1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.720
    Допаѓања:
    177.532
    Мене си ми друштво ма, не јади леблебии. Имаш 100 банови оти не знаеш да броиш до 10. Број до 10 следниот пат, молим те:hug:
     
  2. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Откако си дел од мојот живот толку ми е мило на душичкава, некоја топлина и пријатност ме обвива секој пат кога ќе ме погледнеш, те погледнам, те земам и гушнам. Ти може не знаеш, може не сум ти кажала, а може и не си ме разбрал, ама помеѓу моите раце е твоето ветено парче земја на мир и спокој и многу, многу љубов:l:
     
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Вилицата од @prominent
     
    На Srckata28, Celltica, DAngel и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.133
    Пол:
    Женски
    Чувството кога ќе им го видиш вистинското лице на т.н "пријатели" ..
     
    На Peperutce1115, Idedemja, tinka-mace и 8 други им се допаѓа ова.
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    @lovestoneddd

    Особено кога ќе се налутам, вилицата ми станува ептен проминентна :makeup:

    Инаку, муабетов ме потсети на еден коментар што го добивам скоро секогаш, зошто никогаш не се смеам?
    Не, не сум толку ладнокрвна, едноставно не си ги сакам забите :tmi:
    Единствен комплекс ми останаа, и покрај целиот труд и маки за да ги исправам :|
     
    На candy.cane, GirlLove, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.368
    Допаѓања:
    20.924
    Пол:
    Женски
    Денов прејде од преубав до срање, real quick. Баланс ваљда..
     
    На f.girl и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Aма јас нигде не реков дека оправдувам.
    Зборот ми беше за тоа што дур едни ги казнуваат за неносење маска на отворено, се дешава ова.
    И за тие што демнат све живо кој носи, кој не дали тоа би го пријавиле.
     
    Последна измена: 20 септември 2020
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    И да бројам, па истото ќе го мислам и ќе го кажам.
     
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    39.485
    Пол:
    Машки
    Многу ми е глуп муабетон за вагините дека не треба да се синоним за слабост кога доаѓаат од личности кои секој втор збор им е "глуп си ко к*р" и останати слични реплики каде го користат машкиот полов орган како синоним за глупост, грдост и што уште не...
    Мислам, зошто воопшто да се прави оваква асоцијација? Зошто истиот не се користи во конотација "Силен како к*р" (јер, мускул, нели?) или кога е некој убав, висок, да му се рече "леле колку си убав, висок, прав, како к*р" (океј, ова е подискутабилно)... Ама поентата ми е зошто воопшто било кој сексуален орган, од било кој пол се користи во негативна конотација, и зошто за едниот некому пречи, а за другиот не? Нели е логично да пречи за двата или да не пречи за никој? Каква е оваа средина? :)

    Ако некој сака подобар свет каде што нема овакви навреди и асоцијации, тогаш не треба да се буни за вагината, додека пенисот не го вади од уста? Нели? :wasntme:
     
    На candy.cane, bicycle, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ку*от нема мускули:P
    Може малку да се придвижува со карличните мускули само.
    Може да речеш цврст како к*р

    Најдов нов комплимент за дм:rofl:
    Срце, убав си ко к*р:inlove:
     
    На piksooki, Srckata28, raww и 4 други им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.273
    Допаѓања:
    163.382
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol е од кога сунѓеро е силен? :D
     
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Другарка моја студираше медицина, спремаше некој испит и доаѓа ми вика: 'Не знам зашто викаат прост си ко кур. Мене ептен ми е сложен'. :D
     
    На fana, candy.cane, elvittta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Nefertiti.

    Nefertiti. Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    Кој сеуште не знае дека животните осеќаат и знаат буквално се иако не можат да зборуваат (а зборуваат на свој начин, ама не секој може и умее или па има желба да ги разбере), го жалам.
    Денес недела, ден кога моето куче е најсреќно.

