@Anabelle.Amorette Верски празници не се? Колку убав виц. Хахахахах ме насмеа. Инч нигде не реков дека денешниов празник е верски. Баш напротив. Државен е. Али ако сакавте шала на моја сметка. Слободно. Не сум намќор.
Една од најсмотаните работи што можам да ги прочитам на форум е опишување туѓи случки, туѓи искуства, пишување за другарка, братучед, сестра, комшика на кумата, братучеда од другар на мажот, кум на комшија на братот од мажот итн. Ај нешто општо да се спомне, ама навлегување во нечија психа што не ја ни познаваш, да си тумачиш некој зошто направил нешто, па стручњак за нечиј живот да се правиш тука... Не. Пишувај си за себе и своите искуства, не знаеш за никој друг ни што точно направил, ни зошто. Не му го знаеш ни животот, ни причините на никој. И немаш право да пишуваш за некој нешто кој сам не би го споделил тоа со сите. Другар ми вака, сестра ми онака...
Јас можам да си славам празник и со тоа што нема да лежам дома, или евентуално тоа што не славам празник за името на државата која веќе не го ни носи тоа име, или што не го славам празникот на независноста бидејќи сметам дека таа независност не донесе ништо ново туку само пропаст нема врска со верата и атеизамот. Значи океј е за Велигден еден ден да сме дома, па и Задушница, Бадник, ама овие другите сите треба да се тргнат. Ми нема смисла мене веќе ни 2 август, нит 8 септември тоа е поентата на пишаното. Како ајде да славиме Илинден, ама Гоце бил Бугарин, ние сме биле северниот дел од некоја си држава која порано постоела и се викала Македонија и сега затоа сме Северна Македонија... Мислам иронично е и да се зборува за ова веќе...
Свети Кирил и Методиј не се одбележува како верски празник туку како Ден на сесловенските просветители. Не се празнува затоа то св. Кирил и Методиј се значајни личности за Христијанството, туку се значајни за нас како Словени. Да негираш дека си Словен и да славиш ден посветен на словенска писменост е и смено и иронично
Срцка не се шалам, стварно ми набутаа вакво во рака во име на празникот и им дадов 50 денари пошто ме беше срам да кажам не.
Да бе, не е дека неспособни ни ја водат државата и секаде има корупција и врски, него економијата ни пропаѓала ради празнициве. Ја решивме дилемата. Има држави со пократко работно време па далеку подобри се од нас. Или такви каде што во недела нема ништо отворено. Стварно е греота бе да мислиш дека жив човек не треба да одмара.
Сите сакаме економијата да биде ок, ама празнициве не се причина за тоа. Баш лакомоста на работодавачите е еден добар дел од проблемот. За да се зголеми продуктивноста во земјава (затоа што тоа те загрижува), за почеток треба да е мотивиран работникот. Кога ќе почнат да плаќаат сите прекувремено, празнично, ноќна смена. Кога ќе нема нечовечки услови за работа на одредени места. Кога ќе престане психичката тортура врз голем дел од работниците. И за крај, кога ќе профункционира државава за да се спроведат законите за заштита на правата работниците, е може тогаш работникот нема да гледа само да ескивира од работа.
Тој шо работел ПРАЗНИЦИ И ВИКЕНДИ, прашајте го за тоа дали сака да има слободен ден за празник да може раат да си ја види фамилијата. Ко ќе ми текни дека сите празници ги работев и никој не видов од моите... Ах.. Пропуштени родендени, слави.. Фала Богу шо најдов др работа.
Аман бе како збориш, како 360/365 дена да се празници. Зошто воопшто тебе тоа ти е проблем во животот, колку денови во годината се неработни?
Оној прекрасен, дури нереално добср момент кога 7 месеци после излегување од токсична врска конечно сфаќаш дека навистина душата ти е конечно слободна, карактерот ти е 10 пати поцврст и самодовербата ти е вратена. Едно од најубавите чувства. Горда сум на себе, премногу.
Ми фалат деновите кога најголем проблем ми беше што немам светкаво фенси пенкало со монистри како останатите од класот.
Не ми е јасно зошто има толку жени и девојки што плукаат по феминизмот, а ако некој им залепи некоја етикета, се лутат.
Треба да се одвикнам од оваа неодлучност и да бидам пофлексибилна. Што биде нека биде... Не можеме да контролираме се', колку и да се трудиме.
Прекрасно поминат ден со најмилите, каков сака нека е празник, мене кога ми се тие во близина ми е празник на душата