Паркаши не се оние што изгледаат како да ќе заплачат од што сакаат да покажат колку се посебни?Со коси во милион бои и слично? А гасери не знам...
Сакам да кажам толку се звучни новите мачиња шо моите мора да мјаукат, инаку ептен тивки мачки имам генерално со чесни исклучоци. И преѓе излегвам и си зборам онака и им прам: „како сте бе?“ и само почнува да се слуша оркестар од мачки околу мене шо ми враќат.
И ми викате другарки имало? Знаеа дека ќе одам на болница со родителите и ми се јавува да ми кажи дека одела на работа, и дека послњ ќе одела на кафе. ' А, што прајш ти?' ' Еве на болница, чекаме' ' Леле заборавив дека ќе одиш со твоите' Ај стварно, а вчера праевме муабет. Не, фала од вакви. И па ме немало, сум се изгубила, е па ме нема... И то.
Паркаши ги имаш два типа: кул дечки што слушаат некоја алтренативна музика и се доста екстровертни и дружељубиви и ги имаш оние ископлексираните шо мора да се покажат дека се посебни и дека никој не е како нив, сами се дијагностицираат со депресија. А гасери се јала буба и бака прасе фанови, мушки со „најновите“ најк патики од патики.мк на инстаграм, педерка околу врат; најчести места за седење им се енџој, давидо, кактус...
Море чоек ни в парк да немој да седи. Ок. Не седам поќе в парк. Џизс. Са мора ново место за групно цртање да се бара.
Првпат и се надевам последен пат слушам, ама логично мислиш Еее децо, да вам каже баба Зора, у мое време имаше панкери, металци, рокери, кремчиња ииии онакви што слушаа Дарио Па мислете дека поише избор имате
Па да де, ама од тие што сум ги запознала поголемиот број се вметнуваат во описот кој го напишав. Членката под мене објаснила убаво
Еве и јас не знам што се гасери... Старомодна сум или веќе сум стара? ,,Во мое време'' беа актуелни панкери, металци, емо, кремци, шмизли итн.
Се каам малку дека реков дека не дејтам за време на корона. Јако ќе беше да скршам некој закон во животот.
Знам дечко и девојка со случајно исто презиме. Можат слободно да кажат дека се... фамилија ако ги фатат
Сигурни ли се тие дека не се фамилија? Македонија е ова, секој со секој е роднина, а никој не си ги знае роднините.
Се извинувам за ремет на расположение ама тукушто стигна вест од францпрес- иднината стигнала во Франција, се манифестира со напаѓање жени на улица затоа што носат сукњи. https://www.francebleu.fr/infos/fai...agressee-car-elle-portait-une-jupe-1600704504 Исто од иднината- никој од десетина очевидци на настанот не реагира.
Страшно... Кошмар ми е коа ќе слушнам дека ги силувале само зашто биле провокативно облечени. Ги силувале и пред сто години кога не смееле глуждови да покажат, ги силувале и вашите прабаби зашо знаеш носијата е мн секси, силуваат и деца, силуваат и жени од далечен исток што мрежичка имаат дури на очите. СТРАШНО!