Познавам девојки на кои што им е глупо да пишат друга порака додека дечко им, со кој идат +- година дена, не им врати. Недај боже да му свртат на мобилен.
Може да се направи тема и мислењата да бидат префрлени. Пр. Срамежливост во врска. Или Отвореност во врска.
Ги знајте оние кенкави периоди кога ништо не оди? Епа таков! Овој пат со акцент на луѓе. Не можам поќе да ги поднесувам бе! Се труди човек да биди фин, никого да не навреди, да излези во пресрет за било што, се труди да се дружи, да утеши и што ти јас знам. А како е возвратено?! Сите си прат како што му одговара и никој не те рецка два посто. Се лутиш? Па лути се до утре, на никој не му е гајле. Башка, што тоа се дешава со машкиов пол, луѓе мои? Кој од кој... До времево е, до модата е? Ват д фак Заклучокот ми е: можи треба стварно да не се замараме со никого и да прајме како што ни одговара без да мислиме како тоа се рефлектира на другите. Помалце главоболки така.
Многу ме нервираат луѓе кои за се и сешто ме обесхрабруваат. Брачед ми со завршено средно економско ми вика што се мачиш толку со факултет, за џабе ти е, еве и јас учев и пак сум невработен. Ќе видиш потака во животот дека учењето нема да ти се исплати. Значи, брачед ми уште сега ми ја предвиде иднината. Јас на сето ова му одговорив дека ако тој не успеал во животот не значи дека и јас нема да успеам, ако ништо друго барем ќе се потрудам да успеам. Сигурно нема да чекам лото да ми се падне, па да се збогатам, напротив ќе се трудам колку што можам повеќе и ќе му докажам дека не е во право.
Вас што ви е побитно Делчев да испадне Македонец отколку да се средат корупцијата, образованието и здравството, не знам дали да ве жалам, пцујам или просто да у очи да не ве гледам веќе.
На тие што им е битно дали Делчев ќе испадне Македонец или не, не значи дека не им е важно да се среди корупцијата, образованието и здравството. Не банализирајте со глупости. Демек ако Гоце не остане Македонец, тогаш корупцијата, здравството и образованието ќе се средат? Јасна ми е идеологијата на мевот и робот како што сте 99% од новите генерации, ама големите умови не ги интересирало цените на малините или дали ќерка му ќе има пари за нови штикли секој 1ви од месецот. Копнееле и твореле за големи идеали, затоа и историјата ги помни. Таков бил и Гоце Делчев. Можел да го дрви во јавна администрација или да дреме по меани цел ден, но одбрал друга цел во животот.
Ако Гоцета го направиме бугарин, сигурна сум дека земјава ќе почни да ни цвета на секое поле. Океј е, се навикнавме. Го дадовме газот под кирија на албанците и грците, нема потреба со браќа блгари да сме во конфликт.
На форумов автоматски едното го исклучува другото и нема дискусија понатака. Или си за едното или за другото. Ако го браниш едното, тогаш за другото не ти е гајле/или не треба да ти биде. Од тука сиромашната споредба.
Значи , некои членки толку знаат да ги извртат моите мислења , да си пукне човек од мака . Не затоа што го извртува моето мислење , ами од што е неука душичка , па или не знае да чита , или се прави дека не знае да чита . Јасно е како ден дека нема основа да се закача со мене , и упорно тврди дека ги бранам Албанците а ги напаѓам Македонците . Уште малограѓанството од мене извирало , јас не знам да читам и пишувам , мала сум била да одам да научам да пишувам и разговарам како што треба , а јас 24 години крава читам , пишувам и зборувам правилно од свои 4 години .. Страшно е какви ликови лечат комплекси врз нас нормалните .. терор е ова . Уште еднаш ќе и порачам на дотичната , ако некаде бранам Албанци а напаѓам Македонци ( конкретно во последното мислење на конкретната тема ) слободно цитирај ми го тој дел и посочи ми ја грешката ( бидејќи јас можеби сум слепа , па не гледам такво нешто ) и јас ЈАВНО ќе се извинам на сите Македонци . Во спротивно барам ЈАВНО извинување од членката , и привремено банирање од страна на админите доколку таа не се извини .
Сакав да пратам една слика -скрин од меил во групниот чет од факс, а друга безобразна слика кај либе. Ги праќам, исклучувам хромот, и одеднаш се штрецнувам да не безобразнава сум ја пратила во групниот. Ај да проверам и баш во тој скапан момент ми се укочи лаптоп, а телефонот исклучен и на полнач. 10 минути му требаа да се оправи, јас тука више препотена викам готово, ја виделе сите ако сум ја пратила. Кога конечно отворив месинџер, видов дека сепак двете слики сум ги пратила на соодветно место. Да ја пратиш по грешка на еден чоек, ај не е страшно, ама цела група да ја видат...
Вчера бев излезена со моите драги луѓе и навидум беше како и секоја обична вечер. Не се сеќавам на сѐ што зборувавме, на сите теми кои ги отворивме, ама добро знам како се чувствував во тие моменти и дека неколку пати се насмеав гласно, онака од срце. Луѓето ќе заборават што си рекол, ама никогаш нема да заборават како се чувствувале кога биле со тебе.
СДК дека животот е суров и уште посуров кога живееш во држава како Македонија. Ги гледам најблиските како си заминуваат во непознати земји да создадат иднина за нивните деца, татковци како одат на печалба на стари години. Уште потажно е што луѓето ова го праеле уште пред 60 години и ништо не се смени дотогаш. Исто срање, различен век...
Додека растев јас бев детето со некој килограм плус и тоа секогаш беше забележувано и коментирано од околината. "Ааа ти најдебела си од друштвото" "Пак си здебелена" Мразев да одам на шопинг, не можев да си ги купам фармерките кои ми се допаѓаат, а и секако: "ти дебелка си не се тие за тебе". Долго време носев широка облека која ми го крие телото, на плажа никогаш не носев купачи, на физичко во соблекувална ми беше срам да се пресоблечам. Сега поради икс причини имам килограми минус. Пак коментари. Ќе го издвојам најинтересниот: "Шо си ваква како костур тапациран". Поента и note to self: Другите секогаш ќе имаат нешто да кажат без да размислат какво влијание ќе има. Тогаш барем бев здрава, сега секој ден нова болест. Се надевам дека некогаш ќе се погледнам во огледало и ќе најдам барем една позитивна работа. Морнинг
Шо не сфатив? Побитно ни е Гоце да го сочуваме, наместо да си погазиме достоинство и да ги прифатиме сите деградирачки барања на бугарите за да не ни го блокираат патот до еу, нели? Пошто еу по дифолт значи бомбона земја..