Панчо ли му е другарчето? Јас па баш би сакала да го запознаам, многу фина особа сум со такви ко него и навистина убави зборови имам да му кажам.
Порано секогаш им викав на другарки дека не е добро некого да остават на seen и дека бар секој заслужува што ќе им пиши, ако ништо друго да добие шанса и учтив одговор. Веројатно оваквиот став ми се темелеше на тоа што знам како се чувствував јас кога некој немаше да ми врати. Но, едно големо НО, сега воопшто не мислам така, напротив, не само што повеќето од маживе не заслужуваат учтив одговор, не заслужуваат никаков одговор, па дури и блок. Какви само пациенти има, па какви само пораки пишат, колку се нападни, тоа е страшно нешто... И тоа ни срам, ни перде. У Ж А С. Дефинитивно мора да се стави ред на социјалните мрежи и да се има поголема одговорност, а не овакво безредие да владее.
Муабет не му должиш на никого. Ако се повреди од seen, негов проблем. И чичиња застануваат на улица и ти прават муабет очекувајќи дека мора да им вратиш. За жал, девојките со свашта се соочуваат.
Дури и кога изгледа дека коцките започнуваат да се редат, страв ми е да се израдувам и да се опуштам. За секој случај... да не му текне случајно на животов пак да ми приреди непријатно изненадување. Барем да не бидам изненадена
Си седам така среќна што сѐ си средив,уште ручек да направам кога одеднаш загрми веднаш помислив на смајлито со кандилото на фемина. Срипав!!! Пу, гледам ни прозоц ајкули пливаат по улици. И сфатив дека за џабе ја чистев тарасата, риби и онака нема да ми дојдат.
Кога ми е досадно: *ништо не се дешава, сите зафатени, отидени на одмор, сѐ е тивко* Кога стварно имам ствари на кои треба да се фокусирам: -На најдобрата другарка ѝ се дешаваат се случуваат интересни работи што мора да ми ги прераскаже и да се видиме -Другарка од основно сака да се видиме -Сестра ми добива прилив на пари па сака да одиме на шопинг, и на саем на книга бидејќи е последен ден, а не отидовме до сега -Другар од кој немам чуено со месеци ми пишува кај сум се изгубила -Роденден му е на татко ми па треба да правам нешто со него Баланс нешо???
Инфлуенсеркиве што сликаат како читаат на плажа изгледа од назад ги вртат страниците. Ставила слика сабајле од истата книга на страна 126, вечерта пак чита на 95та страна
За мене работа е работа од компјутер на платформа, а не кај македонски газда што си лечи комплекси на мене. ТОЛКУ. ТОЧКА.
Преку долната од А не ти е многу да даваш 600 за нокти, ама за ______ ти е скапо. Има и такви што дома се лакираат со лакче од 50 денари што стасува за неколку пати и двапати годишно одат на фризер за потшишување. И не дека немаат, туку така им чини и немаат потреба за повеќе. И да, стварно може да им се скапи некои работи или да гледаат да поминат поевтино. Така да следен пат не туку си правете безвезе претпоставки кој за што трошел пари без сам да ви каже.
Ја стварно не знам како не ти здосади секој ден да се жалиш дека имаш мала пензија и немаш пари за ништо, а месечно 3000 за цигари, око не ти трепнува кога даваш, па уште 1500 не ти прават некоја разлика, а поише од 100 ден ти е многу да дадеш за јадење, освен за тонус леб.. је-зи-во
На наставниците им пишувате во 22 саат, па пази должни се да ви враќаат. Па дали сте нормални бе, алоо. Јас не знам како не ви е срам. И зошто си одам од државава. Еве зошто.