Не знаете колку сум среќна денес. Пресреќна сум... Случајно влегов во една продавница, случајно најдов маица каква што ми требаше, случајно беше намалена до максимум и случајно го имаше само бројот што ми требаше(една беше). Премногу случајности за еден ден зар не? Ќе да е некоја местенка ова... Како и да е фала мамо што ме натера да излеземе.
Секогаш кога седам на тераса на зајдисонце, како сега, гледам во облаците и убавиот пејзаж, очекувам нешто спектакуларно да се случи. Мислам дека сите функционираме така, сите очекуваме секој момент од животот да ни биде филм. Малку ми е чистото уживање и убавиот поглед, па ми треба чаша виски, па ми требаат бадеми со него, па ми треба ситно ветренце, кое ќе дувка, ама нема да удира премногу студен бран, туку само ќе ми поминува низ коса колку да се осеќам како каубоец кој јава кон зајдисонце. Утре, на работа, кога неминовно ќе се соочам со некаква пречка во замислите и обврските, сама од себе ми доаѓа драмата, па ќе развикам некому зашто проблемот сам по себе ми налага да го претворам во потешкотија од епски размери. Па ќе се извинувам, зашто животот не е драма и луѓето околу мене не се платени актери, туку живи суштества со уште поживи чувства и главни ролји во сопствените филмови. Ех, а само седнав да се напијам една чаша во последниве мигови од денот.
Нема подобро чувство, кога крајот од денот ќе го поминеш со ладно нес на тараса. Имајте пријатна вечер.
Тоа што во државава инструментална музика по дифолт се смета за сериозна музика ака таговна макар била и ода на радоста, многу зборува кои сме и какви сме како нација. Срамно! Ама битно за барок знаеме све. Не знаеме? Како тоа мислите ништо не знаеме?
Апел да се заклучи темата Фемина Инстаграм или да се банираат членовите што постираат таму! Тоа не е фер и негативно влијае врз здравјето на сите членови на форумот и врз оние кои се трудат да останат на диета меѓутоа со вакви теми тоа е невозможно.
100% силиконски усни одма! Крем против целулит со 100% искоренување на истиот! Трајно и безболно отстранување на влакна без посета на салон за убавина! Губење на 10кг за само една недела! Па дури и лекови за болни од рак и лечење на неплодност! Мислам сериозно?! Ме иритираат вакви бомбастични и сензационални наслови и производи со вртоглави цени! Си поигруваат со човечки чувства, болки и фрустрации! Се прашувам што е следно? Се прашувам каков бомбастичен наслов ќе прочитам утре?
Потресена од вчерашната сообраќајка, после долго време имам потреба да се испразнам со неколку реченици тука. Многугумина ме осудија поради мојата реакција која ни малку не беше сочуствена и многу рамнодушна од друга страна. Се прашувам каде згрешив со мојот заклучок и став кон сите тие кои завршуваат со истиот крај? Пијан бил, возел и удрил во друго возило со над 150 km/h. Ги остави неговите за цел живот завиени во црно, себично и своеглаво. И јас треба сега да кажам "ах, каква судбина го снајде"?? Сите сакаме да се напиеме по чашка/две. Кој не сака да седне со друштво и да си помине топ, така? Ама сите ли сакаме да седнеме зад волан и да експериментираме со сопствениот живот, како да ги имаме 9 на лагер? Јас не сакам. Себично е да си го правам "кејфот" додека за миг можам да умрам. Себично е моите да ги оставам бесни и лути на мене зошто на 30-ет години јас сум се однесувала како да имам 15. Не ретко самите сме си автори на својата судбина. И тоа свесно После Петко ни е крив зошто сме згрешиле, зошто најлесно е кога се има дежурен виновник за се. Не жалам такви кои не размислуваат пред се за нив, кои се себични и кога станува збор за нивниот живот, а камо ли за другите; кои единствената битна работа им е да пијат и да возат како луди, а притоа да земат и други жртви во случај на сообраќајка... Ги жалам тие што останале после него, кои нема да видат бел ден поради неговиот луд начин на живот. Инаку добра сум, ете чекам да дојде денот за да отидам на одмор. Убава вечер
Светот би бил добро место за живеење,кога луѓето ќе сфатат дека тоа што го величаат од тоа треба да се срамат,а тоа од што се срамат треба да го величаат. Секојдневно слушам муабети од типот,имал бавча,имал ваков автомобил,вака се облекувал и триста чуда. И според некои нивни истражувања ,да бе тие од тоа би се срамеле. Жити се? А не се срамите што на секој чекор лажете,ја вртите приказната како вам ви одговара,штом го напуштите друштвото кроите заговор на тој/таа. Не се срамите од дволичност,озборување,понижување,љубомора. Не се срамите од вистинското јас. Ќе дојде ден, ќе ви го лупне некој во фаца долгот до Бога и назад.
