Да бевте толку образовани ко што викате, ќе знаевте дека "не знам" не се пишува споено и "сфатив" не се пишува со в.
А зошто да не може и двете? Како можете бе вака? Или ајде ќе глумиме многу урбани, кул и нема да се замараме за историјата на нашата држава. Не знам, мене ми се многу битни сите овие наведени работи
@buba4e89 отворено море е тоа. Можам само да се потсетам и да мечтаам за местово. За автобусите...мислиш компири возат а не луѓе.Да ти се слоши од две станици Ама.тоа не е ништо.цо споредба со убавините кои ги гледаш додека те возикаат по работ на морето Еве една ноќна...
Муабети од типот и без тебе можат на работа не ми се потребни. Да, се може без секого но не секој може да работи како вас, некој може подобро некој и полошо. Не бе, не сум робот јас да контактирам 100 клиенти во една недела и да очекуваш резултати, а при тоа ми даваш и други обврски. Висење на лаптоп 24/7 за што? За пола да те осигураат. Да не знаеш колку ќе ти биде плата за тековен и нареден месец. Да им бидеш достапен на клиенти 24/7 и да те замараат во 22ч. Не,никој не е роден за ваква тортура.
Многу сакам да бришам прашина, пеглам, пајажини, паркет, метење, цел shebang. И сама го прам, своеволно, низ цела куќа пошто ми е ќеф. Има точно две работи шо ги прам ко ќе морам само и само зошто неќам да ги прам дома болни паѓаат. Као не, скроз способна ми е машината за пајнци. Не, нема да мијам на рака ако нештото го бери во машина. Ако не го бери, ќе премижам дека фаќам влажна храна, ију. И не, ако не морам не диплам. Да здиплам неколку работи - супер. Ама да седнам цел плакар ноуп. И зато ги редам на закачалка. И одма забелешка, шо то закачалка. Ништо не било. Дур имам простор на закачалка, не ни пробвам да ги здиплам. Точно две работи се. Во буквално се уживам. Значи не онака прам ама мех ми е, туку уживам. Си пуштам спотифај плејлиста и си журкам. Ама оние две работи не ги прам ако имам опција да не ги прам. И дома б о л н и паѓаат ради то. НеДоМаЌиНкА. Ок, тое јбг.
Зошто за ова протестот кој се случува, новинариве и по порталиве упорно кажуваат МАЈКИТЕ? Ги подржувам во протестот. Ама зошто некои (под ова не мислам само на мајките) се однесуваат ко друг родител да нема тоа дете? Самохрани се исклучок, секако. Додуша сме виделе и бетер ствари каде просто не знаеш дали татковците кур не ги боли или до толку се потценува улогата на таткото.
Имам приметено дека луѓето баш сакаат да прераскажуваат шокантни и крипи случки. За да се центар пажња? Најверојатно. Абе како да ви кажам, после војната, сите се генерали.
Што да кажам а да не се изнервирам ?! Абе по милион пат паднав и паднав во истите замки и лажни убедувања Јас во машко верба никогашшш !!!! Дајте некој подебел ѕид за посилно да ја ѕвекнам глава во него
Само предењето на мачката може да ме расположи после ваков shitty ден. И уште ќе се чудат некои зошто повеќе се приврзувам со мачки отколку со луѓе.
Некоја членка бараше вакво во Мк, но не можам да ја најдам темата. Ако некој ја препознае нека ја упати. Повели девојче https://gia.mk/product/gia-rose-quartz-face-roller https://gia.mk/product/gia-jade-face-roller
Предењето на мачките и врткањето околу нозе додека ја сучат опашката така егзотично, трчкањето на куцо и лижењето негово за да ми каже колку ме цени и сака ми се прајслес Само не е секој за домашно милениче и додека читам тука во темава налетав на ова кое сакам да го споделам. '' Земањето куче не смее да биде брза одлука. Треба навистина долго да размислите пред да земете, бидејќи тоа е како да додавате нов член во вашето семејство.'' Писателката Британи Таркингтон на својот Facebook профил напиша брутално искрена објава, која ја открива вистината со која мора да се соочите ако земате куче. Таа имала 12-годишно кученце кое се викало Вини и кое починало поради здравствени проблеми поврзани со старост, и решила дека навистина треба ова да го сподели со светот. Погледнете го подоле преводот од објаватa: „Пред да го земете тоа слатко куче полно со живот, замислете се себеси 10+ години од сега. Ако вашата визија не ве вклучува вас во костим за капење, каде што влегувате во када со вашето остарено куче, бидејќи има лош ден и е уплашена – не земајте куче. Ако не можете да се замислите себеси каде што чистите по нив додека се болни – не земајте куче. Ако се смеете на помислата дека ќе готвите специјални оброци само затоа што кучето нема да сака да јаде ништо друго – не земајте куче. Ако не би седеле будни цела вечер само за да се осигурате дека уште дишат и имаат се’ што им е потребно – не земајте куче. Ако не можете да се соочите со одлуката со која што јас ќе мора да се соочам брзо – не земајте куче. Не беше отсекогаш ваква стара бабичка со комплицирани барања. Пред 12 години беше кутре, а јас бев средношколка. Таа беше хиперактивна, здрава и полна со живот. Не беше секогаш вака. Ако не можете да се соочите со крајот на животот, не земајте куче.“ Вини починала подоцна истиот ден откако Британи ја напишала објавата. Баш е вака, кога земате куче или кое и да е друго домашно милениче исто е како да имате нов член во семејството кој бара особено искрена и посветена нега, многу внимание и најмногу чиста љубов Знаат да бараат, ама знаат уште повеќе да дадат