Истово и јас го помислив,ако стварно има 30 год,и не не трола,веќе е друг сериозен проблем. Не сакам да звучи дека ја напаѓам Членката,али ова е веќе сериозно од нејзина страна.
Не тролам. До некни ми велеше да не се гледам, со некој што е 39,можи бил разведен, можи имал дете, плус и од друг град е. Не сум го знаела. И не ја послушав. Не пишувам повеќе. Поздрав. Се извинувам.
Што и да ти кажат од сега климни им со глава, кажувај им дека се во право, а ти терај си по твое, не ги слушај нив.
А кој и ги кажува сите приватни информации со кого се гледаш, колку е стар , од кај е и слично на сестра ти и на сите? Ти самата. Ако гледаш дека немаш разбирање не и кажувај, не споделувај. Истата ситуација со сестра ти ти се има случено сто пати и пак одиш и кажуваш за новиот дечко, таа пак истото го прави и пак нас не прашуваш дали било точно како прв пат да се наоѓаш во ситуацијава па не знаеш како да изреагираш.
Не е да не пишуваш повеќе, туку тука сите пробуваат да ти укажат дека твојата сестра уште живее во времето на Дедо Ное, дека нејзините ставови се токсични и уште толку ти влијаат на твојата психа, а ти не сакаш да нѐ послушаш нас и секојдневно ти го трујат мозокот.
@GirlLove Колку години имаш чупе ти? По понашањево ми си како тинејџерка, а негде прочитав дека имаш над 25. Најсмешно ми е што прашуваш дали вака и вака е точно? Дали вака и вака морам да правам? НЕ! Не е ништо точно и ништо ти не мораш да правиш. Ќе го правиш само она ТИ што го сакаш и то што ТЕБЕ ти одговара. Упатство за тоа како да го живее човек животот, сеуште не е измислено, тие што ти кажуваат спротивно те лажат.
Значи дадени ти се доброволни совети и пак доаѓаш и се жалиш! Сега во таква средина си израсната со такви луѓе, ама не си девојка на 22 имаш 30 колку што се сеќавам, на таа возраст веќе не се жалиш, мора да дејствуваш некако! Отвори ги очите и размисли дали ќе трпиш овакви понижувања уште 10 години или време е да се отргнеш од таа токсична средина!
@GirlLove треба да се осамостоиш, а не да одиш по паметот на твоите. Како што прочитав, имаш околу 30 години.
Годините не се битни, кој рече дека годините се мерило за зрелост м? Има такви што на 20 години се позрели со размислувањата отколку на некои со 30 години. Ако членката не може и не сака да и се помогне залудно сите совети и се давани. Друг од страна не може да и помогне.
Жал ми е за тебе, ама во таква токсична средина ако живееш до сега требало да превземеш нешто за да ја смениш средината...
Ја слушнав нашата песна на радио, сосема случајно... Кожата ми се наежи, целата треперев, како првиот ден. Некои чувства нема никогаш да се променат, сигурна сум.
Во рок од 1 недела, две другарки ми се иселија. Ако треба да сметам колку вкупно заминале ќе ме фати глава, затоа подобро е да не сметам. Срце ме боли што е вака. Што најубавите години од животот ги кинеме пробувајќи да овозможиме некој пристоен живот. Што сите сме распрснати на сите страни и заедно веројатно веќе никогаш нема да искочиме. Ме плаши помислата дека и мене ме чека тоа. Ме плаши дека зимата кај што ќе одам ќе ме направи и мене ладен човек со оклоп од челик. Кој што ќе си оди последен, нека го изгасне светлото.
Знаете она кога барате нешто да порачате онлајн и после од слични производи ви излегуваат реклами секаде? Епа... Прееска во продавница првпат купив едни влошки што претходно не сум ги купила и не се толку познати и пред малку на Инстаграм ми излегува реклама за истите влошки. Ќе почнам да верувам дека ме чипирале
Онаа доба од ноќта во која ако не сум во длабок сон, се навраќам на тоа што ми донел денот што изминал. Минути на време сама со своите мисли. Сакам кога можам на себе и на душава да си го подарам тој луксуз на време само за мене.
Ова е едно од златните правила во животот! Не вреди да се влегува во дискусии каде што секој ќе си го задржи сопственото мислење, а нема да го прифати туѓото (како што во најмногу случаи е) И не вреди да се губат живци за тоа.
Кој ѓавол ме натера да ја отворам темана 40ка. Па тоа какви клетви и УЖАСНИ зборови се кажуваат, немам видено вакво нешто никаде. Страшно. И не сфаќам како проаѓаат мислењава, не се јаде бан? Ќе се забораи до утре? Грозно, ептен . Се правите јаки на толку гнасни зборови, не знам како ви доаѓа да ги пишете воопшто. Па и тие што ве лајкаат не се поарни.
Мене ми е без врска веќе да ги славиме овие празници, како 2 август и 8 септември. Значи вика денот на Република Македонија, денот на независноста итн.. Нит се вика така веќе републиката, нит имаме некоја бенефиција од тоа што сме станале независни се повеќе тонеме и тонеме. Барем нека не се слават празнициве, да не се губат денови работни за џабе и иронијата ќе биде помала.
2ри Август е ИЛИНДЕН . 8ми Септември е денот кога се роди Македонија...значи роденден. Зошто да не се слават? Ако може сожителите да ги слават и почитувааѕт нивните празници и да бидат за нив неработни денови, зошто да си ги потценуваме нашите празници?