тролаш сите тука.