Лето ? А каде е,какво е ..... Останатиот муабет сите го знаат .Каде на одмор,од кога, со кого ... ,пекол надвор не се диши ,жив човек нема низ градов и останати узречици на типичен Македонец .Цела година планирања мечтаења и договарања за на крајот се да биде само муабет .Хејтање за цените во Охрид и НЕчистите базени ...... Одмор е убава промена од секојдневниот ритам и шаблон на живот со мали задоволства на релаксација.Некои едноставно одморот го сметаат како обврска ,па се сведува на УМОР Небитно каде,битно со кого .Небитно колку ,битно е како ке помине .... Уживање што нетреба да им се препушти на другите да ти го земат безмилосно
Спојлер Денес бев сама, а не бев осамена. Останав дома, бидејки баба ми ми кажа вечер во цела Македонија невреме ќе имало и јас и' поверував Еб*те, невремето еб*те Прекрасна вечер беше. Ставив слушалките и сама го исшетав цело маало. Си ја одморив главата. Пак се договорив со анѓелчето, дека повеќе нема да ми биде непријатно од тоа што сум Да научам да се сакам себе си. Воопшто не се почувствував осамена. Потоа ми текна да поминам од игралиштето каде прв пат седевме со мојот. Беше тогаш 2ри Август. Некако, нозете ме тераа што побрзо да отидам таму. Со надеж дека пак ќе го видам. Овој пат игралиштето беше празно и осамено, а тогаш беше полно, се играше кошарка. Овој пат отидов сама, а тогаш бев со другарка ми. Тогаш имав многу долга коса, а сега прилично пократка. Седнав сама на истото место, а тогаш тој седеше до мене, а меѓу нас имаше столпче затоа што мене ме беше срам да седам до него Едвај ме натераа да му се доближам А другар му од позади вика „За ѕвездите бе, за ѕвездите збори и'', е сум се тркалала од смеење на тоа Погледнав во небото, овој пат немаше ѕвезди само облаци. Се сеќавам, му имам пишано Just promise me you'll think of me every time you look up in the sky and see a star (дел од песната Space bound) и да, ми вети. Сега на небото немаше ѕвезди, можеби затоа не помислил на мене Тогаш нешто се скрши во мене, се почувствував осамена. Ми фали и ме нервира тоа што ме заборава од време на време. Важно се сеќавам на се, на секој детал од таа вечер. Лугето се менуваат, ама спомените не, засекогаш остануваат и се паметат.
колку сум само среќна во библиотека ја најдов книгата што ја барав долгооо време и никаде неможев да ја најдам си шетам по полиците и само загледав еден дел за музика и за бендови книги кога појдов што да видам си се израдував и стоев тука пола саат сите книги се превртев си зедов денес 2 големи да ги прочитам , сега почесто ќе одам таму.. не ми се враќаат книгите верувајте сакам да си ги посвојам си ја сакам библиотеката бе уште неможам да се соземам од среќа за книгите заминав јас да читам , бидете поздравени
Драго ми е кога ќе видам дека се уште има луѓе човечни, кои знаат да почитуваат, ценат, се културни, ги имаат вистинските вредности, мило ми е ептен, ми ја исполнува душата.Можеби не се многу, но сепак ги има.
