Ама не силувани, физички нападнати. Не ќе се сквернават да силуваат такви едни...никакви...што носат сукњи и кратки пантолони Некоја модна инквизиција изгледа...
СДК уклучувањето на Тимс е една посебна приказна која започнува со поминување преку седум мориња и планини за да стигнеш до една скриена колиба во која ќе најдеш четири тревки кои ќе те одведат до шумата каде треба да го најдеш најраззеленетото дрво преку кое ќе следиш во која насока дува ветерот кој ќе те одведе до карпата на чиј врв се наоѓа клучот кој ја отвора портата на волшебниот онлајн свет каде треба да разговараш со професорот/ката кој/а го/ја чекаш дури и по 5 саати за да на крај да ти соопшти дека денес ќе има два состаноци, па вашиот план за консултација отпаѓа.
Многу добро те разбрав. Работата е што силните држави ќе го земат медот, па ако остане за другите арно, ако не-пак арно. Само ќе добиеш повеќе држави со неухранет народ. Европјаните и Американците, сигурно нема гладни да останат.
Ова случајот со Ромите никој не го прокоментира, али нема везе, знаеме кои се причините. Прво беше Нешковски кој за жал не е меѓу живите, сега некни двајцата. Апсолутно ми е исто дали е Ром, дали Македонец, дали маж или жена. На видеото тоа воопшто не изгледаше како некоја самоодбрана, идиотот буквално на земја го клоцаше човекот. А и токму полицаец треба да знае како да се однесува со цивил и кога се противи или е навооружан. Има лисици и тејзери. И по стоти пак ќе повторам - сум за казни за неносење маски. Ама колку построго станува, последно за носење маски на отворено толку повеќе слобода би си имале говеда да казнуваат и за глупости. Па и некој следен да го доживее истото Наводно луѓево некни биле тепани заради таа причина. На друго место прочитав и дека возеле пијани, не знам. Ама дали вака го тепаа директорчето кое го уби Гоце кај млечен? И куп други кои пострашни дела направиле.
Најубото нешто што го видов денес, беше радоста на една една женска дека ја примиле во Армија. Ит мејд мај деј. Не дека сум некоја закоравена феминистка, ама светов полека, но сигурно се менува за нас жените. Не е прв случај секако, ама сеуште не сме стигнати до степен да не е необично. Ќе стигниме и до таму.
Најсмешмно е кога дома пробуваат да спремат тивко изненадување за роденден, ама забораваат на фактот дека имаме 5 кучиња
Луѓето што ги игнорирам и луѓето што сум ги избришала од живите ги ставам во иста ќеса за ѓубре. За жал,овие првите уште мислат дека ќе го добијат моето внимание лесно. И капка од вино не се чисти така лесно
Малку е тажно кога се остварува некоја желба, која повеќе и не е желба. Тажно е кога животот носи задоцнета радост!
Се прашувам дали некогаш различни девојки пишуваат за иста личност. Поточно, дали една девојка што ги имала проблемите со тој и тој пред една година и тука барала совет, сега некоја друга поминува низ истото и таа првата ја советува од нејзино искуство. А уствари станува збор за ист човек. Не знам зошто и како ми падна ова на памет, ама ете.
Не ми се допаѓаат некои вакви мутави денови. Едвај чекам понеделник да ја решам збрката. Ептен ми е за никаде. Не знам дали е мала или голема ситница, ќе видам во понеделник. А сега паѓам во есенска депресија. Чао Се надевам ќе се навикнам за 2-3 дена на ладно, темно, дожд, ветер. Постов како и многуте останал неиспратен поради мојот лош интернет. Јас бев надвор го скршив мразот, храбра бев па и без чадор излегов на дождот и со палто што не се закопчува на студот. Ги завршив сите обврски и шетав. И така ја победив есенската депресија пред да ме победи таа. Не беше страшно и не беше тешко. Ве замолувам шетајте преку есен/ зима.
Моја "другарка" денес има роденден и не ме поканила. Значи секогаш кога ќе ѝ требаше помош за било што не ме оставаше на мира, а јас, будала, ѝ помагав. И ете, на ваков начин фала ми вели. Не секој ја заслужува вашата помош и добрина. Особено луѓе кои не ве ценат и единствена цел им е да ве искористат. Можеби ќе бидам лошата, но повеќе не помагам. Сами снајдете се како што знаете и умеете, и тие ситни и глупави работи сами да си ги средувате, не се правете неспособни
Во револт ќе разберам некој на кој му е нанесена штета, да искористи поган збор за тој што му ја нанел. Не сакам да е така, ама разбирам. Тоа што не можам да го разберам е "Да му се случи ова на најмилото", "Цела фамилија да му е завиена во црно", "На негова ќерка ова да се случи (силување најчесто)". А најтажно е што вакви работи кажуваат луѓе што не се ни директно врзани со настанот, па да речеш гневни се, истураат болка и нервоза. Баш сабајле лајкнав многу добар коментар, ама најдолу стигнав до реченица која беше слична на тие горе што ги спомнав. Не посакувам смрт никому, напротив на најзлобните суштества им посакувам да скапаат во затвор, ама кога би дошло до тоа сигурно нема да сакам на невини луѓе да им се случи нешто ради нивни родител, сопружник или дете.