Бидејќи не секој ја посетува главната тема за Корона, мислам дека не би било проблем ова да го споделам и тука.
Во светот почнуваат да го скратуваат полното работно време од 8 на 6 работни часа, ти плачеш зошто сме имале празници и слободни денови
Наводно Данска, Шведска, Норвешка... За платата не знам, таму и онака сите се потенцијални милионери.
Среќен роденден Македонијо! Ти посакувам веќе еднаш да ти дојде умот, да те почитува народот и политичариве - крвопијачи кои се ставени од народот. Вечна слава на сите херои кои се бореле за нашата мила татковина, мајка веќе ретко такви раѓа очигледно...
Шведска работат 6 саати сигурно, сум слушала од луѓе што работат таму. Докажано е дека вработените се ефективни само 6 часа и логично е за толку да бидеш платен. Ама кај нас ќе си работиш и ќе прашаш дали треба уште. Или во случајот погоре ќе бараш уште
@нина122 Мислењава ти звучат многу диктаторски. Не може постојано да се работи.Економијата ќе страда и ако нацијата е преморена. Луѓето со хронични болести се оние кои најмалку треба да се заморуваат и изложуваат на опасност.И потполно здравиот човек не треба да се форсира.Сега и пандемијава е дополнителна опасност. Тебе не ти значат тие празници,ама на други им значат.Од верски,патриотски и/или семејни причини...Си знаат зошто. Некои луѓе со часови или со денови не си ги гледаат семејствата и ги ценат тие моменти кога се со блиските и си споделуваат среќа и радост,кога се обединуваат... Би било нехумано да им се одземат тие моменти. Сите имаат право на одмор!
@nextredstyle Во Мкд секој месец има продолжени викенди, празници кои се неработни ама никаде на друго место во светот не е така. Да ги земам пример Италија. Само за Божиќните и Велигденските празници не се работи. Ако има ден на независност во градот има мала прослава и пак се сите на работа. Ова е веќе смешно. Секој втор викенд продолжен е. Секој сака да одмори, разбирам ама не знам каде на друго место со скари се слават мајските празници или ден на мртвите за неработен, по запад не се работи, само во Мкд се работи? Еве тие празници ги зедов за пример. Некој кога оди на работа воопшто не работат туку се шљакат од едно место на друго, цело време дреме и подоцна преку соц. Мрежи кука каква била државата. Се океј за продолжени викенди ама премногу се. Сум работела и работам од дома моментално затоа што така налага ситуацијата ама искрено смачено ми е од продолжени викенди, лично мене. Не знам зошто ја нападнавте членката ама никаде во светот не е вака како кај нас.
Јас знам како ми беше. А ме нервираа(т) коментари од типот - Што се секираш ако ти е платено? Што ако ми е платено? Немам право на одмор?
Вечерва ме мана адреналин колку за сите претходни месеци што не сум осетила. Со дечко ми дојдовме кај него во викендичка да трчаме во природа. Трчавме долго време, па се туширавме, игравме плејстејшн и дојде време за романтики. Алишта расфрлани на под, а во бањата интимни ситници. Планираме да останеме овде и бевме опуштени. Одамна мракот беше паднат. Во спалната на Џолановци се дешаваа магични работи, но одеднаш не прекина силно тропање. Скокна тој да праша кој е, а од надвор викна мајка му. Неговите беа пред врата. Секогаш им кажува кога остануваме, ама сега господинот заборавил да каже, па сите бевме во незгодно. Дошле да земат нешто. Им викна да почекаат малку, а мене срцето ми излегуваше низ уста. Наместо да се облечеме ние трчаме наоколу како полиција кога ќе упадне во нелегален бордел. Не можев алишта да најдам и не знаев побрзо кои работи да ги фатам. Не знаев дали да глумам дека спијам или да бегам низ прозор и да го оставам сам пошто е крив. Рацете почнаа да ми се тресат и не можев маичка да облечам, ниту косата да ја средам. Со една рака се облекувавме, а со другата фрлавме работи кај него во соба. Цела куќа се тресеше од трчање. Трас, бум, трас, а тие пред врата седат се праат демек не слушаат. Отклучивме и се извинивме што почекаа, а тие нас ни се извинија, се смееја дека изгледа во погрешно време дошле и рекоа ако знаеле дека сме тука немало да дојдат. Зедоа нешто од соба и одма заминаа, иако им викавме да поседат. Па мајка му уште ми вика: -Некако си задишана, добра си? Во овие две и пол години што се знаеме, ова е еден од најнезгодните моменти. Доста беше гледање со нив за некое време, ќе се видиме до година кога ќе заборават.
Јас пак на празник обожавам да си работам. Тука во Малта кога имаат празник никој не доаѓа,сам си, послободен си,флексибилен. А,ако сум некаде парт тајм саатница е поголема. На пример: За Нова Година саатница беше 7,50евра од саат.
Имаш кола. Ок. 8 сабајле. Ок. Треба на работа да идеш. Ок. Али која е потребата само што ќе станеш онаков цел растресен да отклучиш кола да брчи додека се спремаш. Али она саглам да брчи. Молете се јас да не положам. Има тогаш јас да ви брчам. Ќе влагам у кола по пижами јутубот и звучниците да трештат од брчење. Да не си трошам бензин затоа на Јутуб.Од 2км ќе ме познавате дека сум јас кога ќе се враќам.
@bicycle Точно е дека помалку празници имаат во странство, не е точно дека независност или некаков ден на државата не слават, впрочем скоро секаде каде што сум била постои ваков ден кој е неработен. Е сега не е фер да се споредуваме со странство, каде имаат многу повеќе бенефити вработените од тука. Пример, имаат најчесто повеќе денови одмор, барем за тие земји за кои јас знам. Прекувременото им е многу добро платено или компензирано како денови од одмор. Да не зборуваме дека празнициве најголем дел важат само за администрација, приватниве фирми голем дел со работат најнормално. Многу ми е апсурдна споредбата со странство каде работникот е многу позаштитен. Наместо да се бориме неработните денови да важат за сите, а не само за администрација и неколку приватни фирми, ние се буниме зошто ги имало. Не се секирајте, најголем дел од вработените со кои секојдневно се среќавате по моловите бараат и за големите празници замени. За вакви "помали" празници, нема шанса да земат ден, треба госпоѓите и господата да пазарат кога ќе им текне. Да не зборувам за шивачките. Италија може нема празници, ама си дремнуваат попладне и ништо не работи одреден период. Во сечиј интерес е да се борите за бенефитите на работниците.
Обично помагам, зависно од пристапот на другата страна. Ако побараш убаво, ќе се гледам најдобро и најбрзо да помогнам. Ама ако безобразно бараш нешто, не очекувај помош од мене.
Многу малку добрина во човечко руво,премногу шминка, лажни насмевки и учтивост. А многу лошотија. Ги прочитав сите, знам со кого можам муабет да правам.
Не ме сфаќај погрешно ама..зарем некој има толку слободно време за да го троши за ваква работа? И тоа само за да се одмазди?
Имам голема дилема. Можам да кажам дека се наоѓам на крстопат. Неодлучна сум, признавам. Не знам дали ја носам вистинската одлука и веројатно нема начин да дознаам, се' додека не го видам исходот. Би сакала некој да ми каже што да правам, остро и одлучно, дури и да ми нареди, да ме искритикува... Само да ми даде некаква насока. Затоа што, очигледно, сама не успевам. Се чувствувам изгубено.