Многу ми е криво што не отидовме на единствената екскурзија која требаше да ја имаме средно школо. Пред малку се разбудив од сон во кој одевме на екскурзија, беше премногу забавно и ми беше жал што се разбудив дури. Тоа ќе ми беше најверојатно највпечатливата недела од средно, и еден од хајлајтите на средно школо. Којзнае за колку повеќе спомени и искуства ќе бев побогата моментално да одевме. Fuck you, Корона.
Не знам зошто ама многу иритирачки ми е кога некој онака се смее со сета сила гласно како нешто да е кој знае колку смешно и директно после смеењето онака праи озбилна фаца као воопшто да не се смеел, најверојатно да биде во центарот на вниманието. Мене коа нешто ми е толку многу смешно обично ме држи тој филинг и после тоа, што знам.. Или во мене е проблемот
Залудно трошење на енергија е враќањето во минатото. Сепак, не можеме целосно да се одделиме од него, ние сме тоа што сме поради нашето минато и колку и да не сакаме, тие белези остануваат засекогаш.
Смешни се 'газдиве'. Ау па дур и во недела добивам порака за време на ручек,нешто не било со програмата во ред хахаха. Па јас да сум средела, жена му на газдата знае компјутери, па мене ме најдоа. Хахаха Ухуху
За ваквите Газди има решение,еј искочен сум ама за 1000 ден плус дневница,ке се вратам ке средам ,и одма добиваш одоговор,ааа еве се среди во ред е хахаха.
Јас па возев со точакот коЈзнај кога видов и гледам по пола саат сам си напишал, во ред е. Го добивте колата!
Не мислев дека ќе го кажам некогаш ова, ама 2Бона и Таско се како измислени, нереални за вакви квази пејачки.
Да, навистина. Не дека и они се некој квалитет или па може нешто поучно и културно да се научи од нив ама барем песните им се колку толку прифатливи. Леле неможам да си поверувам дека имало и полоши од нив. Инаку, девојчево било во Пинкови Ѕвездички, и таму фурала некој свој фазон и стил ала Ријана ама ова е навистина лошо.
Ми иде да си направам фејк машки профил само за да се зачленам на машки домаќински муабети. Барем ќе се смеам. Онаа наменета за жени секој пост е или продажба Тианде, Лимес, Фармаси или црковна литургија. Што задоволство имаат некои на секоја слика со икона да пишуваат ко навиени амин, амин, амин. Барем порано ќе се најдеше некоја со ултра глупаво прашање и пукаш сеир. Животот ми нема веќе смисла, се разочарав...
Ми доаѓа денес жена на работа, 50тина години. Сопругот и починал млад, сама работи две работи и има исшколувано 2 деца. Синот ќе го женела сега. Жена што работи 100/саат и е полна со емпатија, разбирање и почит. Дојде денес, заврши работа, ми кажа 2-3 муабети и си замина. Милион пати сум рекла, уште милион пати ќе повторам, нема поголем суперхерој од Жена.
Ама штета што девојчето има стварно убав глас вака сама се уништува, а може да биде многу подобро. Сакаат да се изделат од другите и да направат нешто уникатно ама грешат.