Убаво е што имаме празници, не е убаво што имаме луѓе кои не знаат да ги ценат ни празниците ни она поради кое се слават.
Случајно го видов муабетот во 40ка за кучето. Ми се случило дете во автобус да ми типка по екранот на телефонот, да пробува да ми го земе од раце. Го пикнав во ташна и само го игнорирав. Детево ми досаѓаше да му го дадам. Баба му седеше зад него, не се помрдна. Само станав и се преместив. Не го удрив детето, ниту му се раздрав нешто, ако на некој требаше, беше баба му. Или шетајќи ми се случило да ми се затрча куче без поводник. И за среќа, ама за среќа се погодило да биде мирно куче кое сакало да си игра или гали. Па го гледаш сопственикот трча накај тебе и ти се извинува. Само ќе го погалам и ќе речам нема проблем. Е, ама да ме нападнало мене или некој со мене, нема многу да бирам кого и како ќе спасувам. И после ради негова грешка без куче ќе си остане. Друга ситуација што ја кажав - на другар пинчерот му го задави друго поголемо куче кое газдата го пуштил да си потрчка без поводник. Ова директ на пинчерот и го задавил. И среќа не е другарот некој таков да земе да му го отруе. Еднаш со дм ни се стрча куче од куќа со отворена порта. Он ми кажа одма како да постапам. Кучево ржеше и лаеше ама само се повлече. Ама во ситуацииве со кучињата сум била јас односно другарот. Ако на мое место беше помало дете, не сакам да мислам што можело да се случи. За ситуацијата таму јас би си станала и заминала. Детето не можам да го окривам. А да се работело за големо куче па завршело детето со потешки повреди? Дали шамар ќе му врзеш или куче ќе му пуштиш, исто му се фаќа. Ранецот нема да ми е побитен. Како што на мене не ми беше телефонот побитен во автобусот. А фактот што она го пуштила кучето значи веќе сеедно и било како ќе заврши. Дали ќе го заплаши или на земја ќе го собори па да се најде некој што ќе го пвореди кучето за да го одбрани детето. Знам дека вината била во бабата. Ама кажувам што може да се случи ако оставиш на случајност во моментот кога ќе го пуштиш кучето. За кучиња - сакам. На другарка нејзиното е мала раса, со секого се закача и си игра. Кога и да сум одела се занимавам со него. Ама за него ете веќе сум го запознала какво е. За поголемо не би се осмелила да чуваше колку и да изгледа мирно.
Јас сакам работа, сакам економијата да биде океј, не сакам легачење секој втор ден дома затоа што е празник. Можам да празнувам и со тоа што нема да лежам дома и ќе си одам на работа. Ама Македонци, научени секој втор ден празник па не им е убаво кога ги нема.
По правило на државен празник ако е неработен ден, не треба ништо да работи. Не може едни да седат дома а други да одат на работа. Освен тие сектори каде што мора нели. А кај нас е така.
Не е секој втор ден празник. Нареден за еден месец отприлика. Ти може го гледаш народов како мрзлив кој едвај чека празник за да не работи, јас би рекла дека нема ништо лошо во тоа да одмори еден празничен ден во месецот. Или два. Јас лично би избрала да работам во таков сектор и такво место каде ќе бидам слободна за празници. Оти, има живот и надвор од работното место, не се сметам себеси за робот кој само ќе работи, работи, работи. Сакам да си одморам, не сум мрза, сум работела и прекувремено ама не сакам се' да ми е сведено на работа. Е, за разлика од некои други, знам да почитувам празник и да го гледам ко празник со значење какво што има, а не само како слободен ден. И така.
Да си вреден е убава особина, ама да мислиш дека животот не треба да е ништо повеќе од искостување на работа, е жално. Не знам кој ве научи на таков менталитет, дека целта на животот е да работиш што повеќе до степен што... државни празници се изговор за мрза. Среќен празник, свари си чајче од камилица и уживај.
Не може и Велигден, Бајрам, Задушница, Богородица, Божиќ, Нова година, 8 Септември, 11 октомври, 2 август, 23 октомври, Први мај, Свети Кирил и Методиј, Водици и не знам таму кој уште сите да се неработни... Многу е, доволно е да се организира само некоја прослава за одбележување на денот за 95% од овие празници и тоа е тоа... Јас мислам два празника во годината се и повеќе од доволно да бидат неработни денови.... И да, сметам дека е легачење толку да седиме дома секој месец да има неработни денови.
Ако тебе толку ти пречат неработните денови кажи на шефицата еден ден пред празникот дека сакаш да работиш. Те гледам вака ниеден празник не почитуваш можеш слободно да станеш Атеист.
Пак ќе ти кажам, не си повредна од нас што "сакаш" да работиш секој ден, а чисто сумњам дека ти се многу работи, се обидуваш да се докажеш на форум.
Само што ми заѕвонија на врата и ми набутаа мала икона во раце, за "празник". Амин вечна Македонија. Може стварно верски е.
Феминката сакаше да каже дека ем што нејќе државни празници, ниеден не почитува вклучувајќи ги и верските па може атеист да биде. Не ја правете глупа сега.