Многу често проблеми како страв од луѓе, комуникација или генерално одбивност кон интеракција со другите од околината се ставаат под маската на интровертноста и како такви се оправдуваат и се поттикнуваат како нешто добро. Како да кажам, не е сѐ океј и треба некогаш малку да се размисли зошто се работите такви ко што се наместо да се пикнат под тепих.
Читам на фб Марк Зукенберг размислувал да ги повлече Фејсбук и Инстаграм на територијата на Европа. И одоздола 23564 коментари- Гасии; Конечно нешто паметно; Одамна требаше да се укинат и сл. Вие, драги коментирачи, од на Хи5 профили коментирате, или?
Многу сум среќна што имам фамилија прекрасна, секогаш ми се подршката за се и секогаш покрај мене ,не можам да дишам без нив , за мене фамилијата е нешто свето . И во добро и во лошо ,животот би го дала за нив . Без фамилијата сум ништо . Сдк2. Најмногу нешто што мразам е кога ми викаат луѓе многу сум разгалена а доста често го кажуваат тоа , зошто сум разгалена ? Што треба да ме камшикуваат да ме малтретираат да ме тераат да работам па така нема да сум разгалена или ?
Сакам да кажам дека сум добар пример за брат ми зошто најде +2 мачиња и ги донесе дома. Ги именувале со другар му Евгенија и Мартина оти биле женски. Денес му кажав дека Мартина е машко. Проблемот е, моите мачки не ги поднесват и ги бркат и ги неќат. Дали има шанси да се засакат? Никогаш сум немала ваков проблем, дури и дојденчињата биле прифатени зошто сите биле во период кога имав доилка и ги сакаше и не оставаше другите да ги бркат. Сега немам доилка. Сега буквално сите им грдат, ги тепат и ги бркат. А Евгенија е толку слатка, црна е со бел мустак. Совршена жена за Венко.
И јас од то се плашам. Особено зошто малите мои се диват, мачори се. Едно од мачињата е машко. Женското се осеќам ко да го неќат покрај него. Утре ќе им прам фотосесија дур се вдомат мора да се трпат ама криво ми е за женското, црно со бел мустак. Спротивно на Венко мој. #soulmates
А кај читаш? СДК постоеше интернет и пред фб. И постои интернет и право на коментирање без фб. Дури и во англосферата, за другите јазични групи да не праам муабет https://m.slashdot.org/story/376022
Брат ми и другар му се заслужни за ова. Дали по симпатии или бивши не знам. Додуша нема брат ми бивша со едно од тие имиња, ќе да е симпатија.
Го претпоставив и истото, иначе не би знаела од каде баш тоа име би му текнало. Штета што е мачорче, и тоа едно што се вика како мене не е судено да му остане името..
Во моја куќа не менваме даено име. Велика е исто машко, а именуван беше кога се роди и не им провервам пол одма зошто не е важен. Мачорот се вика Мартина.
Вчера после 200 години оставам слика во приказна и на сите им дошло известување дека Џоли прикачи факинг фотографија во приказна. Инаку не оставам слики, ниту се означувам, па сега Марк им пратил известување да ги потсети луѓето дека сум жива. Фала Марче за вниманието. Ја оставив сликата навечер, а сабајлево гледам дека доста луѓе ја виделе и некои во пораки ме прашуваат дали сум објавувала новост со сликата? Дали сме верени? Дали навистина сум трудна? Честитки, лајкови и срциња. Цела стојам со прашалници. Сликата е со дечко ми како стои зад мене и ме гушка, а ја сум настрана застаната и со споени раце го држам телефонот, ама од далеку изгледа како да се држам за стомак и некои помислиле дека сум бремена. Ако немам ни стомак, ни бутур....Па ај што помислиле ок, ама мора да ми пишат? После 100 год слика оставам, плус домаќинот ме гушнал, плус се држам за стомак...собрале 2+2 и сфатиле дека сум трудна. И така се сетив зошто не споделувам слики. Ни сингл кога бев, ни во врска. Јас па и да видам некоја е трудна не ја прашувам дур не потврди сама, а не ни стомак ми се познава, ни сме во брак, а ми пишуваат дали сум трудна. Зошто? Не знам дали постои нешто поодвратно и понекултурно од тоа да прашаш некоја дали е трудна. Малоумни. Еве ви игнор и манете ми се од глава.
Другарка моја пред неколку години беше така здебелена и имаше напред меше. Еден ден брат ѝ го шетала во парк, имаше 4 години он тогаш. Рандом жена ѝ пришла и ѝ рекла - браво девојко, гледам млада си, а веќе второ дете чекаш, ај честито Она не се ни објаснувала, само си продолжила пат.
Ни грам мозок немаат. Па така непознати кога ќе се мешаат... Да бев поправена или стомакот да ми се гледа ај ќе речев погрешиле, ама сега баш сум ослабната дека бев настината. Значи само заради позата така помислиле Ајде сега мене ми текнало да се држам за стомак и во приказна да објавам дека сум трудна Уствари не знам ни зошто толку ме изнервираа. Ептен одвратно.
Официјално си ветувам: Кога ми се случува нешто добро, повеќе нема да потрошам ни еден миг во загриженост и страв за иднината. Можеби вака, кога е напишано, ќе има поголем ефект.