Многу, многу сум среќна. Си најдовме местенце баш такво како што сакавме, тргаме кога ние сакавме и сега чекаме само да дојде денот. Се' ни се погоди. Одвај чекам, не знаете колку сум нестрплива. Ми се скока од радости. Не одиме премногу дена, не одиме којзнае каде, ќе поминеме поскромно АМА ќе бидеме само ние двајца и никој друг, а тоа е највредно нешто. Чувствувам потреба да се тргнеме од сите и да сме сами. Ќе си се мазиме, ќе си се пазиме, ќе си посветиме време само за нас двајца, ќе си готвиме заедно, ќе си спиеме заедно... убавини. Леле луѓе уште сега срцево ми чука. Не ни е прв пат да одиме некаде заедно на повеќе дена ама сега некако посебно се чувствувам, не знам зошто. Уште сега планирам што ќе носам, што ќе готвиме, што ќе купиме, што музика ќе слушаме... Уф. Се осеќам како тинејџер пред својот прв летен одмор со друштво и симпатијата. Летам од среќа. Посебно зашто знам дека одлично функционираме кога сме заедно 24 часа. Само да потрае...
Она преубаво чувство кога со татко ти спремаш ручек и заедно си слушате стари рок хитови, подрипнувајќи според ритамот и секако, главното нешто- пеење. Мило ми е што имаме ист вкус за музика. Спојлер Е, сега, извинете, ама морам да ја ставам песнава http://www.youtube.com/watch?v=qKAa20ukR-s You're so fine, lose my mind And the world seems to disappear All the problems, all the fears And the world seems to disappear.. Поздрав, ладете се на жешково.
Родители, не ги добивате децата на лото па на некој да му се погодат воспитани деца,способни да се снајдат и успеат во животот,а на други деца кои кога ќе пораснат ќе станат бандити,мрзливи и неспособни луѓе. Туку ги правите такви. Воспитувањето и вашите постапки се рефлектираат врз вашите деца. Ако сакаш да видиш со каков човек имаш работа види му ги децата јас викам. Дури и едно растение за да порасне му треба љубов и трпение. Како и се во животот така и воспитувањето на децата е еден посто какво дете (генетски) ќе ти се погоди и 99 посто колку труд ќе вложиш во него. Затоа пред да му речете на детето дека е неспособно,глупаво или дека е кретен,размислете што му давате до знаење со тоа и што го учите,дека е во ред сите во животот да го газат затоа што родителот кој треба безусловно да го сака прв го направил тоа. Така кога мислите дека детето ви е неспособно за било што,само да се снајде,да процени,да донесе правилна одлука,размислете дека го научило тоа од вас и од средината која вие делумно сте му ја избрале за растење.
Моментот кога сфаќаш дека мораш да почнеш да правиш нешто со сопствениот живот, а не да стоиш во место ....
Сакам да кажам дека одеднадеш се истури, богами ме исплаши како почна да врне мислев писка некој надвор.
Никогаш нема да разберам родители кои се издеруваат на јавни места и си го понижуваат своето дете како самото тоа да не е личност. Никогаш не се дереле моите родители по мене,ниту ќе го правам тоа на своите деца. Воспитувањето се прави со прегратка и збор, веќе кога ќе прејде во хронично невоспитување џабе се издеравате, повеќе зборува за вас него ли за вашето дете. Ми се превртеа цревата од таква сцена на мајка со три, читај ТРИ годишно дете. Ми одеше да и го земам детето и да ја упатам до аптека да си купи нешто за смирување. Ни дома, ни на јавно место сфатете дека НЕ СМЕЕТЕ да им се издерувате на вашите деца колкава и да ви е фрустрацијата. За промена ГУШНЕТЕ ги колку и да ви се чини невообичаено и несфатливо, тек тогаш ќе ја сфатите промената. Најголемите лекции за емоциите ги научив од мајка ми. Ги сфаќате ли сериозно вие емоциите на вашите деца? Дали вие ги искажувате постојано вистинските емоции на вашите деца, а не само моментални изливи на љубов? Сигурно дека постојано ги сакате, ама искажувањето на секоја емоција на смирен и вистински начин создава интелигентни и здрави деца. Да, напорно е и тешко, ама токму тој дел го прави родителството ТЕШКО како што сите зборуваат, а не само да им ги намирите базичните потреби на децата и за се останато да се издерувате. Кога последен пат сте го прашале вашето дете па колкаво и да било - како е? Да, едноставно и на детски начин поставено прашање - сине, како си? И да, неговата скршена или изгубена играчка за која несмирливо плаче е поголема траума од што вие мислите (за она за кое и плачеше тоа детенце чија мајка се издра како нездрава и ме испровоцира да го пишувам ова). Неговата загуба и болка е иста како загуба на жив човек, а замислете немате разбирање за тоа и го маргинализирате неговото длабоко чувство. И замислете каква длабка оставате на неговата душа, како несфатено и неслушнато? Си викам, замисли мајка ми да ми се дереше за секое мое каснење, колкава фрустрација ќе ми предизвикаше, наместо да ми кажуваше искрено - јас се загрижив за тебе да не ти се случило нешто, исплашена сум,а не лута. Многу повеќе ми значеле нејзините искрени емоции него ли да биле изливи на бес кои биле предизвикани од фактичкиот страв, па ќе предизвика страв кај мене од неа... го гледате кругот? Што е тешко да си ги смирите живците и да ја тргнете блокадата од вистинските емоции? Сериозно ќе почнам да мислам дека не треба секој да го остварува своето родителско право и дека пред да зачнеш треба да поминеш триста тестови за способност. Родител што се дере на своето дете не е добар родител, а не е ниту добар човек, туку луд психо. И не, не мислам дека кога ќе имам свое дека ќе го променам мислењето, туку се е од средината и родителите од кои си одгледан. Ни кога сум чувала туѓи деца кога буквално ми се качувале на глава, не сум спиздувала и не сум дозволила да бидам изнервирана, секогаш се завршувало со игра или заспивање. И нема изговори, родители кои тепаат и се дерат создаваат агресивни деца. Страшно е колку емотивно неинтелигентни луѓе постојат, затоа е вака посран светов. Се од его и од суета си патат ако ги исправиш и ти си лудиот егоист кој се прави паметен...
