1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    41.321
    Пол:
    Женски
    Не знам љубави веќе, само знам дека ова е веќе трагикомично.
    Тешко на родителите на девојката, да не си им во кожа.
     
    На Idedemja и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Глава неκа κρшат таκви..
     
    На bicycle и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.895
    Допаѓања:
    35.952
    Пол:
    Женски
    Кога бев тинејџерка колку се расправавме со мајка ми, јас сакав фармерки со низок струк, таа ќе се запнеше со висок да не ми се гледал газот.
    И еве после 10 години преферирам со висок струк, ама на таа возраст, такво време било, сум сакала само низок, никој не носеше со висок.
    Сега висок струк фармерки, сукња, кратки панталони, што и да е, ми изгледа преубаво, женствено, привлечно, културно.
    Немам ништо против нискиот ама високиот ми е чиста десетка.

    Пробав да ги натргнам фармерките како младиве девојчиња и останав без фармерки, гајката ми се откорна од десна страна, најскапите фармерки што некогаш сум ги купила, ама повлеков само едната страна, требало од двете страни наеднаш. Ќе знам за друг пат како се натепува.
     
    На Nausicaa, Harper, vitamina и 13 други им се допаѓа ова.
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Дури и да е погрешна одлука, моја одлука е.
    Се слушав себеси.
    Дури и да сум направила грешка, одговорноста е моја, според тоа и каењето ќе биде помало.
     
    На vitamina, Oscar Lady, VoodooGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Тоа шо читате не ве праи ни посебни, ни паметни, ни поетеси. Ок? Особено ако едино нешо шо го читате е срање преводи на чик лит.
    Смешно е шо горенаведениве најчесто го бутаат фактот дека ЧиТаАт у фаца на сите. Патетично.
     
    На Nausicaa, Harper, Lella и 15 други им се допаѓа ова.
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.433
    Допаѓања:
    12.124
    Пол:
    Женски
    Се запишуваат на факултет денес ги гледам радосни, се смеат.
    И јас кога се запишував исто бев радосна, не знаев што ме чека...
     
    На VoodooGirl, DiCaprio, buba4e89 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    За секого различно, но за мене студентските денови беа најубавите.
    Многу, многу поубави од средношколските. Ќе ми останат во најубаво сеќавање.
    За жал, враќање нема... затоа им посакувам на сите нови студенти да уживаат во секој миг. Дури и на најтешките испити ќе се сеќаваат со насмевка еден ден :)
     
    На Lella, Oscar Lady, edna_malecka и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.397
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум сакала да се разликувам од другите(позитивно).
    Еве, во рок од 24 часа полагав три испити.:muscle:
    Мислам дека го истакнав посебното во мене и сега чекам да влезам во Гинисова Книга на Рекорди.:$

    Ако некој друг студент полагал цел семестар во еден ден нека ми се обрати:rofl:
     
    На edna_malecka и Idedemja им се допаѓа ова.
  9. Nithya

    Nithya Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.478
    Пол:
    Женски
    Ум царува, Ум робува, Ум гуски чува.
     
    На ушко му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.273
    Допаѓања:
    163.382
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам сите сме такви какви што сме ради претходни искуства, позитивни и негативни. Али како возрасни личности сме доволно свесни да разграничиме шо е океј, а шо не е океј. Претходните искуства не се изговор, неопходна е работа на себе.

    Едно е да имаш разбирање за моменталната состојба на близок и да му дајш простор, време, поддршка, рамо за плачење. Ама таа една стресна ситуација никој не дефинира целосно. Таа една стресна ситуација не е free out of jail card. Сите имаме проблеми. Сите сакаме да зборуваме за нив. Сите сакаме да ги немаме.

    Некогаш грижата за менталното здравје ни налага да сме малку себични. И тоа е океј.
     
    На Nausicaa, vitamina, Lella и 16 други им се допаѓа ова.
  11. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.276
    Пол:
    Машки
    Зер душа.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Одлично срочено ти е мислењето и сосема на место.
    Има една реченица, self love isn't selfish. Одамна ја чув ама во тој момент ми изгледаше како некој рандом афоризам на кој не му обрнав внимание. Денес, често и се навраќам за да се потсетам некогаш дека има праг до каде емпатијата кон другиот не прави сопствена штета. Некогаш едноставно неопходно е да се дистанцираме за да ја зачуваме својата енергија и иако порано не беше така, сега сметам дека нема ништо себично во тоа.
     
