За еден месец ми е роденден. Ќе го славам со оние кои ќе се сетат на него без Фејсбук. Да видиме колку ве има, вистински.
Од резили на денот, се акнав со главата во клима онака рандом идејќи покрај зграда Ми се залепи нешто на патика и јас гледам ли гледам надоле да го тргнам, а одам напред и само трас во климата Едни од карши ме загледаа, јас дим да ме њама Додуша претходно вака од рампа се имам мавнато и од шипка што стрчеше од камион. Непишано правило е дека секогаш кога идејќи по улица ќе погледнеш надоле за кратко, во тој момент пред тебе се појавува рампа, сообраќаен знак, гранка од дрво, клима.
Мислам дека е грдо сега да го прифатам, ќе знае дека сум го барала.. ама и може да се вообрази, би почекала во живо да се запознаам
Го гледам светот и се чудам... Како нешто да оди во црна дупка. Луѓе се раселуваат на "подобрите" краишта, за работа, таму немало луѓе. Каде се луѓето "од таму"? Се произведува повеќе од било кога - пак гладни. Се работи повеќе од било кога - пак нема работа. Се информираме повеќе од било кога - ништо не знаеме од информациски смог. Каде одиме?! Што се случува?! Се додека поединци се третираат како богови, ова ќе е вака... засекогаш. И во микро и во макро средина... поединци ни ги кројат животите... некаде точно не знаат по име и презиме, а некаде сме само бројка...
СДП дали тоа „модата“ со две имиња од фејсбук се префрли и на форумов? Гледам во последно новиве никови се ИренаСтојан, МиркоДрагана, РужаПетре. Да не знаеш кој пишува. Па сеа почнаа и по три..
Предупредување! Сите кои се жалостиви на животни не паѓајте на апелите за помош за спас на некое животно! Проверувајте два пати! Поголемиот дел - лажат! Користат слики, а не поведуваат ред за животните, те само ги сликаат! Исто така заловени расни животни ги препродаваат.
Некогаш ми иде да избегам од сè и сите, не можам да поднесам толкав притисок. Ме прашавте некогаш мене како ми е? Не сте сами на светов.
Ги следам од далеку мои Гостиварци во групата на фб Стоп Русино. Најчесто млади деца, некои ги знам, повеќето не. Ги има од секоја етничка заедница и месец дена деноноќно ја имаат блокирано депонијата. Се менуваат во смени. Спијат на земја. Денеска протестираат пред општина против одлуката Русино да биде депонија и следните 10 години. Одбиваат да дишат отрови. Заслужија многу поголемо внимание од државата, од институциите, од новинарите. Да се бореа едни против други, сите ќе беа нацртани да земаат изјави, ама кога се борат заедно сите молчат. Така им одговара, тоа никому не дига рејтинг. Се борат заедно за чист воздух, оти депонијата не отру сите. Млади луѓе се активираат заедно, против канцерот на новиот век. Заслужија многу поголемо внимание!! Ќе речев сите политичари треба да се засрамат, ама не може да се засрами некој кој нема срам, нели? Се надеваам ќе ја истераат правдата до крај и минатиов месец нема да е само залудно спиење под отворено небо. Мој наклон до земја дечки.
@Yowannty првпат слушам од тебе за Стоп Русино!!! не гледам вести многу често ама пак следам, за ова немало..срамота!!!
Па тоа ми е муабетот. Јас ич не следам вести, ама периодов ме фати инат и само поради случајов отварав да видам. Ништо нема човече. А ги следам на страната. Самоиницијативно, надвор спијат пред депонија во смени цел месец и не пуштаат камионите да поминат, башка што им праќаат пораки со закани се им се јавно споделено. И молк од сите институции. Многу сум гневна. Денеска протестираат пред општина, валда тоа ќе биде пренесено. Ама и да е, ќе биде само пренесено, никој не им отстапи простор да ја раскажат нивната приказна. Срамота.
СДК дека се снабдив со доволно пакетчиња сладолед за цела зима. Минатата зима никаде не можев да најдам сладолед, ниту во прав за подготовка, ниту готов, вака ќе можам сама да си подготвам и не ќе треба како лани да чекам месеци за да пробам сладолед пак.
Поклон до земја за дечките . Стварно заслужуваат поголемо медиумско внимание . Дај боже да ја истераат нивната до крај и да се спасат од тие отрови . Жал ми е што сега доаѓа зима , ќе мора да ја прекинат , за да си го заштитат здравјето . Но и да ја прекинат сега , сигурна сум дека од пролет со полна пареа ќе продолжат .