Следен пат потсетете ме да не помагам и да не ислушувам никого. И уште нешто, културно е да вратиш на порака, ама што знаат некои што е култура?
Чекам ред и една жена што стоеше зад мене ми приоѓа и ми вели "Девојче сакаш ли да ти кажам еден рецепт за слабеење?". Велам нејќам. Таа продолжува да ми кажува дека нејзино е да ми каже, а јас дали сакам или нејќам да го применам си е мое. Пола сат ја слушав за тој магичен чај од магдонос и како сите што ги знае и нивните мајки ослабнале така. Не воопшто не беше нејзино да ми пријде и да ми даде совет кој не го ни побарав. Луѓето се ептен безобразни. Аман.
Дали се нормални луѓево во земјава? Требало да ја прашаш дали сака да и дадеш број од пластичен хирург. Може ќе и текне колку е некултурна.
Да се самоцитирам. Детето - малтретирач се закануваше дека ќе ги викне и неговите родители да го истепаат другото дете. Очигледно родителите го учат да се служи со такви закани. На него никој не смеел да му направи нешто. Ни да го гледа. А другото дете ништо не му направи. Ама ете....не е како него. А останатите деца го охрабруваа насилникот да го тепа детето. Да не бев јас ќе имаше тепачка.
Многу е неубаво чувството. Те разбирам. Мене ми приоѓале кога имав проблем со акните. Секој со различен совет, рецепт и доза сожалување во очите ти го уништува денот.
Ова е прв ден да останам дома ова време, со лаптопот во раце и да си правам онлајн нарачки. Обично сум некаде надвор и пијам кафе, денов некако исклучок ми е. Е сега кога сме кај онлајн нарачки, денес е Светски ден на шминката па има попуст и мора да се искористи, нешто ситно, нешто големо по избор.
Се чувствувам лошо и се каам што зборував дека Господ не постои ,да постои и ме спаси ме врати од смрт . Жива сум со таа изгубена крв телото ми остана повторно јако ,само Господ ми помогна и ми го покажа патот. Јас јавно се извинувам на @EvAngelos и @Vitaly .
https://skopjeinfo.mk/obvinetiot-ko...ska-kaj-univerzalna-osuden-na-4-godini-zatvor Сакам да кажам нема правда за сите. 4 години? па дали сте бе нормални?
Е се рамне, абе Македонијава е сон за секој криминалец бе. ццц. Ќе се утепаш од праење криминали, и пак ќе поминеш лесно. Разочарана сум.
Работава е - Убивај со умисла и ич не се секирај. Ќе си лапнеш мала затворска казна и после како ништо да не било. Само немој да крадеш ќебапи. Црно ти се пишува. А тоа што си завил цело семејство во црно, пу пу не важи.