    На Fluffy^-^, Miss666, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  13. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    12.613
    Пол:
    Женски
    На добрина со лошо ви враќаат секогаш. Проклети луѓе.
     
    На hermosa, deskarada, Miss666 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Humanka

    Humanka Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2020
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    izvinuvanje bez promena na odnesuvanje -manipulacija
     
    На Кена Рис, *Amethyst*, edna_malecka и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.133
    Пол:
    Женски
    Баш, да се чудиш..
     
    На SummerGirl и krofnicka27 им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.001
    Допаѓања:
    35.965
    Пол:
    Женски
    Или на пример.....ти бараат услуга и после ти си виновна што си помогнала. Следен пат ќе размислам дали ќе направам услуга на некој.
     
    На raww, krofnicka27, Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.548
    Допаѓања:
    7.849
    Значи многу на нерви ми идат колеги кои мислат дека ако они не работат, целиот систем би пропаднал.
    Пример оние што работат кај мене на оделение и се 55+ работат како секој ден да им е последен, или од дома се многу одморени па си ја трошат енергијата на работа.

    Е, мене сакате кажете дека сме мрзлива, работам колку можам, не давам натчовечки напори само за се да биде перфектно. На прво место ми се луѓето, па после документите.
    На сметам дека правам добро што некој во сред ноќ (4 саат сабајле(facepalm)) ќе го разбудам и ќе дојдам да го бањам, оти нели прва смена требала пауза да има.
    А, јас што сум си го сменила биоритамот можам без пауза да акам цела вечер и ќе се откажам од паузата... Аха сигурно.
    Се мора да е перфектно и по цена да папсаш. Секаде ние ќе помогнеме каде фалат луѓе, ама кога ни треба помош не стои шефицата зад нас, оти нели ние се можеме сами, не сака да каже оти ни треба помош.

    Е, од таквите колеги на чело со мојата шефица ми се повраќа, ама искрено:puke:
    Овие се личности кои работата им е на прво место, и мислам дека не се далеку од брн аут синдром.

    Една колешка ми вика за време на социјализамот имавме градинки во кои ги остававме децата во понеделник, а си ги земавме во петок назад. Така си флексибилен за работодавачот цела недела.
    Па, ако е до толку работата ќе си земам куче, нема да чувам дете. Иако тоа ќе биде жалосно и на куче да му го направиш.

    Ама си имам и група колеги со кои се разбирам,и со кои се помагам.
    Германците се ладен народ, ама ако се спријателиш со нив нема никогаш да ти заријат нож во грб.

    Денес во десет саатот колешката дошла ноќна смена и кога го видела планот видела дека сум утре прва смена сама со шефицата на оделение-по правило сме 4 сестри плус шефица,онаа што требаше да дојде на помош се пишала болна. Другата колешка и она болна.

    Ми се извини што се јавува касно, ама ме предупреди за состојбата утре, вика ќе го јадеш стапот ако дојдеш на работа. Подобро пиши се и ти болна, оти сте двете сами- она ќе шефува, а ти ќе папсаш од работа ќе работиш за 4.
    И така утре ќе си се отспијам фино лепо и ќе се пишам болна за детето.

    Работата не ми е се во животот, ја сакам, ама не по цена на моето здравје. Оти некои жртви не вредат. Имам син кој сакам да го гледам како ќе расне.
     