Колку само ме радуваат позитивни и насмеани луѓе, тоа чудо едно. Ги знаете моментите со оние луѓе, кога не е важно што зборите, важно е дека се смеете? Онака што и да кажете, слатко ќе си се насмеете. Дури повеќе не ни знаете зошто имате насмевка од шестка до шестка (јеби га, никако да и' текне на 8цата да ми израсне, па да се пофалам дека ми дошол умот ). Да ве прашаат зошто конкретно се смеете, не знаете. Кога едноставно ќе си „кликнете“. Кога не му ја мислите што да кажете, туку само трескате што прво ви дојде на памет. Еееее! Такви луѓе сакам! Сакам луѓе што знаат да си направат шала на своја сметка, на крај краева и мене да ме изреметат, а не веднаш да се смуртат ко да пробале скиснат јогурт. И по не знам кој пат ќе кажам, ова горе + пиво = совршена комбинација. Чао. Пријатно!
Не можам бе луѓе без мобилен, како гола се осеќам без него. Кај ги направија уште модерниве картички да не можеш во друг телефон што ти е на располагање да ја ставиш, ццццц. Само да ми го направат за еден ден како што ветија, се нервирам! Ајт добра ноќ, не можам више.
Врие од скачки, врие! Требаше да скокнам, да замислам како вода да има околку мене. Значи не дека ми е страв, туку многу се гнасни и никакви бе. Веќе не излевам од дома, не излевам.
Оној момент кога се будиш пред алармот погледнуваш дека имаш уште време за спиење ама нее....Стануваш и се спремаш пиеш кафе за да бидеш свеж и си ги почнуваш обврските... Инаку сакав да кажам периодите во животот се враќаат.... Сватив дека после пубертетот ти ги правиш пак оние работи како кога си бил дете. Кога бев мала си седев дома со мајками , најмногу ме радуваше кога идам во село кај баба и кај дедо , но во пубертето јас не сакав 5 минути да бидам дома , а одењето на село беше само досадување несакав ни да чујам...А сега ??? Јас пак сакам што повекече време да си поминам со мајками , да отидам на село кај баба и дедо... Чудно е ова промена на годините многу...Како модата што се менува и се враќа се враќаат и годините...
Дали јас не сум приметила досега или сега почнаа луѓево да редат секој ден слики и да се тагнуваат од одмор? До мојата листа на пријатели ли е или навистина луѓето стануваат се позависни од социјалните мрежи? Еден пар така правеа цел одмор, си викам ај до нив е, други отидоа на меден месец ејј па редеа слики и се тагнуваа секој ден. Еве го денеска пристигна уште едниот пар на долгоочекуваното патување како што напишале. Добро, не би да осудувам, ама за кого го правите тоа, за што?? Јас кога ќе отидам некаде со дечко ми, сакам да го уживам и искористам секој момент и се ми е малку со него, ми лета како за миг, а не па потребата да се чекирам да ми е поголема од потребата да уживам со дечко ми. Еднаш си отишол на одмор, нема да се повтори тоа една година, зашто губиш време постирајќи слики? Блиските и онака знаат кај си, неблиските ќе го видат твојот албум од 300 слики кога ќе се вратиш де. Крај краева, само вие сте биле во Грчка или Сутоморе? Ако гледаме така јас од какви места сум можела да се тагнувам, па не сум. Не патам од тоа.
Почнав да ја обожавам песната ''Врне врне'' Ахх само нека потрае дождов да здивнеме барем два три дена од жешкото време Се разбудив насмеана и добро одморена,расположена и размуабетена,па нека е на арно само Денеска решив да им посветам внимание на моите дома додека мама и тато се на работа ќе им готвам ручек па ќе им ја поставам масата сервирана и ќе заминам пред тие да се вратат дома Знам како ќе им изгледа лицето кога ќе го видат сетоа тоа Сестра ми заминува на одмор па ќе и помогнам за да се среди,спакува и да гледа да не заборави нешто дома Убаво се чуствувам кога си помагаме една со друга се советуваме и разговараме со саати за небитни работи Прочитав убава мисла па ќе ја споделам со вас ''Секогаш најдете време за работите кои ве прават да се чуствувате среќни во животот што го живеете.'' Имајте сите убав ден,смејте се и уживајте