    Си има нејзин кревет и со тек на годините прекина да ми скока во кревет да ме буди освен кога е недела.
    Станав да одам во вц накај 8, а тоа е време кога станувам секој работен ден и сабота за на работа, и потоа повторно пак си легнав. Нормално ја заденав кога станав бидејќи е мало превртено ѕверче, кое спие на грб со четири ноџиња во вис и секако дека не, не можам да ја одминам без да и го исчешкам мешко дебел.:)
    Накај 9, ете ја, насмеана буквално, со шепата ме задева по раката, пошто спијам со перници меѓу, позади, околу мене, не може баш убаво да допре до мене.:D

    А зошто? Зошто знае дека е недела.
    Дома сум цел ден.
    Наш ден, ден посветен на неа, на подолги прошетки од другите денови, играње во дворот преку ден и вечер и играње низ дома.
    Постара е, ја чувам од 2 месеци, навикната е многу да е само со мене, не се опушта со други.
    Кога сум на работа по 8 часа, 6 дена во неделата, не станува ни вода да се напие, само леже и спие, освен ако нема гужва во дворот па маж ми да и отворе да оде да си се олесне и да виде што е работата и одма пак во кревет. Не јаде додека не си дојдам, не си игра и не станува од нејзиниот кревет.

    Да не должам, поубава неделата не може да ми биде. И јас дома, време за мене, време за неа, ќе се најде и нешто за маж ми.:D

    Убав ден на сите и одморете си ја душата.
     
    На Peperutce1115, piksooki, darlingdragon и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.368
    Допаѓања:
    20.924
    Пол:
    Женски
    Фак ит бе, нема да сум тажна.
    Го положив најтешкиот испит (за мене) до сега. Заслужувам да си се израдувам на раат. :sun:
     
    На Peperutce1115, Purplelilac, piksooki и 20 други им се допаѓа ова.
  15. 5.11

    5.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    115
    Пол:
    Машки
    Мора да ја надминеме страста. Тоа бара доста напор затоа што претставува ремек дело на нашите емоции. Прекрасна хармонија на чувства. Треба да научиме да се сакаме без врзувања... и без временско ограничување.
     
    На Elf и злоба им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.107
    Допаѓања:
    155.777
    Правење зимница место психотерапија.
    Па мајка ти у детаљи ти објаснува... мислиш дека е најубавата ствар што некад ќе ти се деси. Како објаснува дека се вадат миљарда семчиња, дури спуки е колку спокојно...
    И завршува со, и све тоа средив, па теглите како сум си ги измила, па си ги наполнив, па згреав лук и масло, па во секоја - шшш-шшшш за мерак, па татко ти ги стегна теглите. Е после како сум ск легнала да си одморам, мачорот ми скокнал, си легнал и тој врз мене, јас крчам, он преде, сме се наспале.
    А на све ова дооолг увод, дооолг заплет...
    Женава.... е фантастична.
     
    На Harper, Idedemja, referentka и 7 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Многу е фрустрирачки кога ќе видиш дека кола без возач се движи риквец надолу и удира друга кола. А уште пофрустрирачки е кога возачот мува не го лази. Си дојде,си ја врати на место и си замина.
    А можеби другата оштетена кола е штотуку купена или полошо изнајмена и сега штета сноси возачот ни крив ни должен ниту пак бил на местото на настанот.
     
    На GrimTheReaper, edna_malecka и Bridget им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.107
    Допаѓања:
    155.777
    Мора некако да си го организирам животов така што ќе живеам во вечно лето, односно веќе од задутре да летнам на јужна хемисфера да дочекам пролет.
    Ова стемнувањево во 19ч стварно не ми се уклапа у концептот на постоење. Тек па у 16ч...
     
    На M.B., prominent, Nefertiti. и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    13.697
    Пол:
    Женски
    Не можеш да пишеш ливче кој ја удрил ? Регистрацијс, марка на кола и да му оставиш?
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.076
    Допаѓања:
    3.535
    Пол:
    Женски
    На некои луѓе им треба психичка помош, а не да објавуваат статуси по Фејсбук! :shake:
     
    На candy.cane и edna_malecka им се допаѓа ова.