    Последна измена: 11 септември 2020
    На Herrera, vitamina, Miss666 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Сакам да сум родена во 60тите, да се развивам во 70тите, да бидам тинејџер во 80тите и вистинските години да ги живеам во 90тите. Ќе останам воздржана за до 2010, ама се понатака е проклетство. Изгубени се сите вредности.
    Музиката која го карактеризираше тој период, до ден денес се слуша. Самите текстови имаа тежина, моќ, способност да ти ги допрат сетилата. Да ти е кеиф да раскинеш, само за да слушаш ретро love songs и да си плачеш.
    Филмовите се гледаа по 10 пати минимум и секогаш беа интересни како прв пат да ги гледаш. Бетовен, гол пиштол, полициска академија, рамбо, кум, и да не набројувам. Нема човек од тие времиња што по 100 пати ги немаше изгледано. Сега го гледаш еднаш и немаш намера да се навратиш, next.
    Емисии за деца. Кој растел со Були Були, грашковци, дајте музика, баљум баљум е благословен човек. Чудовиштата од нашиот град ми беа додуша страшни.
    Сите беа еднакви, немаше поделби. Средна класа беше мнозинството. Излегуваш во парк, немаш игла кај да фрлиш. Единствена поделба беше на металци, скинери на сепариња, шмизли на секаде, трансери по брдата, неопределени кај мечето. Ама секој со секого можеше да направи муабет, сите беа лабави, друштвени.
    Парите имаа вистинска вредност. Со помалку се купуваше повеќе. Сега и со многу, не ти стига. Самите недвижнини беа достапни за секого. Сега подобро е бубрег да продадеш за учество.
    Школите беа установа бре. Последниот збор го има наставничката. Кога ќе ти каже викни го родителот, срцето во пети, гаќите кафеави. Сега јок. Никаков авторитет, родителите се најгласни и секогаш нивното дете за ништо не е криво. Па да те викнеа кај директорот, препиши судбина со време, бидејќи родителите има ушето, дуња да ти го направат.
    Мирц, ќе го заборавев. Колку пари имам фрлено само на него. За 30вче еден саат влегуваш во виртуелниот свет, за тебе магичен.
    Таа, наш свет, развигорче, тин шема, чоја со поклоните, едвај чекаш да ги купиш.
    Да имам временска машина, би се вратила во тој период. Тешка носталгија ме пука.
     
    На Harper, MeowMeow, martiiinna и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    '' Емпатите ја препознаваат вистината, намерите, мислите и целите, без оглед како ќе се обидете да ги спакувате и презентирате. Тоа е она што емпатите дефинитивно ги издвојува од другите луѓе.

    Најдарежливите луѓе на целиот свет се секако емпатите. Не само што можат да ги почувствуваат туѓите емоции, тие имаат и позитивно влијание врз луѓето околу нив. Тие можат да помогнат да се смени нечиј живот на подобро и ги насочуваат саканите луѓе кон вистинскиот пат.

    Ако сте сретнале вистински емпат во вашиот живот, знаете дека е личност која е невозможно да ја излажете. Емпатите го перцепираат светот околу нив сосема поинаку од другите и затоа можат да видат за што се способни обичните луѓе. Вистината може да биде обвиткана во илјада слоеви лаги и измами, но емпатот на крајот ќе дојде до неа.

    Понекогаш емпатите им дозволуваат на луѓето да зборуваат лаги за да се чувствуваат подобро, но до одредена граница.

    Фигуративно кажано, емпатите се подесени на фреквенцијата на вистината и разбираат сè што се случува околу нив на многу подлабоко ниво – вклучувајќи ги и зборовите, мислите и делата. Без разлика колку се љубезни и добронамерни тие нема да дозволат со лагата да се загрозат туѓи животи. Исто така, оправдувањето нема да ви оди од рака, затоа што кога еднаш ќе ги откријат вашите лаги, нема да се откажат од нивно разоткривање.
    Емпатите се природни исцелители и можат да ја излечат вашата душа од лаги и токсични емоции, правејќи да станете подобри, попаметни и поблагородни. Тие не се откажуваат лесно од охрабрувањето на саканите личности да направат добри промени, но ако ги изневерувате постојано, тие едноставно ќе се оддалечат од вас. Емпатите не се откажуваат толку лесно и сакаат да ги направат луѓето и светот околу нив подобро место, но има и поединци кои сакаат само да ја искористат нивната добронамерност.

    Запомнете, емпатиите никогаш нема да ви кажат во лице дека кажувате лага, но тоа не значи дека не го знаат тоа. Тие ќе дадат се од себе за да стоите зад вашите зборови, да ја разберете и прифатите убавината на чесноста и довербата.''
    :nod:
     
    На Miss666, *Amethyst*, Elf и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Единствена поделба на почеток на основно дали си за New Kids On The Block или Guns N'Roses?:rofl:
    За се друго I feel U ^_^
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.