Зошто секогаш треба јас да бидам таа која ќе се јави да види што правите, како сте, да речам за излегувања? Каде е тоа правило дека морам јас да ги правам овие работи, какви другарки сте вие ако на 100 јавувања не ви текне вас еднаш да го земете телефонот да видите што правам ЈАС? Се јавувам после недела дена и од кај јас се јавувам, она ме заборавила уште па се лутат, арно ми текнало, кај сум била, да не ми требало некоја услуга. Да ми треба услуга, излези од животов, вакви пријателки како тебе не ми требаат. Им давам преголемо значење на ваквите глупости во мојов живот. Таква сум, девица во хороскоп, се преплавувам со ситници, се нервирам за најмали работи. И после толку "пријателства" незнам зошто упорно ги правам истиве грешки..
Ти бе, знаеш ли кој сум јас? Изговорено со остар тон, надмен и лут поглед во очите, со толку арогантно држење да му се споврати на човек. Одвратно. Па ако беше некој немаше да имаш потреба да го поставуваш ова прашање, господине. Не можам значи, страшно гнасни ми се овие луѓе. Дали парите и човечноста се обратно пропорционални? Колку повеќе имаш пари толку ти се дига мислењето за самиот себе, егото ти се дуе до тој степен што не можеш да видиш ништо околу себе? Овие луѓе најчесто се изживуваат на луѓе кои им вршат некаква услуга, на персонал од било кој тип, уште толку си го билдаат егото. Зашто знаат дека тие луѓе не можат да речат ништо. Уф колку се нервирам кога ќе видам вакво нешто. А некој од страна ако им се обрати тогаш опашот си го виткаат меѓу нозе. Сакаш ли да ти кажам кој си? Едно невоспитано створење кое без парите би бил обичен мочко. Ај сиктер.
СДК дека незнам ни јас шо сакам да кажам... Дека човекот е некое суштество , направено цел живот да се мачи , да посегнува по нешто , да го добие , потоа да го одржува , но се со маки,,, Понекогаш кога ја слушам СО МАКИ СУМ СЕ РОДИЛА мислам дека песната од мојата душа е излезена... Поакуваш нешто во животот мислејки дека уште тоа нешто е последно за да бидеш комлетно среќен но не е така...Џабе ти е се кога не е до тебе она што најмногу ти го треба. Далеко си од мене за да ја споделам мојата болка , мојата мака , мојата среча , моето се.. Но кога ке размислам подобро моето све си ти а јас те сакам само за сеебе несакам со никого да те споделам. Чудно е човек што се мора да претрпи , што се мора да издржи само за подобро утре, за подобра иднина , за утрото кога ке бидеме јас и ти заедно. Понекогаш се прашувам има ли крај на ова тугина , на ова далечина на таа пуста земја... Има ли ден кога засекогаш ке бидеме заедно , кога куферите само за заеднички патувања ке ги спремаме ? Има ли крај на ова самотија и ова болка во градите што ме стега за секоја минута што не си покрај мене јас верувам во тој крај , во подобар почеток , во подобро утре.. Сепак се ова е за наше добро...Можеби љубовта ни е посилна од се па затоа и невозможното го надминавме... Невреме се спрема а јас беспомошно полна со страв во себе се кријам во самата себе , бидејки не си до мене да ме допреш да ме сокриеш од све... ги бројам и деновите и минутите.... Ми требаш до мене
Јас мислев само мене ми се случува ова.. Така и се одалечив од многу луѓе, од што ми се смачи се јас да се јавувам.
Сакам да кажам дека многу ми е мило за Германија, си заслужија! Ја тегнеа цела утакмица, се изнамачија и на крај си победија
^ Ааааааа, па ако продолжите вака цело СДК ќе стане како News Feed-от на ФБ. Не ме сфаќајте погрешно, ама си има соодветна тема. Мене мислење за Икс Фактор ми беше преместено по брза постапка. Веќе не ја правам таа грешка.