Живееме во држава у која хроничните болни мора да се вратат на работа а пратениците си овозможија шанса за онлајн работа. Аххх мојата чудесна земја
Бев излезена со децава. На една клупа седеа деца. Околу 13/14 години. Поминува дете со велосипед и ги погледна. Се познаваат. Машкото што седеше на клупа стана и почна да му се дере - Зошто ме гледаш? Оди си по патот. Се доближи до него и почна да му го треска велосипедот од земја. Му се закануваше дека ќе добие ќотек. Ме виде мене и престана. А нападнатото дете е со проблем. Какви се тие родители што ги учат своите деца на дискриминација?
Денеска си идам од работа и како и секогаш се џарам низ прозор од кола онака рандом и видов простачко однесување од помали деца. Се движеше дебела жена накај маркет, и момчињата од зад неа се смеат и ја сликаат со мобилен... -_-'
Хахаха верувам дека те нервираат, ама пробај да не си се полниш со нервоза, омраза и негативна енергија. Само ти ќе се чувствуваш лошо а тие пак ќе си тераат по старо. Инаку, знам дека некои така ги палат колите да се згреат ама во зима кога има минус температури, а вака во лето...хмм не знам од која причина
Продава куче 3 месеци иста цена како што е купено ама идело со додатоци овој пат, добро зошто купувате кога не можете или немате услови за грижа на милениче? Не е само купи го, држи го месец дена, децата да се порадуваат и ај продај го или на улица. Жива душа е бара грижа и љубов и мнооогу внимание пред се во пакет со финансии. Пред некој ден ми вели една познајничка имам куче и си правиме муабет од каде е купено ми вели не е купено дадено ми е од комшии. Воделе газдата како го фрла од кола пред контејнери и го земале па ме прашаа дали децата мои би се радувале и дали би го чувале. И пак ми текна на ова ќе го почува месец дена, децата да и се порадувале и иста приказна. Добро каде отиде човечноста во нас, чувствата тука се или заспале и се заборавиле во длабок сон?
Кај нас не се работи за Ден на македонското востание, Ден на Словенските просветители, Денот на Илинденското востание, Денот на независноста, Денот на умрените или тако звана Задушница, рипање по крстот, па Ден на трудот, Ден на македонската ревулоционерна борба, Свети Климент, Богородица, Бадник и Божиќ и уште некој сигурно има толку ми текнаа и после зашто сме се бунеле викаат нигде го нема ова затоа...
Тоа ми е збор и мене. Ај ако не, уште Св. Архангел Михаил да се прогласи неработен исто и Митровден, туто комплето. Сакаме економија да цвета а дома славиме за секој продужен викенд. Лицемерие.
Свети Никола и онака на пола и повеќе им е куќна слава барем да се одморат нели малку им е и 11 Октомври и 23 октомври, 8 декември и 1 јануари неработни да бидат па ај и 19 декември нека биде да не дојдат на многу растојание неработните денови... Заборавив да кажам дека и 13 Ноември требаше да биде неработен ден, ама дека е празник на Скопје па нема поента да е во цела држава неработен ден и не бидна да биде неработен иначе и тој се слави онака со прослави, патронати, настани, манифестации и што се не...
Нека работат некое време така, па да видам дали ќе сакаат. @Idedemja очигледно сакаат да бидат хумани пред народ. И кај мене во маало има такви господа кои за кратко време ги исфрлија кучињата на улица.
Од трауми од детството... Ова: И секогаш кога одам на фризер и ме фенира со ова чудо подголтнувам и имам флешбек од детството кога успеав ваков чешел да заглавам на предните прамени и вриштев бидејќи не можев да го отплеткам. Откако го отплеткав, половина од косата остана на чешелот. Овие со закон би ги забранила.
Ако се однесува на оние кои купуваат кучиња и потоа ги фрлаат на улица во тоа нема ништо хумано ни за пред ни за зад народ и не знам што '' господско '' гледаш во такви луѓе? За мене тоа се се' само луѓе не, ама само кај нас е се вака излезено од колосек и без контрола. Каде и да сум била и прошетала во странство ниту сум видела расни кучиња по улици ниту па се купува и продава како да се произведени на фабричка лента миленициве.
Она кога караоке микрофонот ќе го најдеш у 00.00: И тоа е... После Камилоски на лајф, па нормално дека Карусо ја отпеавме и се поклонивме на балкон.
А ти имаш бар месец дена работен стаж или економијата ја оправаш од средношколски клупи или факултетско бифе?
СДК колку само ја потценуваме моќта на зборовите. Една моја многу блиска особа ми влепи в фаца сабајлево неколку збора без врска и еве денов ми е непоправливо сјебан. А можеше да биди поинаку...